Сега за сега сме на добар пат момци, ќе издржиме уште малце онака машки, па ќе ги отвориме картите... Нека се игра со отворени карти !!! Нека се затворат конечно оние муабети што ги слушаме со години а и видни докази имало, имаше за малверзации и бајбучарење на лигите, сите знаеме кои се и што се.
Нека конечно има во државичкава ни сушна за прв пат лига како што треба, како што доликува.. Да го вратиме оној сјај на лигата како во времето кога се запознавав со крапскиот риболов, кога имаше одлични екипи на такмичењата и едвај чекав да дојде викенд и да избегам од дома ( да да избегам од дома, зашто татко ми не ме пушташе по риба, РИБАР БУДАЛА ЌЕ СУМ СТАНЕЛ ) и да идам на крап, на тогашното Аквариум кога сеуште со него стопанисуваше Свето, и да се бутам у боксовите на веќе испишаните мајстори и да ѓи слушам со огромен елан и желба како несебично се трудат да ми ја начукаат чивијата до даска, до каде што веќе нема враќање ! ФАЛА ИМ, МИ ЈА НАЧУКАА
Па се деси таа кобна лига 2005-2006 не сум точно сигурен, кога знаеме сите што се деси поради огромно количество на алкохол! Цел крапски ШЛАГ го снема ! Аквариум му се деси тоа што му се деси, и ден денес го зборам и ми фали, затоа што таму прв пат видов што е крап, прв пат фатив параболик во рака и како ден денеска прв пат видов што е бојла и купив 1кг од Свето зелени со мента арома, и го извадив мојот прв капиталец бележан со прстен број 13 име Маријана, 7.5кг !!!
Нека биде Истатов тоа што беше Аквариум, ма нека биде повеќе , нека биде прав крапски центар каде што ќе се помкнат луѓе и по 500-1000км за да го посетат, со капитални примероци !
Без оглед на пласманот на било која екипа, секако премногу сакам да успеам и да се пласирам на тоа светско, но и да не се пласирам ќе подадам рака од се срце на оние што ќе се пласираат и ќе помогнам колку што можам... Имало немало риби, тоа е тоа сега за сега неможе ништо преку ноќ да се смени, или ќе пецаме или ќе спиеме, што биде тоа е , но лигава ќе ја истераме до крај и ќе пратиме екипи на светско кои што би сакал да се меѓу топ 10 БАРЕМ!
_________________
ZSRRK "VARDAR"
Кој си знае, си вади риба и преку манила.
Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site !