www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Дек 14, 2024 6:10 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 22, 2012 11:48 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
[ img ]__[ img ]__[ img ]

СРЕБРЕН КАРАС
ЛАТИНСКО ИМЕ (Carassius auratus Gibelio) е слатководна риба која припаѓа на фамилијата (Cyprinidae), род (Carassius)
ЛОКАЛНИ ИМИНА - бабушка
ПРОСЕЧНА ДОЛЖИНА - расте до 45 см
ТЕЖИНА - околу 500гр но може да нарасте и преку 2кг
ВРЕМЕ НА МРЕСТ - од МАЈ до ЈУНИ
[ img ]
МЕСТА, НАВИКИ, РАСПРОСТРАНЕТОСТ

Живее во ЦИПРИНИДНИ води и на места со мал процент на кислород и минимум храна

[ img ]

Води потекло од Кина, донесена е во европа во 1856 година и во нашите води е застапена во голема мера и скоро во сите води. Оваа риба нај повеке се храни на дното а нејзина храна се некои врсти на треви и разни црвчина. Во летните денови се храни поинтензивно додека во зима паѓа скоро во латеннтна состојба. Неговата отпорност е многу голема и може да преживее на многу ниски температури , дури и кога водата каде што живее замрзнува. Исто како и карасот во сушните периоди се укопува во тињата и успева да преживее.

РАЗМНОЖУВАЊЕ
Мрестот им започнува во месец Мај и трае до месец Јуни со (ginogeneza), икрата ја оплодуваат другите мажјаци од фамилијата Cyprinidae-(златниот карас или крапот), женката положува во три наврати по околу 400 000 икри од кои се развиваат исклучиво женски примероци. Инкубацијата на икрата трае од 5 - 8 дена .
[ img ]
ЗА ОВАА ВРСТА (сребрен карас ) - НЕМА ПРЕДВИДЕНО ЛОВОСТОЈ И ОГРАНИЧЕНА КОЛИЧИНА НА УЛОВ
прочитајте повеке за риболовот на оваа риба во оваа тема :arrow:viewtopic.php?f=11&t=1869&p=47988#p47988
видете, ставете слика од вашиот капиталец :arrow:viewtopic.php?f=52&t=2245

сликите и информациите
се превземени од интернет сајтови

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 12:00 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Какол во жито, коров во бавча, карас во риболовни води.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 12:17 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Јан 03, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON158
Imas greska vo tajmingot za mrest-se mresti od Januari do Dekemvri


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 11:56 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Погрешно е мислењето дека икрата на СРЕБРЕНИОТ КАРАШ ја оплодува млеч од некој друг вид на ципринидните риби. За да дојде до оплодување потребно е хромозомите од од машките и женските полови клетки да се измешаат. Ако тоа се случува кај сребрениот караш тогаш подмладокот би бил некој мелез.

Сребрениот караш е пример на природно клонирање. Млечот од другите риби предизвикува само акција на делба на женската полова клетка, но не и мешање на хромозомите. Поради тоа се сите сребрени караши женки. Од оваа причина и името му доаѓа, руско потекло. Инаку во Кина од каде потекнува се мрести сосема природно.

Мислам дека релативно скоро (оклу година) на некој српски сајт прочитав дека уловиле и мажјак на бабушката (значи дедушка).


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 12:07 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
овие податоци се искористени од енциклопедии и повеке литератури ,
-- боби нее лошо ако имаш информација за неке поново истражување да ни посочиш конкретно од која литература -- за да го тоа направиме како треба(промениме) , сепак науката оди напред

поздрав

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 12:25 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Спиро читам по интернет а интересните статии ги чувам во HTML. Најново шо имам како книга (во PDF) е ТАЈНЕ РИБОЛОВА 1 и 2, издадена некаде околу 2007 во Србија. Исто така ја имам баш како книга СЛАТКОВОДНО РИБАРСТВО издадена од битолскиот универзитет, 2003.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 2:12 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Jas imam slushnato deka vo odredeni uslovi karashot moze da se mresti 2-3 pati godishno sega kolku e tocno neznam ali spomnavte deka se mresti januar-dekemvri imam sretnato karashi vo sred leto so ikra.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 2:18 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maр 07, 2011 11:21 pm
МислењаCOLON1581
toa sto go ima napisano lepi e 100% tocno za mrestot.ikrata na karasot moze da se oplodi(inicira delba) so sekoja riba od familijata cyprinidae vo koja spagja i krapot.inaku nacinot na oploduvanje e vsusnost ginogeneza pri sto samo se pottiknuvaat ikrite(JAJCATA) na vnatresna delba a maskata mlec ne ucestvuva so predavanje na genetski materijal pri ovoj proces.i ima dva vida karas srebren karas(carassius auratus gibelio) i zlaten karas(carassius carassius).prenesuvanjeto na ikrata e mozno i so pticite se lepi za nivnite perduvi i so nivno migriranje se prenesuva i ikrata.a mnogubrojnosta na karasot se dolzi na toa sto sekoja edinka sto se ragja e so zenski pol a i uspeva vo mnogu losi uslovi da prezivee.i dokolku vo vodata nema ribi od familija cyprinidae togas i karasot nema da go ima odnosno da se razmnozuva.

viewtopic.php?f=11&t=1869

_________________
koj si znae ke si vadi
sto e tvoe ke si dojde
sjashi kurto da uzjase murto


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 5:02 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 12, 2012 9:48 pm
МислењаCOLON496
ЛокацијаCOLONBitola
Малку ме буни ова што го пишувате ,дека сите караси се раѓаат како женки , затоа што редовно сум факал машки караси отприлика на 7-8 женки еден машки или и тој е женка ама со млеч :?: :?: :?: , па годинава 5-6 машки караси фатив само на Стрежево

еве еден текст за карасот, незнам кој е автор но мислам дека е добар и точен
http://www.ribari.mk/wp-content/uploads ... %D1%81.pdf

_________________
Anyone who truly understands the passion for
angling knows, only true happiness exists by the
waterside. All other time is spent either thinking or
dreaming about it.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СРЕБРЕН КАРАС (Carassius auratus Gibelio)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 23, 2012 5:10 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... Карас, посебно од на Козјак, повкусен немат :) Кога одев на Крап на Козјак, обавезно една трска ја спремав за Карас. Толку ми е вкусен од таму, немам зборој :D Но сепак за јадење подобро да не е поголем од пола кило, заради незгодните коски во опашката :mrgreen:

Али друго шо сакам да кажам е тоа што јас знаев дека е одпорен, али не до толку. Фатив шо фатив, и кога се вратив дома ги ставив во Фрижидер. Другиот ден сакав да ги чистам и ...

http://www.youtube.com/watch?v=tWE5k_ML ... AAAAAAAAAA

Како и да коментираме, Карас од над 1 кг да ти удрит богами не е шала и ќе ти го развеселит денот ;)


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum