Само што се прибрав.
Велешко е прубаво. Мирно, нема многу гужви, а според активноста на крапот и амурот, неверојатно тензично. Имено, крапот имаше два пати дневно тренинг. Наутро и приквечер. Убеден сум дека во Велешко лежи македонскиот рекорд. Многу големи примероци се исфрлуваат. За два дена и две ноќи седум удари. Од тоа две откачувања, еден караш
(поголем немам видено), две крапчиња од по 1 до 1,5 кгр и две крапчиња по 4-5 кгр. Едниот од нив краток а многу широк, а другиот долг. Зима само навечер. Според муабетите, чека да залади, па да биде активен и преку ден.
Криозитет е што нема да бидете осамени и сами да пецате
. Има едни животинки ги викаат чакали, нешто помеѓу лисица и волк по големина. плашливи се и бегаат од луѓе, но ако ви стивне боксот и му ја залегнете, знаат попис да направат у бокс.
Утрово, после синоќешниот дожд, затекнав еден од краповите (широкиот) извлечен со се сакот од вода и суреден. Дали биле чакалите, дали е видра или некоја друга пацофчина, не знам. Криво ми е зошто сакав да го сликам и да го пуштам, но ете не му било пишано. Колку што успеав да исликам со телефонот, ќе се обидам да поставам некоја фотка. Предраг помина денес и барем другиот крап го "спастривме" по правила.
Ја користам приликата од се срце да им се заблагодарам на Даниел и Ицо. Прекрасни домаќини и другари. Секоја чест.