www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 7:19 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS11»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 28, 2010 4:40 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Преземен текст од Нова Македонија:


Поради неконтролираното рибокрадство неколку компании што изминативе пет години добиле концесија за одредени езера се откажале и го напуштиле концесионирањето

Од идната година сите езера, реки и друг вид водни акумулации ќе добијат концесионер што ќе врши стопански или рекреативен риболов. Наредниов месец вкупно 15 езера и реки се нудат под концесија преку оглас распишан од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесијата ќе трае шест години и ќе се плаќа за експлоатирање на рибниот фонд за стопански и за рекреативен риболов. Што се однесува до стопанскиот риболов, се чини дека сé уште главен проблем е рибокрадството. Токму поради тоа неколку компании што изминативе пет години добиле концесија за одредени езера, по извесно време се откажале и го напуштиле концесионирањето и стопанско експлоатирање на рибата. Пред сé станува збор за Дојранско и Преспанско Езеро, кои, и покрај богатиот рибен фонд, немаат концесионер. Охридско Езеро не е понудено, бидејќи во него е намален рибниот фонд и нема основа за стопанско експлоатирање. Забраната ќе трае до 2014 година. Од Министерството не сакаат да ја коментираат состојбата и единствено ветуваат средување на состојбите.

- Иако Дојранско Езеро е богато со риба, веќе три години нема концесионер. Зошто околу 500 тони риба годишно не се искористуваат во стопанскиот риболов не знаеме. Доколку се избере фирма-концесионер, и таа работи како што треба, ќе се вработат околу 30 па и повеќе професионални рибари од Дојран и околината. За локалниот економски развој тоа е добивка. Сега кога нема кој да ја експлоатира рибата од езерото а во Дојран се продава риба, прашање е од каде е таа риба и кој ја лови - ни изјави Бранко Ѓеорѓиев, вработен во општината Дојран.

Од секторот за рибарство коментираат дека со новиот закон работите ќе се доведат во ред и ќе се знае кој колку лови риба и дали за тоа платил на државата или не. Сепак, меѓу редови, од таму коментираат дека на Македонија и фали построга казнена политика во овој дел.

- Кај нас имаме состојба кога ако некој е фатен како незаконски лови риба, и тоа со мрежи, при судска постапка добива само опомена и му се одзема мрежата, без дополнителни казни и законски мерки. Како тогаш да функционира системот во кој некој плаќа за концесијата, а друг му ја лови рибата - вели нашиот соговорник.

[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Oкт 31, 2010 8:30 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 8:05 am
МислењаCOLON43
Приятели,в България всичко е същото!Бракониерите или Рибокрадците са навсякъде и са подкрепени от държавата и хора от мафията!
Няма ли правилна държавна политика-няма оправия!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Дек 19, 2010 3:47 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Водоча и Турија ги прават партал и тоа неколку "луѓе",кои ги знаат сите,вклучувајќи ја и Полицијата.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 20, 2010 8:16 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Poliz НапишиCOLON
Водоча и Турија ги прават партал и тоа неколку "луѓе",кои ги знаат сите,вклучувајќи ја и Полицијата.

Епа токму и тоа е проблемот :x секаде не само на Водоча и Турија на било која вода во Македонија,исти луѓе прават масакар сите знаат и никому ништо.Некој не си ја врши работата како што треба,не ги заслужува парите кои ги зема како плата,а зема од парите кои ние ги уплаќаме како чланарини и риболовни дозволи.Еве речиси дојде нова година и ке треба да вадиме нови дозволи.

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 27, 2011 9:39 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
ИСТЕКУВА ВАЖНОСТА НА КОНЦЕСИИТЕ ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ


Рибокрадците ќе царуваат по езерата?


Нов оглас за концесии нема, па риболовците стравуваат дека во ваква состојба, која ќе доведе до немање концесионери, ќе настрада рибниот фонд


Водите во Македонија со истекувањето на концесиите за спортски риболов остануваат незаштитени. Спортските риболовци предупредуваат дека најголеми штети ќе претрпи рибниот фонд. Од риболовните друштва велат дека на крајот од овој месец истекуваат концесиите за користење на рибниот фонд за рекреативен риболов на сите реки и акумулации во Република Македонија. А нов оглас за концесии нема, па риболовците стравуваат дека во ваква состојба, која ќе доведе до немање концесионери, ќе настрада рибниот фонд.
- Според Законот за рибарство и аквакултура на риболовните води на кои нема концесионер, забранет е секаков вид риболов, а тоа значи дека од први следниот месец ќе биде забранет риболов на сите води во земјава. До денеска не е објавен конкурс за доделување нови концесии, постапка која трае неколку месеци. Тоа значи дека риволовните води ќе бидат забранети подолг период - вели Радован Димитриески, претседател на спортско-риболовниот клуб Свети апостол Петар" од Охрид.

Ваквата состојба без концесионери риболовните води треба да ги заштитува и чува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оттаму во писмено обраќање кратко ни одговорија дека издавањето на концесиите за стопански и за рекреативен риболов ќе следи по измените на Законот за рибарство и аквакултура. - Измените од страна на Министерството за земјоделство се направени и треба да влезат во процедура за нивно донесување - се вели во дописот во кој нема одговор за тоа како ќе се заштитуваат водите во услови кога нема концесионер и дали целосната забрана за риболов, а со тоа и повлекувањето на рибочуварите од страна на концесионерите, се остава простор на рибокрадците да извршат атак врз рибниот фонд.

Спортските риболовци предупредуваат на опасноста од рибокрадците.
- Гледаме што се случува со Охридското Езеро и со другите акумулации затоа што нема доволно рибочувари. Сега концесионерите ќе ги повлечат своите рибочувари и рибата ќе биде оставена на милост и немилост на рибокрадците - вели Димитриески.

Од СРК Свети апостол Петар" велат дека Министерството немало слух за нивните барања концесиите да се продолжат навремено до доделување на нови концесии, се со цел заштита на рибниот фонд. Ваквиот, како што вели Димитриески, непромислен потег на надлежните ќе доведе до целосно уништување на рибниот фонд, но и на риболовните друштва. Рибарите најавија рибарски бунт.
- Останува да се договорат риболовните друштва на кој начин ќе го изразат своето незадоволство, но жално е да биде забранет рекреативниот риболов поради негрижата на некој кој не си ја извршува својата обврска - обвинува Димитриески.
:cry:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 06, 2011 10:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
od vardar dobivme odgovor deka so aneks dogovor ce se prodolzi dogovorot so postoeckite koncesioneri koi ce stopanisuvaat dodeka trae postapkata za dodeluvanje novi koncesii ..ako e taka ce lovime nepreceno ako ne :?: :?: i sve ce znaeme narednava nedela!

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 13, 2011 7:33 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Преземено од Алсат-М

На езерото Глобочица се случува масовно рибократство. На снимки до кои денеска дојде Алсат-М, а кои минатиов викенд ги снимиле спортски риболовци, се гледа како рибокрадец лови големи количини крап и други видови риба од езерото. На повик на членови од спортскиот риболовен клуб „Црни Дрим“, пристигнуваат полиција и инспектори по рибарство. Рибокрадецот бегајќи гајбите со уловената риба ги фрла во езерото. По долга бркотница рибокрадецот е фатен, а против него е веќе поднесена прекршочна пријава. Од клубот „Црни Дрим“ велат дека вакви непријатности и криминал зачестиле откако повеќе од три месеци нивниот клуб повеќе не го штити езерото. Шестгодишната дозвола за концесинирање им е истечена, меѓутоа нов оглас Министерството за земјоделство сè уште нема распишано. На ваквиот вакуум-период сега му се насладуваат рибокрадците.

20 километри долгото Глобочичко езеро во моментов никој не го концесионира. Со тоа државата им остава простор на рибокрадците да прават што сакаат со рибниот фонд во езерото.

„...Ние ова езеро го вративме во живот. Ако и во наредните години концесионираме, ќе го вратиме како што беше во периодот од ’60 години на минатиот век кога беше пребогато со риба...“ - Аладин Демишоски, потпретседател на СРК „Црни Дрим“

Езерото досега е порибено со 600 кг крап, охридска пастрмка и јагула, но сè е залудно бидејќи при неодамнешните контроли запленети се 35 километри нелегално поставени рибарски мрежи.

„Се прави еден невиден криминал врз оваа вода сега. Најкритичната точка се наоѓа во овој дел, кај селото Глобочица. Слично е и кај селото Ташмаруништа каде одредени структури вршат невиден криволов на рибата.“ - Тасим Тафилоски, рибочуварска служба

Глобочичко езеро последниве две години сè повеќе предизивикува интерес за туризам, спорт и риболов. Секојдневно, а особено во периодот од мај до октомври со шатори доаѓаат луѓе од другите градови од Македонија, но и од странство, меѓутоа како што се гледа можеби најмногу ги привлекува токму рибокрадците.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 13, 2011 7:37 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Струшка Радожда деновиве беше под опсада на езерската полиција. Во две одвоени акции, за една недела, запленети се голем број мрежи со што билансот за еден месец се искачи на 300. Заменик - командирот на езерската полиција Дарио Клечкароски вели дека само викендов биле одземени 60 рибарски мрежи долги неколку километри кои рибокрадците ги користеле за лов на охридска пастрмка и белвица. Во мрежите имало 70 килограми риба.

„Додека трае мрестот, има рибокрадството. Најмногу работа имаме во Трпејца, Пештани, Градиште, Радожда и Калишта. Се случува да наидеме и на албански државјани кои крадат риба во нашите реони“, рече Дарио Клечкароски-Заменик командир на Езерска полиција.

Клечкаровски вели дека луѓето кои ловат недозволено веќе им се познати. Ретки се случаите кога фатиле некого на лице место како нелегално лови риба. Негира дека полициски службеници се поврзани со рибокрадци и ги информираат за секоја акција на терен. Од спортско-риболовниот клуб ,,Свети Апостол Петар“ велат дека и покрај акциите, рибокрадците царуваат на терен.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 13, 2011 7:39 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Штета,навистина голема штета,толку труд средства,време и сето тоа џабе.Подршка до СРД Црн Дрим и да истраат во борбата против рибокрадците. :)

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 13, 2011 7:40 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Успешна акција на ренџерската служба- фатени рибокрадци на Мавровоско езеро

После подолго следење на неколку лица осомничени за рибокрадење, ренџерската служба на ЈУНП Маврово синоќа (02.04.2011г. -сабота) некаде околу 22ч. и 30мин. во атарот на с.Леуново изврши успешна акција за фаќање на организаторите на ова кривично дело. Во акцијата, на лице место како ги вадат мрежите полни со риба, беа фатени 2 лица на кои подоцна им беа земени податоци за утврдување на идентитетот и за нив ќе биде покрената соодветна постапка. Од рибокрадците беше запленета опрема составена од две мрежи, чамец и други помагала. Опремата ќе биде употребена како доказ пред надлежниот суд а потоа ќе биде уништена.

[ img ]

[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS11»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum