Незнам колку сте запознаени со оваа техника на риболов, но со сигурност можам да ви кажам дека приушта големо задоволство како од рибарски аспект така и од нуркачки аспект.
Риболовот со харпун е прогласен за нај еколошки риболов.
Како основна работа во овој вид на риболов се смета физичката и психичката подготвеност на риболовецот а и многу голема улога игра и квалитетот на опремата која што се користи.
Со сигурност можам да кажам дека, ако некој од луѓето кој што ќе се обидат да го практикуваат овој вид на риболов ќе набијат доста нервоза во себе од чиста причина што овој риболов бара сериозен тренинг, и првиот улов ќе треба малце да го почекате и да поработите на него ...
под сериозен тренинг се подразбира:
1. Тренинг за контрола на дишењето ( не е дозволено користење на додатни апаратури за дишење - боци ) значи само задршка на воздух во плуќа
2. Тренинг за декомпресија ( една од најбитните работи, ако не се научи/истренира како што треба, си играте со животот, во превод доаѓа до обични крварења )
3. Тренинг за приближување / ловење на риба
* на чек
* здогледување и пукање
* ловење во плитки води до 20м длабочина
* ловење во длабоки отворени води над 20м длабочина
Заради сета оваа МОРАЛНА подготовка, пред да се одлучите да го практикувате овој риболов, се смета како екстремен спорт и мора сериозно да се сватат сите опасности сериозно, а верувајте ѓи има во изобилство
ОПРЕМА:
Опремата игра голема улога во овој риболов и затоа кога се купува нешто не треба да се штеди, затоа што има ситуации во кои што животот ти е ослонет на опремата и во такви ситуации нема место за грешка, а поради тоа целофкупната опрема е доста скапа и се состои од:
1. Маска
2. Пераи
3. Одело за нуркање ( по можност камуфлажно )
4. Ракавици
5. Пушка / Харпун ( по можност машинка / орша за харпунот )
6. Каиш за тегови и тегови
7. Батерија / сијалица
8. Нож
9. Маркер за бродови,чамци...
10. Чуварка за улов
_________________
ZSRRK "VARDAR"
Кој си знае, си вади риба и преку манила.
Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site !