Езерото е познато како Бучинско Езеро, бидејќи е многу блиску до Бучинци. Одкога се направи новиот пат преку Ајватовци (позади Бунарџик) е многу блиску.
Езерото држи најмногу караш, обама, некоја ситна бела риба, сунчица (не во толкава изобилство како во Смилковци), некој костреж, а локалците се колнат дека навечер со ваделе крапови од по 2-3 кила. Ова ми смрди на чиста дезинформација, бидејќи многу пати сум бил таму, а освен покрупен караш не сум видел нешто такво да се извади.
Иначе локацијата е многу убава, езерото се пуни од планинска река, а сега на пролет коа ќе почнат да се топат снеговите, езерото прелива во канал и фрла многу ситна риба, цигани со мрежички, завеси или раце вадат вреќи ситна риба.
Пред некоја година имало некој заинтересиран да го земе езерото под концесија, ама езерото изгледа е во надлежност на Водовод, така да некако не испаднале работите. Локацијата му е навистина добра, околу езерото све се ниви, со некоја инвестиција би можело да се направи навистина туристичко место слично на Гиновци. А на 20-тина километри од Скопје, размислете што би можело тоа да биде.
А инаку езерото порано било пооооолно со риба ама локалните селани со мрежи си ги полнеле фрижидерите дома така да сега работата е дојдена речиси на мртво езеро. _________________ Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд
|