Јунаците на мака се познаваат, така било и така и ќе биде. Заради несебичната помош пружена во невоља ( и тоа не директно кон мене, туку кон мои "пријатели" - со кои никогаш повеќе никаде нема да одам), јавно да се заблагодарам на niko во мое и во нивно име за помошта пружена на пат. Несебично помогна, а тоа денес е реткост. Затоа, големо БЛАГОДАРАМ ДРУГАР, едвај чекам пак да се видиме,но во поубави услови и со смеење!
Оваа твоја случка ме потсеќа на мојата и моите да ги наречам „пријатели“со прст не мрднаа кога останав дефект со колата во Грција,на -1 степен, 8 саата да чекаш на пат а во исто време моите „пријатели“знаејќи дека си дефект мирно да си ловат риба,другиот пријател 6 км пешачеше до кај нас со полна опрема а овие „пријатели“од другата страна му рекле само оти сме дефект и си продолжиле да си пецкат,мува не ги лазело, за пото да измислат разни приказни зошто не дошле да ни помогнат.Мислам дека глумците ако го прочитат овој пост ќе се препознаат па си велам да им се заблогадарам и да даде господ и на нив тоа да им се случи.Благодарам на вниманието!