Eve i ovde ke go zakacam clen 93 da se vidi sto se e zabraneto so Zakon.
Член 93
(Забрани)
Во риболовните води е забрането:
стопанисување со рибите за кои нема изработено риболовна основа,
стопанисување, доколку не е добиено одобрение на годишниот план,
стопанисување, спротивно на риболовна основа и годишниот план,
ловење риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој утврден во риболовната основа,
ловење риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов,
ловење риби под одредена големина и над дозволена количина утврдена во риболовната основа,
ловење риби со разни видови мрежи без дозвола за стопански риболов, или со други риболовни средства забранети за вршење риболов, како и со огнено оружје, експлозиви или хемиски и други средства со кои се повредуваат, убиваат, трујат или зашеметуваат рибите,
електрориболов,
ловење на риби со насилно закачување на рибата со риболовен прибор
ловење риби со ости, подводни пушки, непосредно со раце, трокуки, како и со мрежичка на трска, а за рекреативен риболов,
загадување на риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми,
ловење риби со преградување, исцрпување и пренасочување на риболовната вода,
порибување со нови видови риби без претходна согласност на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,
ловење риби во променет режим и квалитет на водите,
ловење на ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води,
ловење риба над предвиденото количество со риболовната основа, и годишниот план,
движење или задржување во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства и
движење или задржувањe на лица во непосредна близина на риболовните води со носење риболовен прибор, а не поседуваат дозвола за рекреативен риболов.
Krajno vreme e barem nie da pocneme da gi pocituvame barem Zakonite ako sakame da imame barem minimalni uslovi za ribolov vo ovaa nasa Drzava _________________
|