www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 1:29 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 3:21 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Дојде крајот од годинешниот одмор за кој беше резервирана една убава сесија. Денови имаше, желба секако, дилема беше каде да се оди, но преовлада љубовта која се роди изминатите години и која сеуште е силна – Беровско езеро.
[ img ]

А таму секоја година во едно свое куќарче по неколку месеци си престојува мојот пријател - мајстор Драгче и си одмара душа дружејќи се со ова езеро и рибите во него, претежно клен, јагула, костреж. Сепак, веќе неколку години он не беше излегол на вистинска повеќедневна крапска сесија покрај езеро, од основна причина што веќе не е млад како прч и како на времето кога сам седел да го чека крапот. Токму затоа ова беше вистинска можност и за него да се наоштри и испроба со неговиот стар познаник крапот беровски.

Убаво и натенане се спремивме, имавме 5 дена и 4 ноќи, времето врнежливо, едвај некако се дочепавме до езерото бидејќи земјениот пат е катастрофа со многу камења, дупки, вода, на двапати заглавував во кал и сменив боја на колата, ама нема везе, кога те води адреналинот се друго е споредна работа. Се спуштивме некако на езеро и поради намалениот водостој одбравме локација на која ретко кој, ако не и никој претходно не кампувал, затоа што и нема место да се постави камп. Сепак местото дозволуваше пласирање кон двата залива на беровско езеро и решив таму да се лоцираме. Во карпи, најдовме едно гз место колку да се стават работите и да се покријат сотенда и почнавме со сондирање, маркирање и прихрана. И додека сето тоа го направивме не стемни и ни заврна и првата вечер скоро и да не зафрливме трски. Но затоа пак следеа неколку денови во прекрасната природа, езеро пред тебе, а секаде наоколу, пред тебе, зад тебе, лево и десно, шума од борови и елки, за воздухот неможе да се опише, треба да се доживее.

Еве дел од таа атмосфера


Уште првиот ден одкако убаво се наместивме и закрмивме, во попладневните часови добивме удар. Крапот ја запали шпулната на една од трските на Драгче, кој иначе фаќа на трски целосно негова изработка и без сигнализатори, род поди и сл.модерни работи. Стар систем ама стариот лисец си го владее и познава од А до Ш. И покрај дивоста и големината на крапот, успешно го скроти и крап од околу 8.5 кила беше во кеп. Кога го извадивме направивме грешка што не го сликавме, ниту него, ниту другите, ама за тоа подоле.

Ударот беше одличен знак, затоа што езерото е доста променливо и специфично, имало ситуации и во цела кампања да нема удари, или ретко да има удар, посебно во последниот период од кога езерото константно варира и се испушта вода од него.

Продолживме да работиме и да уживаме во природата. Првично работевме на база од пченка, шеќерац, коноп и месо - бојла , а од кога го добивме првиот удар се префрливме целосно и само на бојла. Од време на време ќе не извадеше од памет по некој клен, а вечерта вториот ден веќе го имавме и вториот крап, овој пат кај мене излезе крап од околу 7 кила.

Кога го немаше крапот, на сцена стапуваше кленот. Имаше кленови од 500 грама, па и над 1.500. Беровско држи навистина убави парчиња клен.

Кога имаше затишје,имаше надмудрување во шах.
[ img ]
За издвојување е еден интересен момент. Бидејќи носев и спин опрема, а кленот беше активен на два-три пати лево и десно во заливите по половина час пробував на стемнување и на разденување да добијам удар, но залудно. Тоа посебно ме нервираше, затоа што и во претходни доаѓања тука сум фрлал со варки и не сум добил удар и не само јас и други фрлале без успех, а знам дека има доста клен, има и пастрмка и костреж. Посебно се нафурав кога видов колкави кленови удираат на бојла, а уште повеќе кога Драгче и Гоце-претседателот на риболовното здружение од Берово ми го пуштија моабетот дека годинава се извадиле и капитални примероци на костреж во езерото од 1.8 до 2 кила. Искрено за толкав костреж не поверував дека постои некаде во Македонија, но луѓето ги виделе овие кострежи и не би ме лажеле сигурно. Ова беше уште едно големо изненадување од Беровско езеро. Нафуран од ваквото присуство на грабливци, едно попладне сакав да се испробам на кратко во сред пладне и бидејќи немаше активност од крапот, го оставив Драгче со моабетот “Ќе одам на кратко до крајот на заливон, ти викај ако има нешто“. Таман отидов до крај на заливот, некој 200-300 метри од кампот и почнав да фрлам, како да наслушнав како некој да вика, ама некако како ехо и од другата страна на планината. Бидејќи таму поминуваа некои дрвари, си викам ваљда се они, ваљда не удрил крап само што заминав и си продолжив да фрлам. После кратко пак како некој да вика. Хммм, се наслушнав подобро, низ ехо, ама како да ми се стори дека Драгче вика. Ебати марфиев закон си викам, запалив мотор во газот и трчанката по обалата, скокнав едно 5-6 елки паднати и со паднат јазик стигам до кампот и ја гледам оваа слика.
[ img ]

Удрило кај мене, Драгче се дерел ама во контра од правецот кај што бев јас, ехото од планините си го направи своето, чоекот видел не видел земал сам да го вади и кај сам, па и без кепче го извадил (он не поштуе многу кепчиња) и ете ме мене стигнувам на крајот на борбата,....а стариот лисец победил и го држи крапот како заспано бебе. Секоја чест и памет за друг пат....кога си дошол на крап...седи чекај крап и не мрдај.

Инаку за сите љубители на грабливки, јас би рекол дека мора да се иде 2-3 дена повеќе луѓе да му се најде чарето на ова езеро. Дека има огромни пастрмки, дека има големи кленови и дека има кострежи до 2 кила, тоа е одличен предизвик, но јас повеќе пати кога сум бил сум фрлал варки, освен едно кострежче мало што излажав, ништо друго, ама пак никогаш не сум идел целно само за спин. Најмногу ме нервира што кленот е присутен, зима на тапа, на дно, а на варка тешко се лаже, ама има нешто, ќе му се најде чаре, само треба посебна спин сесија за тоа.

Во текот на деновите и ноќите на трските имаше повремени удари на клен и по некој удар на крап. Снимајќи успеав и тука да фатам удар во живо, само штета што не беше крап, но не беше ни клен, беше уште едно беровско изненадување. Капитална црвеноперка - Мушкадан, цирка 500-600 грама.



Имаше и капитални кленови.

[ img ]
[ img ]

Извадивме уште неколку крапа, но за жал или беше ноќ, или имаше плеткање на трски, а и Драгче не се разбира многу во техника, снимање , камери и апарати, па некако остававме на крај да се сликаме, посебно со краповите, што се покажа како грешка. Имено, тоа е и за мене едно ново школо,краповите беа се над 4-5 кила и со такви крапови, посебно со крапот дивјак, можеш да се сликаш во раце само одкога ќе го совладаш на трска и кога е до некаде уморен и тогаш со потешкотии. Ние пробавме тоа да го направиме на крај од сесијата, т.е пробавме да извадиме крап од сак (а имавме само 2 сака) и да се сликаме во раце покрај водата и да пробаме да сликнеме/снимиме пуштање, за тие што ги пуштивме. Мало морген. Краповите како што беа одморени седејќи во сакови, кога пробувавме нешто да направиме подивуваа, тука беше и Гоце кој ни помагаше околу собирањето, тројца го држат крапот и неможат да го додржат, мава шамари со опашката на сите страни, мускулна маса како човек да прета, а не риба, во борба со него го осетив и неговото тајно оружје, клинот, т.е ножот на горната и долната перка, тоа е вистински нож со огромни запци, кој кај поголемите крапови е страшно нешто. (сликава е од нет, инаку крапот мене што ме расече имаше поголем клин и со повеќе запци кои што нејќеш да те запафта)
[ img ]
Мене ме поткачи и ме раскрвари на дланката. Ни Драгче како стар лисец не се снаоѓаше најдобро. Еден од краповите што требаше да го пуштиме во борбата со нас, да го извадиме од сак, сликнеме и пуштиме, најпрво ни падна, па се скапа претајќи о до толку се оштети што стана безпредметно враќањето назад. Наша, т.е моја грешка беше и што немав мат, а местото беше каменесто, се што се работеше во близина на водата беше околу камења и навистина тој момент со сликање од убав се претвори во нервозен, пеколен и крвав, еден крап се оштети доста, он крвавеше, јас крвавев, еден друг се заплетка со клинот во сакот и несакајќи да го сечеме сакот 15 минути го отплеткувавме, лигави во рацете и нервозни што не успеавме да сликнеме, баталивме камери, неколку од краповите и помалите кленови без малтретирање и сликање успеавме да го вратиме назад, а дел отиде курбан. За жал Драгче демек снимаше пуштања со камерчето, дома кога дојдов гледам ништо не снимил, само овие две слики се Гоце што не сликал.
[ img ]
[ img ]

Подоцна кога се подсмиривме, собравме за идење и погоре во планината успеавме и да направиме некоја фотка.
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Се на се супер помин во секогаш прекрасниот беровски предел, овој пат езерото не награди и со некоја риба повеќе од претходни идења, но не и со поголем и покапитален крап над 10, за тоа ќе почекаме во некоја следна прилика. До тогаш поздрав и бистро !
[ img ]

П.С На враќање беровски компир, козја урда и најубави црвени и жолти патлиџани .....м.м.м.м.м ....оваа моја чудесна земја


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 3:24 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
So eden zbor ..UBAVINA.. :~~

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 3:47 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Убавини :lepi:
Не дочитав , ке читам дома на раат, значи пак ништо на воблер?

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 3:55 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Bravo be Crven. I so mladi i so stari te biva.
So Goce sigurno ne ti bilo dosadno. Sampion covek. :ok_ok:

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 4:01 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
VladoMKD НапишиCOLON
Убавини :lepi:
Не дочитав , ке читам дома на раат, значи пак ништо на воблер?
Чудесии Владо, не знаеа одговор да ми дадат што е како е, но ми потврдија Гоце и Драгче дека предизвик е кленот да ти удри на варка, а удира на друго. Ја до сега на 3 идења сум му фрлал, ти оној пат кога бевме се истури фрлајќи не сме закачиле клен. Му фрлав на куп бои, во сите слоеви на вода, на разденување, на стемнето и во сред пладне, на разни воблери, блинкери, кашики, цикади....пак ништо.....ама еден ден целно кога ќе отидам ќе му се најде чаре,,....а за кострежот од 2 кила обавезно треба накај браната да се бара тоа е посебна приказна ако успее да се фати.....исто како и пастрмката


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 4:07 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
ubava reportaza crven,ubavi ribi i prekrasna priroda.sum go podzaboravil ezerovo,eden den i jas ke go posetam

_________________
...?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 4:09 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Za pastrmka razbrav deka se pojavuva nekade vo oktomvri- noemvri ( koga e vo zabrana) po zalivite vo plitkoto.inace jas dobro pominav so klenot na musicka koga bev posleden pat. A ne uspeav d fatam niti eden kostrez. Ezerovo e izmisleno za lov so kajak ili camec na musica ili spin. Koga ke videv nekoj na troling ocite mi se prevrtuvaa.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 4:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
Boris ste imale odlicen provod...ti lezi ova Berovsko ezero :D

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 5:48 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 15, 2012 11:28 am
МислењаCOLON2075
ЛокацијаCOLONKumanovo
Preubavo brat, super druzba, ubavi ripki u eden zbor TOP :thumbs_up: :thumbs_up:

_________________
BISTRO

Vremeto tamu mi e dragoceno za da si go gubam izigruvajci deka sum Stevo Karapandza

Alliance Carp Team

Предупреден


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ахх тоа Беровско
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 26, 2014 5:52 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Odlicno so pominal :lepi: Nikogas ne sum bil na ezerovo, bi sakal da go posetam , najveke poradu ubavinata za koja mnogumina pisuvaat.

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 17 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum