www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Maј 03, 2024 9:17 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Оваа тема е заклучена не може повеќе да давате мислења или да ја менувате  [� теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 19, 2015 10:19 am 
Отсутен
Молчалив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Maј 13, 2014 6:51 pm
МислењаCOLON4
Известување од Управен одбор на РИБАР 2011
(Сашо, Филип, Диме, Гоце-Тафтабит, Крсте, Предраг, Горјан-FisherKing, Кире, Компир, Зоран-уши, ВладоМКД и Давор-Леуново)

Почитувани,

Деновиве на Форумот бевме сведоци на разни бранувања пред се околу светското крапско првенство, а во жарот на дискусиите меѓудругото повторно станаа актуелни и наводни нерегуларности поврзани со натпреварувачи кои настапуваа во овогодинешната лига. Поради разни шпекулации, рекла-казала моабети, вистини и полувистини, дел од читателите се дрзнаа и да го валкаат името на здружението РИБАР 2011.

Токму од овие причини, сакаме да информираме дека раководството на здружението и натпреварувачите на здружението никогаш немале план или намера да бидат дел од некои задкулисни игри или местенки. Секогаш сме се залагале за фер натпревар и така ќе биде и во иднина. Сите муабети за кои се изнаслушавме се произлезени од недоразбирања и со цел да се расчистат и да не останат недокажани и недоразбрани Ве информираме за следниве неколку нешта:

1. Во однос на последната риба во последното коло на екипата во која натпреваруваше Предраг: Рибата е фатена и закачена на најрегуларен начин како и сите други риби. Поради заплеткување на рибата во друг конец и нејзино отежнато вадење екипата ја употребила единствената дозволена трска за маркер со цел да го закачи конецот и полесно да ја извлече заплетканата риба. Она што е спорно во овој случај е самото кепање, т.е дали натпреварувачот со обични чизми влегол во вода до колена, или нешто над колена. Со оглед на тоа што рибата била заплетка, со оглед на тоа што било во жарот на борбата и со оглед на тоа што Предраг се посегал да ја кепне рибата, тој смета дека бил до колена, но не ја исклучува можноста при посегањето да навлегол и 10-тина сантиметри над колена. Поради тоа што во тој момент, а и денес освен муабети не постојат јасни докази (фото и видео) кои го потврдуваат, или негираат влегувањето над колена, во тој момент не бил поднесен никаков приговор за овој случај од ниту една друга екипа, вклучително и другата екипа на Рибар 2011 (Диме и Тафта) кои беа најзасегнати од таа риба и за чиј краен резултат оваа риба одлучуваше дали ќе бидат на 3-то или 4-то место во крајниот пласман. Со тоа оваа работа се смета за завршена со завршувањето на лигата.

2. Во однос на наводни мобети за пуштање на фатени риби од страната на Крушевската екипа како би се влијаело некако на исходот, истакнуваме дека овие информации се само шпекулации без докази какви што имало многу во разни претходни лиги. Шпекулациите се произлезени поради еден од многуте муабети, довикнувања и шали за време на натпреварите помеѓу екипите, во кој Предраг на шала му се обратил на еден од натпреварувачите од Крушевската екипа со зборовите “...еј гледајте да не фатите уште некоја риба ќе не поминете нас и Тафта“. Во секој случај, никогаш не постоела искрена намера, или некаков сериозен план во оваа насока, крапови не биле пуштани, а доказ за тоа е и самата Крушевската екипа.

Конечно, бидејки сите овие недоразбирања и негативна енергија, пред се беа на релација помеѓу две екипи од здружението РИБАР 2011 и во прашање беше доведен токму нивниот конечен пласман, сосема е нелогично, некоректно, небулозно и неприфатливо од разни трети страни да се набедува самото здружение за некакви местенки.

Сите овие години наназад напорно сме работеле да донесеме подобри времиња за спортскиот крапски риболов, за сите крапски риболовци, сме потегнале многу иницијативи и чекори и имаме уддел во најголем дел од работите кои позитивно се раздвижија во овој правец. Секако има уште многу што да се направи, има уште куп проблеми и ние и понатаму ќе го даваме нашиот конкретен допринос во оваа насока.

Бистро


Кон врв
 
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Оваа тема е заклучена не може повеќе да давате мислења или да ја менувате  [� теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum