РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am МислењаCOLON684
Повеќе од половина година пауза во спининг риболовот. Што заради лични причини, што заради зимата(иако годишното време и не е никакво оправдание, нели?), и ете, се случи една убава дружба, повторно. На покана од Давор - leunovo, а знаејќи дека Petrakki веќе е во Маврово, се договоривме да искористиме еден ден од неделата во еден од најубавите национални паркови, поточно Мавровското езеро. Краток договор околу времето на поаѓање и долга непроспиена ноќ, се разбира, пред риболов е секогаш така. Цела вечер ми помина во средување на опремата, трските, мамците, кутии, бришење на пајажината што се насобрала за сето време кога не сум ја користел. Си склопив една кутија со мамци и една резерва, со оние што мислев дека нема да бидат ловни , си ги премотав плетениците, подвезите, си ги проверив трските (одлучив да ловам со Savage Gear MPP Soft Lure 8’3” 251cm), а исто така сакав да тестирам некои воблери со Savage Gear Parabellum CC UL 6’3” 190cm 0-5g, па и таа ја земав. Во договореното време излегов на зборното место, а Давор веќе е таму со колата. Се поздравивме, опремата во кола и тргнавме.
- Спиеше малку, одмори?
- Околу три часа, дремнав.
- И јас толку.
Спремни сме, правец - Мавровско езеро!
По пат разговори, една кратка кафе-пауза на бензинска станица и речиси сме на излез од Гостивар кон Маврово. Додека разговаравме со Давор, си ги извадив личните документи да ги проверам и шок! Сум заборавил речиси се, и лична карта и возачка, а најбитно и легитимацијата! Веднаш се јавив кај брат ми, ако ништо друго, да ми ја слика легитимацијата и да ми ја прати сликата, па ако успеам некако и да извадам дозвола. Поминаа 5 минути, и се сетив! Во ранец ми се документите! Добро е, се е наместо, а ние сме речиси пред Маврово.
Мугра, влегуваме во националниот парк додека се разденува пополека, воздухот е чист и остар, а нивото на езерото е на минимум. Извадив дозвола и продолживме да се најдеме со Пеце. Се поздравивме и кон езерото!
Се сместивме на 15-ина метри еден од друг, почнавме да ги монтираме трските, да ги вадиме мамците и повторно шок!Место кутијата што си ја спремив сум земал друга кутија со мамци! Тие што мислев дека ќе бидат добитни останаа дома, а резервната кутија со мамци не ми беше прв избор. Но, тоа е што е, ќе се снаоѓаме. Почнавме да фрламе, не помина еден час и удар кај Давор, трската свиткана, десетина секунди и цап, се откачи! Најверојатно беше пастрмка, рече Давор, а и едната трокрака е исправена. Ништо, одиме понатаму. По кратко време, удар кај Пеце! Беше малку поодалечен од нас, шеташе по брегот да се стопли и бам! Трска свтикана и за кратко рибата е во кепчето! Клен! Ентузијазмот и андреналинот се веќе во горните опасни граници, па по извесно време повторно удар кај Petrakki и за кратко уште еден клен е во кепчето.
Се радуваме сите и продолжуваме. Во меѓувреме се допишуваме со колегите , се смееме, и во оваа прилика би ја поздравил групата Бели Црви. Одиме понатаму!
Давор ми зајми една кашика и почнав да си играм со неа, зафрли, пушти ја да падне на дно, па повлечи, два-три ситни twich-а, па пак пушти ја и така во некој искршен ритам кога одеднаш, бам, удар! Трската се свитка и почнаа ударите! Кленот обично по неколку удари откако е закачен, престаува да се бори, но ова континуирано удира, извлекува конец! За кратко време Давор е кај мене со кепчето, а рибата е веќе на површина, пастрмка! И тоа убава! Два-три маневри и рибата е во кеп! Верувајте, додека ја пишувам репортажава се уште ме удира андреналинот, ова ми е втор пат да фатам риба на Маврово, последниот пат кога бев на риболов, бев на Маврово и тогаш фатив два клена од кои едниот ми избега од чуварка. А сега, ете, езерото ме дарува со преубава пастрмка.
Да не ги оставев цигарите, ќе запалев една. Кратка фото-сесија и се враќаме на риболовот. Не помина долго, кога повторно кај Пеце удар, ама каков! Трската свиткана и додека трчајќи кон него да помогнам за вадење на рибата, видов дека е огромна пастрмка! Давор снимаше, па еве го и видеото со специјални поздрави до некои од нашите драги колеги и другари.
Капитална пастрмка од 70 см и 6,4 килограми(мерени со кепчето заедно)! Прв пат гледам толкава пастрмка во живо, вистински капитален примерок! На екстазата и немаше крај! Задолжителна фото-сесија за таква убавица во рацете на Пеце - Petrakki е привилегија. Откако малку се смиривме со емоциите , Пеце реши дека тоа е крај на неговиот риболовен ден, не поздрави со насмевка на лицето и покана за кафе пауза. Останавме со Давор уште некое време, а потоа одлучивме дека е време за пауза.Го посетивме Пеце, кратка кафе пауза и играта може да продолжи.
Второто полувреме сменивме и локација, но не ни се допадна водата, па се вративме на првата локација.
Продолживме да ловиме таму каде што застанавме со Давор. Времето одминуваше, а удар немаше. Инаку, имав доста кинења на мамците. Теренот е таков, најверојатно има доста подводни карпи, но огромна благодарност до Давор кој несебично подели мамци со мене. Еден од тие, една кашика, беше добитната за уште едно изненадување. Водејќи го мамецот од самото дно па нагоре со некој свој искршен ритам, twich,стоп,неколку секунди пауза, па пак неколку twich-а и така натаму, на половина пат до мене, удар! Брза контра и game on! По давањето отпор претпоставив дека е пастрмка и за кратко се уверив во тоа! Давор дојде со кепчето и за кратко втората моја пастрмка е во моите раце спремна за фото-сесија. Луда работа!
Мавровска убавица од 1,8 килограми и 60 сантиметри. Иако првата беше измерена 2,2 килограми, изгледаше помала од втората. Но, вагата не лаже иако е Априлили. По кратко време, престанав да ловам, доста ми беше. Езерото ме даруваше со две прекрасни пастрмки, не ми се веруваше, едноставно, среќа! Се погодија некои коцки и ете, се смилува езерото да фатам две риби. Продолжив да го гледам Давор како лови, кој вети, ако фати риба, ќе ја пушти макар била и пастрмка од 10 килограми! И за кратко, бам, удар кај Давор и еден клен е веќе спремен за сликање и пуштање!
Со тој улов, решивме дека е крај на оваа наша кратка, но слатка риболовна авантура, се видовме со Пеце, едно кафе/чај и преморени се вративме назад за Скопје со прекрасни спомени од убавото Маврово и Мавровско езеро. Бистро до следната авантура!
П.С. За да го оправдам малку насловот, еве ја точната тежина на капиталната пастрмка, 5,4 килограми мерени заедно со кепчето.
_________________ I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.
Odlicna reportaza Sinook
Super den na Mavrovsko ezero so tri pastrmki izvadeni
Ova me potseti na vremeto pred dvaesetina i poveke godini koga na Mavrovsko vakvite ulovi bea skoro sekojdnevni
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 9 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум