РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am МислењаCOLON2236 ЛокацијаCOLONСкопје
ЈАГУЛИ (Anguilliformes)
Јагулите му припаѓаат на редот змиолики риби кој се состои од 4 под редови, 19 семејства, 110 родови и околу 400 видови. Бројот на видови во некои литератури достига дури до 600.
Телото им е долго и змиолико кон опашката сплоснато покриено со ситни струганки. Грбната и подопашната перка се протегаат по скоро половина должина, споени се со опашната перка која е шилеста и чинат една целина. Кожата им е слузава, очите малечки, а во големата и развиена уста имаат многу ситни и остри запчиња. Градните перки и се добро развиени додека стомачните ги нема. Јагулата е ноќно суштество.
Грото на јагулите живее во плитките води, некои на дното на океаните и морињата, некогаш во дупки. Само семејството Anguillidae доаѓа од морето за да живее во слатките води. Некои јагули живеат во големите длабочини, како семејството Synaphobranchidae кое живее и до 4.000m. Некои се активни пливачи и живеат на длабочина од 500m, Nemichthydea. Постојат и електрични јагули (Electrophorus electricus) кои со генерирање на струен потенцијал во своето тело и испуштајки го во својата непосредна близина лови или се брани од непријателите.
Јагулите во далечното минато се сметале за суштества на кои никој не им го знае животниот почеток ниту пак крај. Прашањето како јагулите настануваат било загатка која ги дразнела радозналоста и фантазиата на научниците и филозофите низ времињата. Таа го интересирала и Аристотел кој мислејки на неа, како настанува и го завршува своиот живот, наоѓал дека е тоа нерешлива гатанка. Херодот пишувајки за нејзе, кажал дека е свето суштество и дека за нејзе вистината можат да ја кажат само боговите. Во средниот век јагулите се сметани за жив доказ за егзистенција на божествата. Секое живо суштество мора да има свои предци кои го родиле жив или положиле јајца од кои се извел. Најраспространето било мислењето дека се создава директно од калта и милта на реките и езерата.
Клопчето мистерии околу јагулите почнува да се одмотува во XVII век. Природонаучникот Реди прв ги воочува трите главни фази во развојот на јагулите и можел со сигурнос да тврди дека полово зрелите јагули мигрираат во море. По него Мондини прв запазил органи за репродукција на јагули фатени во море. 1874 година органите за репродукција добро ги проучува Сиреви. 1877 година Јакоби доаѓа до следните заклучоци:
1. За размножување на јагулите исклучиво е потребна морска, солена, вода и дека кога ке и дојде периодот за мрест мигрира од слатка во морска вода;
2. Органите за репродукција никогаш не се развиваат блиску до брегот туку далеку на отворено море;
3. Дека во океаните постојат посебни места на кои се мрестат јагулите;
4. По завршениот мрест мажјаците и женките јагули угинуваат.
Овие заклучоци со нови истражувања ги надополннува Граси 1897 и Фезерсон 1903 година. Пред тоа 1894 година од страна на Петерсон било утврдено дека сребрената, жолтата и зелената јагула, дотогаш сметани за подвидови, всушност се само развојни фази во животот на јагулите.
Конечната разврската околу животниот циклус на јагулите се случува во почетокот на минатиот век од страна на данскиот природонаучник Јоханс Шмит. 25 годишното истражување во глобални рамки ги дава сите одговори и ги поставува темелите за понатамошни истражувања.
Европска ЈАГУЛА (Anguilla anguilla)
Во глобални рамки, јагулата е најзастапена во Јапонија, а европската се наоѓа на второ место пред американската.
Грбот им е темнозелен, а стомакот сребренест. Мажјаците нараснуваат до околу 50cm, а женките до 1,5m. Не ретко се серќаваат јагули долги и 2m тешки и 5kg. Зиме се завлекува во мил каде престојува до зголемување на температурата на водата.
Европската јагула опстојува долж брегот на Европа, северно, започнувајки од Скандинавскиот Полуостров, комплетно го опфаќа крајбрежието на Велика Британија, Ирска, Франција, Пиринејскиот и Апенинскиот полуостров, Мароко, Канарски и Азурски острови, додека на исток се наоѓа во водите на Грција, Турција и Израел.
Застапена е и во Црно Море, во системот на Волга, со повремено појавување во Дунав, Буг, Дњепар и Дон.
На територија на поранешна Југославија се наоѓа во скоро сите води од јадранското и егејското сливно подрачје. Нејзиното природно постоење во црноморскиот слив сеуште не е потврдено. Поголема концетрација на јагулаи се наоѓа во реките Бојана и Дрим, Охридско и Скадарско Езеро. Во реките Неретва, Цетина, Зрмања, Вранско Езеро како и во Хутовско блато и Крупа. И Катлановското Блато до неговото исушување било престојувалиште на голем број јагули.
Во годините кога јагулата ќе достигне полова зрелост, односно просечна возраст од 10 години за женката и 12 години за мажјаците, во почетокот на пролета и цело лето јагулата започнува интензивно да се храни со скоро секаков плен што може да го улови. Таквото однесување трае се додека доволно не се здебели, т.р. не собере приближно 6% маснотии во своето тело и не добие црно-кафеава боја со сребрено-бели перки (сребрена јагула). Тогаш очите значително и се зголемуваат, меснатата горна усна постепено се истенчува, а рилото се изострува.
Така изменетите јагули престануваат да се хранат, желудникот и цревата целосно атрофираат, оставајки место за развиток на брзо растечките полови органи. Промените на бојата пак, дел од авторите ги поврзуваат со приспособувањето кон престојната миграција низ реките. Таквото однесување, односно метаморфоза, завршува со почетокот на есента по што јагулите започнуваат да се групираат пред излезите на реките, приготвувајки се да го напуштат досегашното живеалиште.
Патувањето започнува исклучиво ноќе. Проследени со силни бури со обилни врнежи и без месечина, јагулите во поголеми групи се спуштаат по течението на реките. Масовноста на патувањето секогаш е во зависност од падот на температурата за најмалку 1⁰, како и од количеството на врнежи кои воведуваат миризливи материи во сливното подрачје и на тој начин ја зголемуваат концентрацијата на миграционата сензитивност. Голема улога им се припишува и на интензивните ветрови кои дуваат во правец на истекот на реките, како и на засиленото бранување на водата, на што јагулите се мошне осетливи.
Кон крајот на летото, почетокот на есен, јагулите пристигнуваат до вливот на реките во море каде ги пречекуваат мажјаците. Одтука во големи групи поаѓаат на свадбено патување. На целта, Саргасово Море, пристигаат во март - април каде се мрести по што угинува. Со сигурност се знае дека мрестот се одвива помеѓу 22⁰ и 23⁰ северна географска широчина и 40⁰ и 65⁰ источна географска должина. До денес човек се уште го нема видено и забележано свадбениот церемонијал, самиот мрест.
Плодноста на јагулата е милион и повеќе зрна икра со големина од 1,1mm. Женките тешко ја исфрлаат икрата и за тоа е потребен голем притисок на водата, поради што мрестот се одвива на 400 до 700m длабочина.
Оплодената икра слободно лебди во водата и полека се движи кон површината. По пат од нејзе излегуваат ларви кои се долги околу 5 - 6mm. Ларвите воопшто не личат на возрасните примероци и долго време владеело мислење дека тоа е посебен вид. Телото им е сплостено во форма на издолжен лист и проѕирно со мала глава и големи очи. Одтука и нејзиното латинско име Leptocefalus (тесноглава).
На длабочина од околу 50m должина на ларвите изнесува околу 25mm и носени од топлата Голфската Струја го започнуваат патот кон бреговите на Европа. Кога ке пристигнат до бреговите на Европа по 2-3 години малите јагули се долги 6 до 7,5cm. Мажјаците цело време ке останат на устијата на реките и навлегувајки во нив едвај некој километар. Женките, поголеми и посилни патот ке го настават понатаму по реките но не повисоко од 1.000m надморска височина.
Збор - Два за крај
Американска ЈАГУЛА (Anguilla rostrata) - Ги населува водите на источниот брег на Северна Америка. Од европската јагула се разликува по бројот на рбетни пршлени. Нејзиното мрестилиште е помеѓу мрестилиштето на Европската Јагула и американскиот брег.
Јапонска ЈАГУЛА (Anguilla japonica) - Ги населува водите на Јапонија и источниот брег на Кина. Мрестилиштето и е во северните води на Тихиот Океан. Силните океански струи Куро-Сиво ја играат истата роља во патот на ларвите како Голфската Струја кај Европската Јагула.
Австралиска (Anguilla australis) и Новозеландска ЈАГУЛА (Anguilla aucklandi) - Мрестилиштето на Австралиската и Новозеландската Јагула е симетрично поставено по екваторот спрема мрестилиштето на Јапонската Јагула.
Инаку сите јагули имаат свои миграции и метаморфози многу слични на Европската Јагула, а на мрестилиштата владеат исти услови со незначителни разлики.
Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140 до 165 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите и претставуваат живи фосили.
Јагулите и нивниот животен пат и до денес не е целосно истражен и сеуште претставува енигма за научниците.
Извор на податоци:
- Роман Јегуље - Михајло Петровиќ Алас, 1940
- Проблемот со Македонската Јагула - Мишо Христовски, 1999
- Слатководно Рибарство - Вангел Стевановски, 2003
- Интернет
Eve edna interesna informacija pred mnogu godini dedo mi ima fateno jagula na reka vardar.Covekot prvin mislel deka e zmija ali podocna primetil deka toa bilo jagula.Za kolku bila teshka toa neznam.
_________________ Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.
bravo bobi odlicno napraveno -- sega i vo temata kaj ribolov na grablivi ribi -- otvori nova tma i stavi nesto za ribolovot na ovaa riba
i posle vo fotografii uste edna za ftografii od uloveni jaguli
-- inaku ovaa godina na ezeroto kozjak eden nas kolega ribar gi gledal vo plitkoto edno 5-6 jaguli zamotani vo klopce kako se prevrtuvaat vo vodata ???
- nesto slicno kako koga se parat zmiite
esega dali bilo mrest ili ne bilo --- toa nekoj poskolovan moze da kaze
ps. se izvinuvam za latinicata pisam od na rabota
_________________ -------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------
РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am МислењаCOLON2236 ЛокацијаCOLONСкопје
Со сигурност не се работи за парење. Јагулите во заробеништво живеат и 80 години но никогаш намало подмладок. И во Охридско ги носат рачно бидејки браните Шпиље и Глобочица им го имаат прекинато природниот пат по Дрим.
Кога имав улови, јас и пријателите, немаше дигитални апарати, па така да немам слика. Мислам дека скоро кај еден од другарите скоро видов една. Ако ја најдам ке ја скенирам. Мислам за јагули на Вардар а не на Дрим или Охрид.
Lovot na jagulata e karakteristicen. Osven so mrezi so se lovit (zolti mrezi so tri platna) taa najmnogu se lovit vo Daljanot vo Struga i toa vo period koga ima jug (juzen vetar). Togas ta riba ko ke e matna vodata od ezeroto (razbranuvano od juzen vetar) trgvit na pat od Ohridsko ezero vo r.Crn Drim i nizvodno po nejze. Togas e ulema od narod so pokusavet jagula da fascet so kepcinja (sakovi), kanci-trokuki.......Nizvodno po reka Crn Drim ima instalacija so se vikat "Daljan" i tuka se lovit groto na jagulja vo MKD. Za "Daljanot" ima koncesioner koj plaka odredena zakupnina prema drzavata..... Niz arhivskite dokumenti imam srekavano deka porano imalo takov "Daljan" i vo s.Tasmarunista no po regulacijata na Globocicko ezero ostanalo samo eden "Daljan" i toa negde 200 metri od mostot ko ke idat coek od Ohrid za Struga (mostot pred Struga od desna strana na 200 metri od mostot e Daljanot).
Za ulovi so jadici neznam mnogu. Za toa mislam deka iskustvo imaat luge so odet na ribarat na Globocica (vo prv red clenovi na Crn Drim od s.labunista). Ako saket tie mozet da piset nesto vo vrska so vakviot vid na ribolov.
Inaku Ohridsko ezero sekoja godina se poribuvat so jagula koja e finansirana od ELEM a mesto na karantin e Mrestiliste vo s.Sum i pod nadzor na UKIM Institut za stocarstvo - Skopje. Jagulata koja se nabavuva e od Grcija. Kaj nas nema podmladok od ta riba...... Cudno ama vistinito koncesionerot na "Daljanot" nema obvrska da poribuva (toj samo plaka koncesija), tuku samo ELEM ta rabota ja vrsi. Zaradi izgradbata na branata vo Globocica.
Vo sekoj slucaj specijalitet e jagula. Koj ne probal zadolzitelno da probat.
Na kozjak imam fateno edna a i edna mislam deka bese pogolema od ovaa na slikive mi skina....Vo sama reka treska na uliv na mala reka se fateni dosta mali jaguli od po 10-20 sm e dali se razmnozuva ili ne pojma nemam...Na belicka reka eden od gazdite na prviot ribnik ima nacrpeno vo kepce po negovo kazuvanje nad 4 kila...Jas ja uloviv na pijavica rano sabajle a taa sto mi skina bese samo sto se stemni kaj 21 casot vecerta...Ubava i interesna borba edvaj vo kepce ja stavivme....
Pokraj so sum bil prisuten na poribuvanje na jagula vo Ohridsko ezero sum prisustvuval i na Kozjak, Slatinsko ezero, Treska - Kicevsko, Globocica...Znaci se poribuva na poveke mesta.
Posto ne znaev kade da ja smestam temava ja stavam vo razno.Ne znam dali da ja narecam riba ili... no kako sto mozev da vidam do sega ne sretnav nikade za Jagulite no isto taka znam deka moze kaj nas vo makedonija da se sretne vo poveceto vodi.Vcera gledav emisija kako ja lovat i mi stana interesno i rekov da kazeme zbor dva povece za nea.Sigurno e dosta dobra zos pred nekoe vreme gledav deka i ohridsko ezero bese poribeno so jaguli, a isto taka koga sum idel vo Debar na spile ako udri turbinata nekoja jagula i ispliva nad voda ribarite ce se potepaa za nea-sigurno e dobra,a se zaprasav zosto ne ja ima vo drugite pomali ezera dali e stetnik,znae da gi napadne drugite ribi ili pak ne moze da opstane.
akiribar НапишиCOLON
mislam deka nemoze da opstane vo sekoja voda.samata si ja bira vodata koja najpoveke i odgovara a nekogash i po kopno se dvizi koga menja od edno vo drugo mesto poradi mrest.ima iskluchoci na zalutani jaguli ama tie nemaat idnina...
flore НапишиCOLON
Po priroden pat e mnogu tesko da dojdi jagulata kaj nas, bidejki imame brani i hidrocentrali na rekite.Duri i vo Ohridsko ezero nemoze da se vrati po priroden pat zaradi branata na Glabocica , pa zatoa go poribuvaat so jagula.Kaj nas vo Strezevo go poribija so jagula i najcesto noke na glista mava po nekoe
jagulce.Tie ziveat od 6-8god i nemozat ovde da se izmrestat pa zatoa mora da se poribuvaat.Imaat izvadeno na Strezevo i nad 2kg jagula.
Vladimirpp НапишиCOLON
Ja spak citav za Treska deka ja ima, alogicno na toa i vo Kozjak. A inaku interesno gledav na Survival so Bear Grills kako ja faka na listo od rastenie slicno na samakot sto go ima kaj nas, samiot list ima kako konci niz nego, a jagulata ima zabi nasoceni navnatre pa koga ke go kasne i zaglavuvaat itaka ja izvlece od voda. Inaku prethodno listot go namacka so meso od les od petel zatoa sto jagulite imat odlicno custvo za miris i mozat da nasetat od stotici metri.Ne znam zosto mi pokazuva error koga go prikacuvam videoto ama eve link. http://www.youtube.com/watch?v=krDN64BTfRo
filip030682 НапишиCOLON
Jagulata ja ima i kade ne ja ocekuvavte,dali nekoj tajno ja poribuva po vestackite akumulacii ili prirodata si naodza svoi patista neznam,koga posle 2001god na lipkovsko ezero se slusna deka bile fateni jaguli,site se cudea i voglavnom nikoj ne veruvase zatoa sto porano nikoj ne bese ulovil,ali posle 2005god moravme da poveruvame zatoa sto vidovme so svoi oci,2010god lovejki od camec,vodovme kako ispliva na povrsina i bese dosta krupna/dolga,isto se cu a i imase reportaza so slika na forumot kako e najdena jagula od mislam 90cm mrtva vo filter stanicata vo kumanovo na reka Kumanovka,sum gledal dokumentarec za tikvesko kade ronioci so raka na dnoto fatija jagula debela kako raka,ja ima i na vardar.......primer Lipkovsko ezero e napraveno pred 40godini,znaci ako vlegle preku rekata togas toa moralo da bide pred da ja napravat branata,da poribil nekoj so jagula nema dokumetirano ili bar nikoj toa ne go pravel planirano...znaci prasanjeto e kolku godini moze taa da zivee,dali toa sto e vo ezeroto e ostanato od vremeto pred da se napravi branata,dali evolucijata trae pa se mresti vo ezerota primer jas toa parce sto go vidov bese okolu 30cm taka da ne e postara od nekolku godini,ili nekoj tajno go poribuva ezeroto.....ovaa se prasanja na koi tesko deka moze nekoj da dade odgovor...
miki.dj НапишиCOLON
Ме интересираше поради тоа што кај нас во Тетово-с.Теново имаат извадено две некаде аколу 10цм е сега дали допливале од некаде или пак се има измрестено не ми беше јасно.А иначе лани пролртта беја ивадени и вчера кога гледав на емисија како ги вадат реков да пишам збор два.
krste1978 НапишиCOLON
Miki jagulate e migraciska riba kolku sto znam mrestot kaj nas i e upropasten ona se mresti vo jadranot znaci patuva e sega ako se izmrestila daj boze.
Eve ti primer dali vide kolku poribuva ELEM u Ohrid zasto i go ima stopirano prirodniot mrest so hidrocentralite.
miki.dj НапишиCOLON
Да да лани баш гледав како од чамец во бели буриња истураа голем број на мали јегули.Но дали она е штетник или е мирна риба и ме интересира зош во другите езера помаливее така да ги наречам не ја одгледуваат а добра е за јадење (имам пробано во Охрид а и башка како што гледав и доста е добра за риболов.
krste1978 НапишиCOLON
Miki vo Ohrid taa e aftotona riba i sega ako prasas nekoj strucen zasto ne se poribi ete primer vratnicko ezero ke ti recat tamu ne e aftotona ama ne znaci i deka ne treba da se poribi ubava riba interesna i dava ubava borba na trska.
_________________ -------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------
Еве нешто што го имав читано за неа подамна и за нејзиниот пат до Сарагаското море, јас ова никако неможам да си го објаснам. Инаку текстот е дел од Риблов на јагула на Глобочица од сајтот ribari.mk
Во Јадранскиот и Егејскиот слив ја има само Европската јагула . Женката нараснува до 2,5 метри должина и достигнува тежина до 10 килограми. Јагулата ја има и во други акумулации во Македонија каде е внесена по вештачки пат. Катадромата миграција (река-море-океан) и мрестот на јагулата веќе две и пол илјади години се испитува од страна на научниците и ихтиолозите . И покрај големите откритија и сознанија научниците не се уверени дека успеале да откријат многу тајни на оваа значајна природна појава. Досега никој не го видел нејзиниот природен мрест во Саргаското Море каде се мрести на длабочина од 400 до 1000 метри . За време на патувањето органите за варење и се адаптираат во органи за размножување и по мрестењето умира. Малите јагулчиња водени по некој необјаснив за науката инстикт доаѓаат во водите од каде мигрирале нивните родители. Многу нејзини природни патишта се блокирани со изградба на хидроцентрали, и во многу води се внесува по вештачки пат со порибување. На акумулацијајата Глобочица најударни места за риболов на јагула се заливот кој го формира Голема река, каде дното е идеално за јагула и местото просто мириса на јагула, а најпосетено е местото наспроти лабунишки ливади пред теснецот од страна на марунишкиот дел. Преку ден јагулата се задржува во дупки и процепи меѓу камењата , каде и ѕирка само главата . Таа може да е намотана на стебло од трска или некоја појака трева , од каде ги вреба ситните рипчиња кои ги лови со брзи движења. Во потрага за храна јагулите одат ноќе. Нивното чувство за мирис непогрешиво ги води до мамката. Најактивно се храни кога дува ветер , кога има бран и кога водата е заматена. Во такви услови ги лови малите рипчиња, пијавиците, црвите а напаѓа и леш во распаѓање. Јагулата ги открива рипчињата и тоа ако има само еден дел од мирисот на рипчињата во 90 милијарди делови. Најуспешно се лови во ноќните часови . Забрана за риболов на јагула во Македонија нема. Се лови на рипче , грозд црви, грозд пијавици или на парче замирисано јагнешко месо. Се лови на техниката „лов риба со олово на дно“, многу ретко се лови со помош на пливка. Се лови на јадици број 1/0, 1 или број 2 со долг врат на кој има поставено неколку контри за да не бегаат и паѓаат црвите или пијавиците. Се употребува конец со дебелина од 0,30 до 0,40 милиметри. Мамката се поставува на потенок предвез кој потоа се кине затоа што кога јагулата ќе ја нападне мамката ја голта јадицата до стомачниот дел и не може да ја откачите на лице место. мештани употребуваат дводелни полни трски изработени од фиберглас а за индикатори звончиња. Но може да се лови на телескопи или дводелни трски со тежина на зафрлување од 60 до 100 грама. Јагулата секогаш црпете ја со кепче, а фаќајте ја со помош на волнена крпа за да не ви лизга. Слуз од јагулата ако ви остане на облеката не можете да го остраните никако.
Vladimirpp НапишиCOLON
Ednostavno e! Slicno kako i lososot sto patuva iljadnici kilometri za mrest od morinjata do rekite vo planinskite predeli, istoto go pravi jagulata od Sargasko More do Ohridsko Ezero, samo sto e onevozmozena da go pravi toa poradi branite na Crn Drim.
ilija НапишиCOLON
Rade alal da ti e.
Bravo za iscrpnoto objasnuvanje.So lokacii.....mmm merak
Edinstveno sto ne mi e jasno kade gi naodjaat malite jaguli.Ako vozrasnite go dobivaat nagonot za mrest nekade vo solena voda na golema dlabocina,i kako sto kazuvas im se menuva funkcijata na organite,togas kako uspevaa vo zarobenistvo zenkite da imaat ikra
Azder НапишиCOLON
Ne znam kolku se sekavate,pred petnaesetina godini eks pretsedatelot na MRF(togasen Sojuz na sportski ribolovci) i ihtiolog Miso Hristovski,lapna desetici iljadi DM(ili dolari,ne e vazno)za proekt so koj ke se ovozmozi na Ohridskata jagula povtorno da se mresti po priroden pat vo Sargasovoto more.Parite gi lapna,jagulata prodolzi da se nisti.
ico baits НапишиCOLON
i na vardar se ima fateno,,75 godina tatkomi 2 ima fateno na uliv babuna vardar,,mamec malo recno rakce,,i drugi fakale togas..sega poslednive 2 god ne sum cul da se fati, predhodno da..
мислењата од старата тема се ставени овде - со цел да сите поврзани мислења околу оваа риба си дојдат на свое место
_________________ -------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум