РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Минатиот викенд со Јулио решивме да го посетиме езерцето во с. Шум, Струга и таму да ги испробаме нашите мушичарски квалитети.
Целата приказна почна откако Јулио ја купи мушичарката од Филип.
Прва дестинација што ни падна на памет беше токму Шум од причина што има многу риби, има чист простор за вежбање на зафрлувања, а и како почетници да имаме гарантиран улов со што би ја осетиле дражта што ја пружа мушичарењето.
Така падна договор во неделата после пладне да одиме на тоа езерце и да се испробаме.
Само што стигнавме таму ни се расипа времето. Почна да дува силен ветар и се потемна небото како да ќе истура дожд. Прво малку се повртевме околу езерото и со тажни лица чекавме да се поправи времето, а потоа откако малку се смири ветрот решивме да започнеме со риболовот.
Еве некоја слика од ова прекрасно езерце:
Ова беше кога стигнавме, многу ветар и никакви услови за риболов
А половина час покасно веќе се создадоа идеални услови за риболов и езерцето изгледаше вака:
Јулио веднаш врза сува мушичка и риболовот почна.
Не сакаше сува мушичка, па Јулио реши да проба со една нимфа која што многу наликуваше на гамарусите што ги има во изобилство во езерцето. Само што зафрли и :
Почнаа да се редат удари речиси на секое зафрлување.
Еве едно видео како Јулио мушичари, секоја критика или совет е добродојден, нели ова ни е прв час по мушичарење
Имавме само една мушичарка, па се менувавме повремено. Откако јас ја превзедов трската и откако уловив неколку риби, се случи беља . Ми избега ловната нимфа . Јас фрлав и фрлав, па после некое време гледам ја нема мушичката . Јулио одма врза некоја друга што многу личеше на првата. Но оваа личеше на првата за нас, а пастрмката не мислеше така . Повеќе од два часа немавме удар на риба, менувавме суви мушици, нимфи, стримери и не сакаше ништо. На крај погодивме еден стример кој повремено ќе го нападнеше некоја пастрмка, ама не беше ни приближно успешен како нимфата што јас ја скинав на некоја од канделабрите околу езерото. Што е за право скоро на секоја канделабра оставив по една мушичка
Еве едно видео од мојата лекција по мушичарење. Се надевам дека за мене ќе нема критики, нели ова ми е прв час по мушичарење и очекувам само пофалби
Пред стемнување Јулио реши да ловиме на сува мушица. Тоа беше полн погодок. Многу точна проценка направи човекот, ги виде мушиците кои летаа на површината од водата, а пастрмката ги напаѓаше и одличи да стави една верна имитација на една мушичка со бели крила која ја имаше во изобилство над езерцето во тој дел од денот.
Е тоа беше вистинско уживање. Сува мушичка лебди над водата .... позади неа се крева водата ... се појавува грбната перка од пастрмката ..... полека ја провлекуваш мушичката по површината ..... и удар
Одлично поминат риболовен ден. Научени првите лекции по мушичарење. Останува сега и јас да купам една мушичарка и да го дружам Јулио на повеќе води, па нели така побрзо ќе ја совладаме оваа техника и сигурно ќе имаме повеќе вакви слики со поголеми пастрмки
Е овде Јулио ме караше, не се држел со уста шнурот, требало само трската, вака не било по правила
Бистро до следната репортажа.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
Abe stoti fali po Drimot za skobali iklenovi.
Lani stana krapcija ,godinava musicar .
Uste da kazes deka si i riboloven sudija.
Vo sekoj slucaj cestito neka tie.
Sekako od tebe ce gledame dobri reportazi.
Ептен мераци сте направиле на езерцево, прекрасно
Мене не ми личите како почетници со трсчево, Емил малку треба да поработи
за подобар уметнички дојам ама нека коментираат подобро мушичариве за стилот.
Се зезаат бе Тафта, сликата со Rod in mouth е популарна меѓу мушичарите.
Еве најдов една интересна
РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Така било модерно, гледал Емил на странски форуми
Мило ми е што сте си направиле мерак. И не брзајте толку кога зафрлате, оставете шнурот позади да се подисправи, премногу напор вложувате, после зглобовите ќе ве болат (Јулио треба да ја движи надлактицата, не зглобот над шаката)
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Зоки, лани ја осетив дражта на крапскиот риболов благодарение на Јане, сега малку ќе мушичарам со Јулио .... ама Црн Дрим со скобалите и кленовите ми се во срцето и таа љубов нема да ја менувам.
Тафта, тоа со трската во уста било мушичарска поза како што напиша и Владо, па и ние како искусни мушичари направивме по некоја таква слика
Филип, мислам дека како за почеток и плус без искусен мушичар со нас да ни покажи некои цаки сепак сме добри, барем не се врзавме со шнјурот
Инаку јас кога сега се гледам на видеава сваќам дека многу уплашено мафтам со стапот, требало многу по смирено. Плус со левата рака воопшто не работам, само го држам шнјурот наместо да потегнувам.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
Shum izgleda odlicen za pocetnici, ima dovolno riba i dovolno prostor za zafrlanje. Bas mi e drago sto ste ja osetile magijata na musicarenjeto.
Zafrlanjeto ke vi se podobruva so tekot na vremeto , samo malku nervi. Moj sovet bi bil da ne brkas dolzini nego poveke fokus na pravilno zafrlanje, dolzinite ke si dojdat sami po sebe.
Na youtube imas eden kup instruktori, ja bi ti go preporacal Mel Krieger. Negovite prezentacii se mnogu jasni i razbirlivi i so mnogu ljubov prema toa sto go pravi.
Vo sekoj slucaj prv pat fakate musicarka i ste uspeale riba da fatite, kejf
Eve ti edno video od covekot, drugite ke gi najdes.
Mel Krieger
_________________
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 12 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум