Водата е еден од основните услови за преживување на човекот. Во услови на високи температури и излет во природа каде тешко се наоѓа чешма и чиста вода за пиење добро е да се знаат повеќе правила која вода да се конзумира и совети како да се приготви чиста вода за пиење.
Неколку правила поврзани со водата
• Пиј само чиста изворска и бунарска вода, односно вода од чешми и водоводните славини ! Површинската вода од езерата и реките, водата од рачни запуштени бунари и секоја друга вода со сомнителио потекло може да биде загадена и опасна по здравјето.
• Во планинските краишта и во краиштата каде што нема питка вода може за пиење да се користи дождовница, снег и мраз.
• Многу пати водата за пиење треба да се носи со себе. За носење вода најпогодна е алуминиумска чутурица обложена со филц или лесна чутурица од цврста пластика. Стаклените шишиња и "термосите" не се погодни, затоа што може да се скршат. Чутуриците од гума не се прикладни затоа што на водата и даваат непријатен вкус.
• За време на долгото и напорно пешачење по жештините, кога телото со потење губи многу тсчност, добро е да се пие малку посолена вода (1 грам сол на чутурица). Наместо тоа, на крајот од излетот/риболовот може, додека се јаде, да се изеде чинија со солена супа, а потоа да се испие вода, лимонада или чај !
• За време на пешачење чувството на жед ќе го смалиш ако цицаш сламка, тревка или чисто камче. За иста намена можеш да понесеш со себе и кисели бонбони. Со цицање на сламката, камчето, бонбоната и сл. ги надразнуваш жлездите во устата и тие лачат повеќе плунка, па жедта помалку се чувствува.
• На ветровито време не го "фаќај" ветерот со широко отворена уста затоа што така уште повеќе ќе ја исушиш и ќе чувствуваш поголема жед.
• Во случај на потреба може да се пие и бистра поточна и езерска вода - меѓутоа потребно е претходно да се проврие, или да се дезинфицира, односно да се прочисти со филтрирање. Исто така треба да се постапи со вода од сомнително потекло !
ПОСТАПКА ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОДА
Водата од потоците, езерата и барите, може да е бистра, но може и да биде загадена со предизвикувачи на заразни болести. Дождовницата и снежницата т.е. водата добиена со топење на мраз, исто така, може да биде нездрава за пиење затоа што постои можност со стоење на земјата да дојде во допир со извор на загадување. За да може таквата и секоја друга вода од сомнително потекло да се пие безопасно по здравјето, потребно е претходно да се изврие или дезинфицира со хемиски средства.
ВРИЕЊЕ НА ВОДА. Водата што треба да се изврие, треба да се врие 10 минути и дури тогаш може да се пие без опасност по здравјето. Бидејќи со вриењето од неа е истеран кислородот, таа не е со пријатен вкус, па затоа е добро пред пиење неколку пати да се прелие од сад во сад (за да би можело повторно да прими кислород од воздухот). Тоа донекаде ќе и го поправи вкусот.
ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ВОДА СО ХЕМИСКИ СРЕДСТВА. Ова е друг начин, водата со сомнително потекло, да се направи погодна за пиење без ризик по здравјето. За таа намена се употребуваат таблети за дезинфекција кои се продаваат во аптеките под разни имиња. На 1 литар бистра вода се става 1 таблета, а ако водата е матна и нечиста две таблети (ако со упатството во пакувањето не е одредено поинаку). Водата треба добро да се протресе, (за да можат таблетите да се растопат) и потоа да се остави да стои најмалку половина час.
Водата може да се направи употреблива за пиење и со јод; во 1 литар вода се става 6-7 капки, потоа добро се протресува и се остава да стои половина час. Додека се прави употрблива за пиење треба да се пази да се дезинфицира и целиот сад заедно со капакот!
ПРОЦЕДУВАЊЕ НА ВОДАТА
Матната вода, односно водата во која има видливи парчиња на нечистотија треба пред употреба да се избистри, (тоа треба да се направи и пред извривање односно дезинфицирање со хемиски средства). Наједноставен начин е водата да ја оставиш да стои некое време, така нечистотијата ќе падне на дното на садот. Водата што се избистрила внимателно да се прелие во чист сад или да се пие од врвот.
Водата може да се прочисти со филтрирање, (на повеќе начини):
• Наједноставен начин е процедување низ платно, при што водата делумно се ослободува од нечистотија (главно, од песок и сл.).
• Таканаречениот песочен филтер може да се импровизира со помош на поголема конзерва (поголема од 1 литар) или со пластична вреќичка.Најпрвин, на дното од добро измиената конзерва, односно пластична вреќичка, отприлика 2-3 см над дното, ќе направиш дупка за исцедување на прочистената вода. Потоа на дното ќе ставиш слој од ситен, добро измиен шљунак. На тој слој вниматслно стави парче чисто платно, а потоа сипи дебел слој чист ситен песок (висината на чистиот ситен песок и шљунакот се во мeѓусебен однос 1:4). Во дупчето за истекување на водата стави цевче (на пр. сламка за сокчиња или нешто слично) и со тоа филтерот е завршен! Водата која одозгора ќе ја сипеш во конзервата односно вреќичката, полека ќе се процеди низ песокот, платното и ситниот пссок, па низ цсвчето ќе истече во за тоа приготвениот сад.
• Таканаречениот филтер од хартија за процедување на вода ќе го изработиш од празна конзерва без капак, лента хартија која со својата должина може да ја обвитка конзервата. Најпрвин, околу целата конзерва во нејзиниот горен дел направи два хоризонтални реда дупчиња. Дупчињата се со големина од 2-3 мм. Растојанието помеѓу дупчињата во еден ред е приближно 0,5 см, додека редовите од дупчиња се во меѓусебно растојание од 1 см. Од надворешната страна конзервата обвиткај ја со лента од хартија (хартија од весник, потенок картон и сл.), која ќе ги покрие двата реда со дупчиња. Хартијата нека биде влажна и по должината превиткана на два дела, за да се добијат два слоја. Хартиената лента прицврсти ја на конзервата со две врвки од кои едната се наоѓа 1 см над горниот ред дупчиња, а другата 1 см под долниот ред дупчиња. Конзервата со хартиениот филтер стави ја вертикално на рамно дно од потокот, езерото или барата, односно во дупка ископана покрај река или поток во која водата ќе ја доведеш со каналче. За конзервата да стои цврсто на неа одозгора стави камен, поголемо дрво и сл. Нивото на водата треба да биде неколку сантиметри под горниот раб од лименката, а над дупчињата. Водата низ хартијата полека ќе се филтрира во конзервата, па за 1 час ќс добиеш отприлика пола конзерва процедена вода.