www.ribar.com.mk
https://ribar.com.mk/forum/

Оштетен ценовник
https://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=99&t=5729
Страна 34

АвторCOLON  Boris [Вто Феб 17, 2015 4:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

Филип НапишиCOLON
sasokone, немаат исплатливост репроцентриве да одгледуват лињак и други врсти на риби, не им се доходовни, не за џабе не се ставени во риболовните основи
Ако во риболовниве основи не се форсираат само крапот и пастрмката и се наведат и другите риби како потребни за порибување, тогаш сигурен сум дека дел од репроцентрите ќе репродуцираат дел од овие риби. Ако во рибникот има 5 низи во кои мрести риба (во моментот пастрмка) зошто една да не ослободи за мрестење на мрена на пример, кога веќе 5-10 концесионери на реки сакаат да порибуваат со мрена.

Од друга страна концесионерите по барањата на риболовците ќе може да се ориентираат и да одлучуваат што ќе порибуваат, покрај крапот и пастрмката сигурен сум дека во многу случаи ќе се определат и за мрена, клен, лињак, кркушка, попадика, амур, сом, штука....

АвторCOLON  spiro_jas [Вто Феб 17, 2015 5:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

реалната состоба
- пола и повеке концесионери имаат неписмени или неуки чувари што не разликуваат карас од крап и црвеноперка од попадика.
голем дел од рибочуварите се сведоци на излов на маломерни и прекумерни количини на риба и тука премижуваат за да скинат некоја банка од дневните дозволи или годишните

и сега со ценовникот им се дава варијанта да казнуваат и да рефондираат штета на сметка на здр/концесионер

што ке се случува на терен
- или ке се стави ред --- ама ке треба да се лишат од парите од дозволите (што нема да му е во прилог на нити еден концесионер)
- или ке биде пазарење --- покрај дневната уште некоја банка за мижење (нема да трае долго и брзо ке се пробие таквата политика за приходи)
- оној кој ке биде казнет -- другиот пат тој ке приајави неправилности од концеионерите и работата нивна(инспекторатот тука ке мора да реагира )

значи според ова погоре -- што и ке се случува, релано нема да му одговара на нити еден концесионер, така да спремете се за вгодина да имамаме уште поскапи дозволи и евентуално концесионери кои ке ја работат правилно работатата на една рака да ги изброиме

АвторCOLON  PERUN [Вто Феб 17, 2015 8:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

hmmm odlicno,vreme bese ova da ze usvoi,se nadevam deka site dobro ke bidat zapoznaeni so ova

АвторCOLON  Duxce [Вто Феб 17, 2015 9:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

Се случуваат промени и се обидуваат да се променат некои работи, ке видиме како ке оди ова со овааа работа ,али конечно испадна во преспрет на концесионерите и овој ценовник :~~ :~~

АвторCOLON  Bobi_Brada [Вто Феб 17, 2015 10:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

Во секој случај подобар е билокакон одколку НИКАКОВ правилник.

А како ке се споредува, е тоа е прашање.

Јас колку сватив ова е правилник за рибарите (оние вистинските и рибокрадците).
За уловена риба. Поштено и непоштено. За злосторство кон природата мислам дека
постојат некои други правилници и закони. Ако пак грешам и не постојат тогаш
треба под итно да се донесат и тоа треба да се ДРАКОНСКИ

АвторCOLON  Spaiva [Вто Феб 17, 2015 11:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

Го поздравувам ова, секако е една мерка за зачувување на рибниот фонд во иднина т.е на тоа што останало.
Сепак, истово треба да се спроведе...се надевам на нajдоброто.

АвторCOLON  emil.matoski [Вто Феб 17, 2015 11:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

Moram i jas da go pozdravam donesuvanjeto na ovoj osteten cenovnik.
Spored mene ima eden kup nedostatoci i mani, no neka profunkcionira vakov kakov sto e, a so tek na vreme sigurno ke pretrpuva izmeni spored iskustvoto od praksata. Pa i ribolovnite osnovi do sega se menuvaa poveke pati tamu kade sto trebase, taka i ovoj cenovnik sigurno ke se menuva.
Edno golemo bravo za konecno sto se resi ovoj problem, a izmenite ke gi donese samata praksa.

АвторCOLON  Vladimir Bitola [Сре Феб 18, 2015 12:18 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

Зошто карасот фигурира во ценовникот? Нели за него нема никакви забрани ни по должини ни висини ни тежини? Да не е некој пропуст? Ако се мисли на златен карас тогаш и тоа не е во ред бидејќи подолу веќе има цена за загрозени видови....

АвторCOLON  emil.matoski [Сре Феб 18, 2015 12:21 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

Karasot e dozvolen vo site mozni kolicini i golemini, no ne e dozvolen da se lovi so mreza. Ostetniot cenovnik predviduva i osteta za karas dokolku nekoj go lovi so mreza, dinamit ...

АвторCOLON  bato [Сре Феб 18, 2015 11:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Оштетен ценовник

Може не е место тука, но ќе прашам.
Во риболовната основа, на пример за дојранско, за рекреативен риболов е дозволено 2 примероци крап, но: Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за рекреативните зони 1 и 2 на Дојранско Езеро е вкупно до 3 кг.

Што се случува ако во еден ден уловиш само еден крап од 4 кг?
Реално, рибата не е маломерна, но е потешка од максималниот дневен улов.
Не смее да се зема таа риба? Ако ти ја најдат во чуварка ќе кркаш казна од 600ден?

Страна 34 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/