www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 1:52 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Порибување на Црн Дрим 01.12.2013 година
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 3:08 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Работата на концесионерите е еден циклус на активности и обврски кои се повторуваат секоја година. Секој концесионер, во зависност од условите што владеат на водата што ја концесионира, си има еден редослед на нештата за секој временски период пооделно.

ЗРСК Пастрмка - Струга како концесионер на „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ годината ја започнува со чување на рибите во Црн Дрим и притоките, најмногу се внимава на пастрмката која е во период на мрест, потоа од почетокот на март па се до ноември покрај заштитата како активност од огромно значење се додава и активноста за наплатата на дозволи и собирањето финансиски средства за работа, за на крајот од годината како круна на целата работа да дојде и порибувањето.

Порибувањето јас секогаш велам дека претставува празник на душата за секој човек кој што имал можност да го практикува. Не верувам дека има човек на кој нема да му се појави топлина во срцето кога присуствува или придонесува за порибување, а кога веќе се појавуваат чувства при самиот чин, како поинаку да го наречам тоа освен празник на душата.

Оваа година ЗРСК Пастрмка - Струга порибувањето го спроведе во два наврати. Првото порибување се спроведе на Вевчанска Река на 20.11.2013 година, за што веќе има информација :arrow: http://www.ribar.com.mk/index.php?optio ... 5-11-37-52 , а второто порибување се изврши на 01.12.2013 година и тоа на три различни локации на река Црн Дрим и уште на една локација на река Сатеска.

Уште на самиот почеток морам да нагласам дека ова порибување беше спроведено со голема помош и во соработка со ЗРСРК Рибар 2011 од Скопје. ЗРСРК Рибар 2011 беш вклучен во оваа акција како во финансискиот дел, така и во самиот чин на порибување. Во оваа прилика од името на Управниот Одбор на ЗРСК Пастрмка - Струга, како и од сите наши членови, сакам да изразам голема благодарност за ЗРСРК Рибар 2011, за довербата што ни ја дадоа и за помошта што ни ја пружија во остварување на нашите обврски и активности.

Целата акција за порибување започна утрото во 9 часот. Дел од нас заминаа во с. Шум, Струшко, каде што се наоѓа мрестилиштето од УКИМ Институт за сточарство - Скопје од каде беше обезбеден порибителен матерјал за ова порибување. Тоа место не знам како да го наречам поинаку освен „царството на пастрмките“. Прекрасна природа, премногу вода, премногу пастрмки...
Во околината на мрестилиштето има езерце полно со пастрмки, а од езерцето излегуваат канали кои исто така се преполни со пастрмки ... а зошто да пишувам кога постојат фотографии ;)
Еве го езерцето:

[ img ]

[ img ]

[ img ]

... еве ги и каналите полни со пастрмки:

[ img ]

[ img ]

... а и Лепи со својата камера го овековечи местото :arrow:



После кратката прошетка во околината на мрестилиштето мораше да се фатиме за работа. Тука беше Боро, одговорниот во мрестилиштето, кој внимателно ни го достави порибителниот матерјал

Ова е матично јато од пастрмките:
[ img ]

Еве го Боро со пастрмчињата кои беа пуштени во Црн Дрим
[ img ]

[ img ]

Овде внимателно рибите се носат во кола.
[ img ]

Првата локација каде што се изврши порибувањето беше центарот на Струга, самиот почеток на реката Црн Дрим, местото каде од Охридско Езеро се излива Црн Дрим, веднаш до Мостот на Поезијата. Ова е култно место за Струга, најпрепознатливата локација на Струга, па од тука заслужува да добие нови жители, прекрасни пастрмчиња. Овде се пуштија поситни пастрмки се со цел да не се доведеме во ситуација некои од риболовците кои цела зима овде ловат плашици да паднат во искушение и да стават во чуварка некоја од нив. Поситни пастрмчиња за да секој риболовец што случајно ќе улови некоја, без размислување да ја врати назад, иако мислам дека од честите промени на водостојот во тој дел сите пастрмчиња ќе заминат долу по реката, кај с. Враништа и с. Ложани.
Еве некои фотографии од атмосферата и порибувањето на таа локација:
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Првите пастрмчиња што запливаа во Црн Дрим од ова порибување ги пушти Спиро
[ img ]

