www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

КРАПСКА ДРУЖБА РИБАР 2011 - БИСТРИЦА 04-06. 05. 2018
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=97&t=6933
Страна 1313

АвторCOLON  marks [Пет Maј 11, 2018 8:25 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ДРУЖБА РИБАР 2011 - БИСТРИЦА 04-06. 05. 2018

Прекрасна вода со солиден рибен фонд. Секоја позиција има простор поштено да одработи и да биде во пласман. Релативно средна дистанца на оддалеченост од МК и Скопје што е прифатливо и во прилог на атрактивноста. Ревирот е ОК.
Организацијата максимална во рамките на околностите и доколку се средат работите со судии, боксови и редовно мерење и известување добиваме оптимални услови за натпревар.
Овој куп стартува како меморијален во чест на Томе Прчковски. Прерасна во интернационален и во организациска смисла со побарувања кои поединец не може да си ги дозволи. Рибар 2011 може и мора подобро. Најдобронамерно. Горенаведените работи за средување не се нерешливи. Напротив.
Што се однесува до Крки, Кременадла, Зверот, Чупле, Кики - секоја чест за напорот и придонесот сето ова да ги задржи карактеристиките на натпревар. Карактеристиките на ДРУЖЕЊЕ овозможуваат и оставаат простор за тоа што се направи. Сепак, за поуспешно и подобро пожелно е да се најдат судии, а дечкиве раат да си пецкаат.
Појдов со цел да уживам со убави луѓе. Во потполност ја остваривме целта. Ниту еден инцидент, ниту некој сериозен приговор. Релаксирано до близу 100 кгр. улов. Лепота. Тоа што 6 екипи се во рамките на 10 кгр разлика е супер интересно и неизвесно. Не тера на заклучок дека секоја риба, секое откачување, секој момент од натпреварот е важен и влијае на резултатот.
Со еден збор, за мене, ова беше најдобро од Рибар 2011 до сега.
Честитки и благодарност до сите "актери".

Страна 1313 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/