www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

КРАПСКА ЛИГА 2017
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=97&t=6543
Страна 143

АвторCOLON  Spaiva [Пет Ное 25, 2016 11:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  КРАПСКА ЛИГА 2017

Добро е да се истакнат новите планови, да се дава предлози, да се дикустира, да се прибираат идеи и мислења.

Дали...

- ќе зборуваме за води
- судии, котизација и правилник
- дали ќе се зборува колку кола по колку часа
- дали ќе се оди 2 кола на Зиг-Риг
- кастинг пред лига (поени за сите кој ја префрлат границата 140)
- кастинг после лига (елиминаторен систем)

Добро е капитенот или член од натпреварувачка на МРФ со нивни планови и мислења да учествуваат во оваа дискусија се со цел да почнеме позитивна атмосфера.

Малку порано, но во старт им посакувам бистро на сите учесници во КРАПСКА ЛИГА 2017.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пон Ное 28, 2016 10:57 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Мислам дека треба да престанеме да зборуваме ...
МРФ да излезе навремено со план и програма за Лига 2017 , убаво објаснета и образложена .
На кој му се допаѓа нека повели , на кој не ...тоа е тоа .
Нека ја осмислат убаво натпреварувачка комисија + сега имаат помош од Сергеј како селектор .
Нека ја осмислат и нека ја презентираат за да можат сите заинтересирани да се преиспитаат и направат план дали ке учествуваат . Време е и лигата да се свати серизно .

АвторCOLON  Spaiva [Пон Ное 28, 2016 11:56 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Види вака...

Обично пред нова година комисијата за натпревари во МРФ има состаноци на оваа тема и се испраќаат до сите здруженија барања за измена и дополна на правилниците.
Исто така се праќа известување до сите здруженија каде од истите треба да се добијат мислења за нивните предлози за секоја дисциплина.

За крап во случајов секогаш се праќале предлози за води во сите 3 кола како и датуми за истите за да риболовните здруженија пратат забелешки и дополнителни предлози.
Како за предлогот, така и за правилниците во секоја дисциплина.

Лигата не е приватен куп!

Мотото - Ако ти одговара ок, ако не пак ок....никаде нема да не однесе!

АвторCOLON  Dimitar [Пон Ное 28, 2016 12:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Spaiva НапишиCOLON
Лигата не е приватен куп!

Мотото - Ако ти одговара ок, ако не пак ок....никаде нема да не однесе!
:ok_ok: :NotWorthy:

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пон Ное 28, 2016 1:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Spaiva НапишиCOLON
Види вака...

Обично пред нова година комисијата за натпревари во МРФ има состаноци на оваа тема и се испраќаат до сите здруженија барања за измена и дополна на правилниците.
Исто така се праќа известување до сите здруженија каде од истите треба да се добијат мислења за нивните предлози за секоја дисциплина.

За крап во случајов секогаш се праќале предлози за води во сите 3 кола како и датуми за истите за да риболовните здруженија пратат забелешки и дополнителни предлози.
Како за предлогот, така и за правилниците во секоја дисциплина.

Лигата не е приватен куп!

Мотото - Ако ти одговара ок, ако не пак ок....никаде нема да не однесе!

Зиги , желби и честитки , знаеш и сам како проаѓаше ... 300 људи 300 чуди .
Секој има нешто што не му одговара , па зашто ова , па зашто вака ... никогаш неможеш на сите да им погодиш .
Едно е официјални досписи , кои не функционираат за жал , бидејки лани само Рибар 2011 испрати предлози и никој друг .
Види ја објавата за Лига 2017 кај србите ... имаш план и програма , имаш датуми и езера и фала пријатно ...
Мислам дека е време и кај нас тоа да профункционира . Не треба натпреварувачите да се оптеретени со правилници и судии . Има кој за тоа да се грижи и крајно време е и тоа да профункционира како што треба .

АвторCOLON  martinMK [Пон Ное 28, 2016 1:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Јас само би додал, да наверемено се каже на кои води и што и како ќе биде.. не 5 за 12 да се прави математика од типот: ако има повеќе од 10 дуа тогаш оваа вода.. ако има повеќе од 15 дуа ондак онаа.. итн итн.. па не се знае кој каде шо како..

Тафта го поддржувам 100% за неговиот пост.. треба на време да се смисли се.. а не во зависност од колку „играчи“ има..

АвторCOLON  Spaiva [Пон Ное 28, 2016 2:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Добро, ајде ќе чекаме МРФ да смисли се и навремено да не извести. :ok_ok:

АвторCOLON  Предраг [Пон Ное 28, 2016 2:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Инересна и едноставна работа на натпреварувчка комисија и на УО на МРФ. Да најдат и организираат езеро-а каде ќе има место за 15-20 екипи да бидат сите во подеднакви услови, длабочини, води каде ќе има доволно крап без да се порибува, води каде ќе нема пречки од туристи, минувачи и останати рибари, води каде што концесионерот ќе не дочека со раирени раце, календар на кој сите ќе им одговара без разлика на (матурски, крштевки, свадби, рано или доцна на одмор сум,...)......

Без разлика на СЕ натпреварувачка комисија (дел од неа за крапскиот риболов) заедно со Сергеј разгледува повеќе води и опции и навремено ќе ве извест сите. :secret:

АвторCOLON  howitz [Пон Ное 28, 2016 3:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Уште не е отворена темава како што треба се зајадовте :D

Добро е да се дискутира ако ништо друго, да се прати и да бидеме во тек.

АвторCOLON  martinMK [Пон Ное 28, 2016 3:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КРАПСКА ЛИГА 2017

Предраг НапишиCOLON
Инересна и едноставна работа на натпреварувчка комисија и на УО на МРФ. Да најдат и организираат езеро-а каде ќе има место за 15-20 екипи да бидат сите во подеднакви услови, длабочини, води каде ќе има доволно крап без да се порибува, води каде ќе нема пречки од туристи, минувачи и останати рибари, води каде што концесионерот ќе не дочека со раирени раце, календар на кој сите ќе им одговара без разлика на (матурски, крштевки, свадби, рано или доцна на одмор сум,...)......

Без разлика на СЕ натпреварувачка комисија (дел од неа за крапскиот риболов) заедно со Сергеј разгледува повеќе води и опции и навремено ќе ве извест сите. :secret:
Па ако сакаме се да биде како што треба и како доликува на една лига натпревар.. барем дел од ова би требало да се ултра приоритети.. нели туристи нема потреба да има.. лигата е за лов на крап а не да факаме зјала тук тек некој крап и тотал 200кг да се улови..

за календарот.. кој неможе да се најде во календарот.. тоа е негов проблем.. не на МРФ.. но овие погоре споменатите болести.. треба да се разрешат..

Страна 143 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/