А после него сите по малку, колку да го осетиме чувството, колку да го загрееме срцето, да си направиме празник секој за себе, секој со своите чувства ...
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Откако се заврши со порибувањето на оваа локација, сите заедно заминавме на втората локација, на самиот излез од Струга во правец на с. Враништа.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Третата локација каде што се пориби беше во атарот на селото Враништа

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Со оваа локација го завршивме порибувањето на река Црн Дрим, па се упативме кон Сатеска за и таа река да ја збогатиме со нови жители

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Целото порибување беше снимено и под вода од страна на Лепи.
Видеото што го спреми Лепи е вистинско уживање, вистински мелем за душата.
Уживајте:


Лепи снимаше под вода, а Спиро над вода.


Целото порибување беше медиумски покриено. Медиумската покриеност на вакви настани е многу важна од причина што во вакви ситуации се испраќа порака до риболовците, до сите граѓани, дека некој се грижи за рибите, дека некој вложува труд и средства за да ја подобри сликата во риболовните ревири. Медиумската покриеност на вакви настани е многу важна за да се промени свеста на граѓаните, да почнат луѓето да размислуваат малку поинаку, да почнат да се грижат за природата, за водите, за рибите. Голема придобивка за сите нас е доколку до наредна година се појават уште 2-3 риболовци кои ќе посакаат да учествуваат во чинот на порибување, до кои ќе допре возбудата и среќата што зрачи од лицата на сите учесници во ова порибување. Мое мислење е дека секој оној што ќе го почувствува задоволството, секој што ќе почувствува возбудата, секој што ќе ја свати пораката - тоа ќе го натера да размислува поинаку, ќе го натера да размисли малку подлабоко и да навлезе во суштината на овој чин.
Еве што пренесоа медиумите:


После завршување со порибувањето целата екипа се упати во прекрасниот Манастир св. Спас во село Мороишта, кој се наоѓа во непосредна близина на реката Сатеска.
[ img ]

Во конаците на Манастирот беше организиран коктел и дружба помеѓу учесниците на ова порибување. Дружбата се одвиваше во опуштена атмосфера каде што после одлично завршената работа се разменија многу идеи, се отворија многу теми, се создадоа нови пријателства, па зарем тоа не е една од целите на нашето здружување?
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

На крајот од дружбата беа доделени неколку благодарници на луѓето, односно правните лица, кои во изминатиов период помогнале во работењето на ЗРСК Пастрмка, помогнале во остварувањето на нашите цели и задачи, помогнале за збогатувањето на рибниот фонд во нашиот риболовен ревир и за заштита на истиот.

Благодарница беше доделена за ЗРСРК Рибар 2011 од Скопје за континуираната соработка со ЗРСК Пастрмка- Струга, за финансиското учество во ова порибување кое слободно можам да кажам дека беше заеднички организирано и изведено. Благодарница доби ЗРСРК Рибар 2011 за несебичната помош што нас, како концесионери, ни ја пружи во изминативе две години, помош која многу ни значи за полесно да ги оствариме нашите цели и задачи. ЗРСРК Рибар 2011 исто така во голема мера преку својот медиум, сајтот и форумот, допринесуваат за подобрување на состојбите во риболовот низ целата Република, но исто така и во нашиот риболовен ревир.

Благодарница доби и УКИМ Институт за сточарство - Скопје, институција која веќе многу години наназад, а посебно во изминативе 5-6 години, многу допринела за збогатување на нашиот риболовен ревир со пастрмката. Институција која несебично знае да помогне во секоја ситуација со стручен совет или со порибителен матерјал.

Македонската риболовна федерација доби благодарница за огромната помош што ја добиваме како концесионери при остварувањето на Законските обврски, но и за техничката помош што ја добиваме при порибувањето или при извршувањето на нашите задачи. Оваа благодарница ќе биде доставена во МРФ затоа што за жал немаше кој да ја прими од причина што на истиот ден починал почитуваниот чичко Бојко Николовски, најстариот риболовец и најстариот член на МРФ, па одговорните лица во МРФ беа да му оддадат заслужена почит.

ЗЗ Охридска риба од Струга, односно Пепи - концесионерот на акумулација Шпиље, доби благодарница за континуираната и повеќегодишна техничка помош што ја добива ЗРСК Пастрмка - Струга за остварување на обврските, ова најмногу е изразено при порибувањата, каде Пепи несебично финансиски или технички учествува во сите порибувања на Црн Дрим во изминатите неколку години.

Благодарница беше доделена за Јован Бојчовски - Државен инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата, човекот кој дефинитивно е најзаслужен за брзото и ефикасно престројување на ЗРСК Пастрмка - Струга кон новиот Закон за рибарство и аквакултура. Јован е човекот на кој можевме и можиме да се наслониме во секое време кога ни треба некаков совет или помош при остварување на обврските. Јован е човекот кој е најзаслужен за фактот што речиси ниту еден предмен во судска постапка не завршил во полза на прекршителите. Јован е човекот кој многу често е на терен рамо до рамо со нашиот рибочувар и секогаш кога бил повикан излегол во пресрет. На сите ни е јасно дека секое порибување е излишно доколку нема заштита за рибите. Во нашиов случај Јован е човекот кој е столб на заштитата на рибите во нашиот риболовен ревир.

РА-ЛИ Продукција, односно Радован Димитриески доби благодарница за повеќегодишното медиумско покривање на сите активности од ЗРСК Пастрмка - Струга. Како што напоменав претходно во текстот, медиумите се многу важни за нас затоа што на тој начин се испраќа порака до граѓаните, до риболовците, а со таа порака се влијае на нивната свест, на нивното сваќање и гледиште кон нашите активности. Радован со своите многубројни емисии дал огромен допринос за подобрување на состојбите во рибарството, како во целата Република, така и во нашиот риболовен ревир.

Многу изнапишав, но верувајте, уште пет пати по толку да напишам нема да можам да ви доловам какво е чувството кога си дел од некое порибување доколку тоа не сте го почувствувале. Затоа на сите кои никогаш не биле вклучени во некое порибување ќе ги замолам, не мора повеќе, само еднаш бидете дел од порибување, бидете дел од организација, дадете некој допринос во целата акција, финансирајте дел од подмладокот .... осетете го чувството ... верувајте, за мене е поголема возбудата кога сум дел од некое порибување отколку кога сум искористил некој добар риболовен викенд и сум уловил многу риби.
Им посакувам на пастрмчињата да пораснат и да остават свој подмладок во Црн Дрим, така ќе го дуплираме ефектот, а вам ви најавувам дека Радован подготвува одлична емисија од ова порибување, па додека чекаме можеме да купиме некој производ од лицитацијата viewforum.php?f=160 со што дирекно ќе допринесеме за идната година да имаме повеќе „празници за душата“.
Бистро колеги.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 5:08 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
:~~
Одлично Емил, секоја чест за порибувањето и се што следувало со него и браво за убавата репортажа!
Газиме напред! :~~ :lepi:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 5:10 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Emil mozam da kazam edno golemo bravo i za poribuvanjto i za revirot i vie kako konsecioneri.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 7:47 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
BRAVO EMIL,
BRAVO PASTRMKA - STRUGA

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 8:24 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Sekoja cest za akcijata

sum zaboravil kolku e ubav drimot vo zima :thumbs_up: :thumbs_up:

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 8:32 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Одлично изведено :bravo: ,а уште поубаво скоцкано во репортажата :NotWorthy:
Пример како треба еден концесионер да се однесува со ревирот кој го земал под концесија :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 8:49 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maр 07, 2011 11:21 pm
МислењаCOLON1581
Ubavini i poribuvanjeto i drim :lepi:

_________________
koj si znae ke si vadi
sto e tvoe ke si dojde
sjashi kurto da uzjase murto


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 8:58 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Супер презентација Емил :lepi: Ми се насолзија очите кога го читав делот за Јован :cray:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 8:59 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Primer koj treba da go sledat i ..DRUGITE.. :~~ :~~

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 04, 2013 9:32 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Едно големо Браво за Емил и за Пастрамка. На овој начин треба да се постапува и да се изнаоѓаат нови помагатели-спонзори како уште повеќе би се збогатувал рибниот фонд.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum