Интересни дебати, јас би се вклучил со апел да нема делби на рекреативци и натпреварувачи затоа што и едните и другите во дадена ситуација се во една или друга улога, нема потреба од делби. Проблемите се за сите исти.
Рибниот фонд го го кастрат како криминалците така и непоштените рибари (ловење во мрест, зимање на прекумерен улов, земање на мали единки). Здруженијата/концесионерите се такви какви што се, добар дел од нив ги водат непособни луѓе и тоа е тоа, другите кои ги водат некои понормални се соочуваат со ненормални факти на терен борба со рибокрадци, тепачки, судови, нефункционални институции, нефункционална полиција, локални шерифи, фаќање врски, рибари кои не сакаат да платат дозволи и не е баш лесно да се функционира во ваква калакурница.
Комплексни се проблемите, сепак треба да се нудат и БАРААТ решенија пред се од институциите. Тука јас ја гледам улогата на МРФ, да се закачи како болва и од институциите да бара решенија, подобрувања, менувања на закони и сл, притоа да се користи настојчивост, притисок, па и протести, кога може секој да протестира за се и сешто може и МРФ да ги повика здруженија на некаков протест, ама за да дојдеш до протест коректно е прво да бараш решение на некој проблем, да понудиш решение, па ако евентуално државата не ти прифаќа да протестираш.
Инаку темата е приход и расход, мислам дека добра е идејата да се издвојат одредени средства за еден адвокат кој ќе помага дополнително во гонењето на криминалците, пред се за потешките и долгогодишни штетници на одредени води и пред се во случаи каде здруженијата/концесионерите имаат добри докази и извесно е дека судската постапка ќе заврши негативно за рибокрадецот (тој ги сносува и вкупните трошоци на крај). Ако МРФ има ангажирано екстра адвокат за оваа намена во извесна смисла ќе се намали можноста за притисок врз локалното здружение/концесионер кој го фатиле криминалецот. Ова го зборувам од причина што криминалците во доста случаи се некои манги, или луѓе кои не им сече многу, или имаат добар “грб“ и знаат да се закануваат по концесионерот, по чуварот и сл, а токму од концесионерот и чуварот зависат доказите и постапката на суд. Ако притисокот е успешен често концесионерот нема да гони, или нема да ја истера битката до крај и исходот е ослободителна, или условна, или смешна казничка за криминалецот. Доколку пак има екстра адвокат кој се вклучува во гонењето на вакви криминалци, тогаш тој сваќа дека не си има работа само со локалниот чувар или концесионерот каде полесно е да се заканува, туку дека цела Македонска Риболовна Федерација и нејзин адвокат стојат во неговото гонење. Во таква битка уверен сум дека многумина ќе си ја добијат заслужената казна.
|