Делким не напреднале многу , грди биле и тогаш и сега
1996 или 7 не се секавам точно во продавницата Широко(не постои повеќе) во Битола пристигнаа првите сигнализатори не се секавам која марка беа но по неколку пати детално разгледување по нецели 2 месеци ги произведов првите и последни 4 парчиња
. Дизајнот на кукиштето беше подобар од Делким сигурно
, птт (двојничко) кутивче ваква
боја Боби брада сигурно се сеќава на нив,од долната страна(во случајот горна) зашрафена пластика во чепорешка стил
од другата страна си имаше капаче каде се ставаше батеријата 9в . Дизајнот на електрониката беше мој а ми помогна и пријател хоби електроничар кој ми ги изработи калемите за пиезата и на кои им додаде калота од киндер јајце
имаа страшно продорен звук па ми се чини стрежево од устие до брана се слушаа
. Основата на електр. беше CD 4011 4 x нили коло (ако се сетам на шемата или ако ја најдам ќе ја ставам тука) имаа волуме и тон контрола а уште тогаш размислувавме со колегата и мемори лед да додадеме иако на тие во продавницата ја немаше. Од четирите произведени сигнализатори 2 зачував јас од кои за жал нема ни трага а другите 2 беа изложени во една рибарска продавница на ул. Цар Самоил не го памтам името на фирмата а газдата се викаше Ѓорѓи, по кратко време некој ги купи по цена од 900 ден парче (тие во Широко беа 2500-3000ден) па тој што ги купи случајно ако го чита ова па и уште да ги чува би ми било ептен драго да ме извести !!!!!