Дечково тоа го работи професионално, му платиш и те носи на риболов. Ми го дадоа контактот во еден хотел на летово.
Инаку зависи од сезоната, еднаш бев во март - април, освен една паламида што се закачи во Платариа, за 4 дена цела Лефкада ја свртев но жива риба не фатив таму. Главна сезона е наесен.
Интересно место каде што сум бил и имало риби е Loutra Aedipsou на Евиа (сум бил во јуни и септември).
Таму имав интересно доживување, закачив шарун (сафриди) од 200 -300 гр.на мал волблер и видете што извадив.
На него се фрли гоф (мајатико/амберјацк) од 10 кг. и го прегриза на пола! Истотака закачив уште еден гоф, значително помал, но не успеав да го извадам со лесен прибор. Во јуни имаше баракуди, а во септември мали туни.
Ајде дајте некој предлог да ви се придружам кога ќе одите. Сега претпоставувам дека не е сезона за ниедна од рибиве? можеби некоја паламида? Главно лигњи.