Ајде еве јас со моето скромно искуство за крап еден осврт
Крапот по поснова е риба што бара топлина и иделна температура (за исхрана) што е најбитно е некаде околу 7C.
Секоја температура пониска од оваа е причина за негова неактивност (како што е зимното време).
Е сега, секоја вода има своја одредена точка на топлина но тоа не зависи од длабочина.
Секоја вода им термичики слоеви и крапот ги бара тие термички слоеви каде има температура и услови за хранење.
Секако дека постојат поплитки подрачја на секоја водена површина каде лесно продираат сончевите зраци.
Тоа му дава повеќе агилност и најчесто е по спремен да земе, што кажа Келтан вчера во некој пост дека некој ги ловел на Сава
на симболична длабочина исто така е еден пример.
Е сега термичикте слоеви за разлика од овие поплитки слоеви кои се изложени на сончеви зраци се нешто подлабоки.
Тамо е сигурен, тамо хибернира (зошто хибернира ке напоменам подолу) но не значи дека нема да работи доколку го добие вистинскиот аромат....
(чичко Васил или Драган исто спомнаа за јаки аромати како естер или алкохолни миксови) поради густината на водата и малото количество на кислород (за ова исто подоле ке напоменам).
Освен температурата на водата, пресудна е и температрата на воздухот. Секако не е круцијална затоа што не значи ако нагла
промена на темп. на воздухот ке ја намали и темп. на водата. Обично се лови на постабилна темп. каде ќе треба време целата таа промена да делува на темп. на водата. Крапот е адаптибилен на тие температурни разлики, но не дека не ја менува локацијата.
Битен сегмент исто така е и ветарот, никој не го спомна тоа ама мислам дека тоа е можеби некогаш и клучот за успехот.
Правецот на ветерот т.е СТРУЈАТА е многу пресудна каде крапот ке се пресели или патролира. Струјата која доаѓа и со ладен и со топол ветар без разлика од која страна дува и ако дува под некоја константа во 12 саати ке го натера крапот да се движи.
Струјата да не заборавиме носи со себе муљ, но со муљ-от оди и храната, така да за хранилиштата исто така треба да се прават и земат во обзир условите (ветарот) за да оформиш квалитетно и ефикасно хранилиште. Ова го зборувам како основа за хранилиште, не рецепт или тајна
И останува според тоа што сум нешто искусен а повеќе начитан или поучен од искуство на други искусни крапџии е дека воздушниот притисок е исто така фактор кој треба да се земем во предвид. Тој е впрочем пресуден за нивото на кислород во водата, А крапот бара кислород за да би бил поагилен и да тргне во потрага по храна. Помало ниво на кислород, по мрзелив крап (тогаш впрочем хибернира)...е за нивот на мрзливост кај крапот сите знаеме до каде може да стигне.
Е сеа, мој заклучок е сепак дека секој треба прецизно да провери пред да тргне на зимски риболов на крап...
Вчера пишав дека секоја ситница е пресудна, секоја вода е различна, секоја прихрана ирелевантна и секој мамец различно ефикасен....По мене секој треба да пренесе искуство за секоја вода одделно, и мислам дека нема ниту едно правило на кој температура ФИКСНА е крапот ефикасен во зимата. Се зависи од условите и местото!
А да, еве вчера со максим јаки фрливме голем и интересен факт крапот навитина еволуира и учи