Тоа се волци
затоа што се бараат во Шума, или покрај Шума, има убавина да ги најдеш, а уште поголема убавина да го извадиш, а најголема убавина е да си направиш мерак при вадење,...ама како ?
Многу места таму треба да се подготвуваат кога водата ќе биде многу падната. Мене муда ми отпаднале од такво средување и корнење корења и шума и пак не е средено. Една од најбитните работи за на Козјак (за на такво место на Козјак со доста шума) е оној келтан-стилот, спиење (т.е неспиење) покрај трските и експресна реакција. Притоа, добра подготовка треба за тоа што ќе работиш од како ќе го имаш, да бидеш спремен пред да удри.....на каде ќе бегаш, на која страна, нагоре, лево, десно, ......дополнително треба да имаш и помош и тоа експресна помош.....без помош (тргање други параболици, завлегување со кепче и сл.) шансите се многу мали, јас сум изгубил повеќе крапови поради тоа што помошта спиела во шатор. Насилното вадење исто така е потребно за реализација, иако мислам дека помага за крапови такви до кај 4-5 кила, ако удри над и ако рече идам во грмушка, нема држење, ниту пумпање, 90% те победил
Е сега каде е тука убавината ??? Добро прашање, јас немам одговор