www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Maр 29, 2024 1:48 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 12:33 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Размножување на рибите

Времето на првото полово созревање на полноите-репродуктивните ГОНАДИ (органи), кај различните видови на риби е различно и во голема мерка зависи од низа фактори, пред се генетски и еколошки фактори. Често мажјаците се порано стасни од женките, односно побрзо полово созреваат од женките, но затоа пок женките се покрупни од мажјаците на иста возраст.

Еколошките фактори, влијанија, играат голема улога во созревањето на половите гонади, а исто така и врз првата полова зрелост кај рибите. Така, рибите кои живеат во умерени климатски подрачја, на пример крапот, полово созрева во 3 до 4 година од својот живот и по тоа се мрести еднаш годишно, најчесто во пролетните месеци од април, мај до јуни, додека во топлите краишта на далечниот исток полово созрева во втората а не ретко и во првата година, а може да се измрести и повеќе пати во текот на една календарска година. Влијанието на еколошките фактори во водената средина е тесно поврзана со климатско метеоролошките влијанија во регионот, потоа физичко-хемискиот режим на водата во која живеат рибите, исхраната и слично

Рибите најчесто се унисексуални организми, каде носител на полот најчесто е мажјакот, XY хромозоми. Женката е со XX хромозоми, но не ретко под влијание на температурни шокови, хемиски агенси и хормони може да дојде до промена на полот.

Развојот на половивите гонади (тестиси и овариуми), познати под општи имиња кај рибите како млеч кај мажјаците и икра кај женките риби, различни ихтиолози различно ги групираат и ги делат на развојни фази од кои ке ги споменеме општите, глобални поделби.


Стадиуми на физиолошка зрелост на половите гонади кај рибите

I стадиум. - Во оваа група рибите се наоѓаат само еднаш во својот полов развој, која уште се нарекува и јувенилна фаза, тука спаѓаат сеуште полово незрелите риби. Половите гонади се неразвиени или во почетна фаза на развој и не се разликуваат дали се овариуми или тестиси. Според тоа, во оваа развојна фаза младите риби полово не се разликуваат кои се мажјаци а кои се женки.

II стадиум. - Во оваа фаза се забележуваат почетни оформувања на половите гонади и лесно може да се одреди полот.

III стадијум. - Половите гонади се добро развиени. Икрата е јасно видлива, крупна, но слепена меѓусебе во една целина. Тестисите во оваа фаза се проширени и со бледо црвенкаста боја како резултат на сплет на крвни садови. Овој стадиум од физиолошкото созревање на половите гонади на рибите временски е најголем.

IV стадијум. - Во овој стадиум половите гонади се максимално развиени и зафаќаат една третина од стомачната шуплина кај женските риби. Икрата е крупна, јасно видлива и на благ притисок излегува низ гениталниот отвор, но сеуште е слепена помеѓу себе. Тестисите се добро развиени и имаат млечно бела боја без видливи крвни садови.

V стадиум. - Во овој стадиум половите гонади се потполно зрели, половите продукти се целосно оформени и икрата слободно излегува низ гениталниот отвор во надворешната средина и е способна за оплодување. Во оваа развојна фаза се врши мрестењето.

VI стадиум. - Во овј стадиум спаѓаат потполно измрестените риби со јасно видливи надворешни знаци. Гениталниот отвор кај женките риби еблаго воспален, стомакот млитав и опуштен, по кратко време воспалението се повлекува, стомачната мускулатура се затегнува и рибите повторно влегуваат во вториот стадиум на физиолошката зрелост.


Предмресна состојба и мрестење

Предмресна состојба и мрестењето представуваат физиолошка состојба на организмот (половите гонади), кои се во голема мерка зависни од низа фактори, внатрешни и надворешни.

Внатрешните фактори кои делуваат на развојот на половите гонади и половите продукти се резултат на генетскиот потенцијал.

Надворешните фактори – фактори на средината во која живеат рибите, а то се пред се: температура на водата, количина и квалитет на водата, светлината, барометарскиот притисок, количината на храна и слично.

Температурата на водата и светлината имаат директно специфично влијание врз развојот на половите продукти и нивното созревање. Покрај внатрешните фактори кои влијаат на созревањето на половите гонади и поло вите продукти, особено значајна улога има температурата на водата и светлината, која директно влијае на забрзувањето или забавувањето на половото созревање и мрестењето. Познате е дека за созревање на половите продукти кај рибите неопходно е да се исполнат соодветни услови на температурна сума, а таа топлина рибата ја добива преку водата во која се наоѓа и живее. За целосно полово созревање на половите гонади и половите продукти до мрестење, на пример на крапот му е потребна температурна сума од 1000 до 1100 температурни дена, кај растително јадните риби од 1150 до 1450 температурни дена. Тоа значи крапот во тропските краишта може да се измрести 2 до 3 пати во текот на една година, додека во наши услови и природно живеење во отворените води, мрестењето се врши еднаш годишно, во пролетните месеци.

Барометарскиот притисок на мрестот делува индиректно. Нискиот притисок секогаш носи дождови, а тоа значи зголемени водостои и промена на хемискиот состав на водата, па при такви ситуации на неповолни услови кај рибите во времето на мрест, доаѓа до задржување на половите продукти, односно одложување на мрестот до создавање на поволни услови.

Исхраната е основен фактор за развој на целиот организам и неговиот раст, исто така делува и на развојот на половите продукти. Недоволно и слабо хранети риби даваат лоши полови продукти, со слаб квалитет и намален број на икра кај женките.



Мрест на некои видови риби од значење за спортско - рекреативен риболов


Семејство SALMONIDEA

ПОТОЧНА Пастрмка – Salmo trutta

[ img ]
Полова зрелост достигнува за 3 до 4 години на животот, со тоа што мажјаците се пораностасани за една година пред женките. Се мрести во есенско зимските месеци најчесто од ноември до февруари во зависност од еколошките услови каде престојува. Икрата ја положува на песокливи и чакалести подрачја, во плитки и бистри брзаци. Местото за мрест предходно го припрема чистејки го песокот и дното до потполна белина на камењата, во народот се познати како белишта. Во така подготвените места женката ја полага икрата, а мажјаците при испуштањето на икрата во непосредна близина испуштаат млеч врз самата икра. По тоа женката со опашката ја покрива икрата со песок. Икрата останува да лежи на дното бидејки нејзината специфична тежина е поголема од водата. Просечната плодност се движи од 1.500 до 2.500 зрна икра по килограм телесна тежина. Икрата е со големина од 3,5 до 5mm. Инкубациониот период е тесно поврзан со температурата на водата, но воглавно се инкубира за околу 410 до 480 температурни дена, а тоа е околу 50 до 60 дена. Излезените ларви во почетокот се хранат од својата вителусна кеса, а покасно со ресорпција на вителусната кеса преминуваат да се хранат грабежливо во прво време со зоопланктон.

ОХРИДСКА Пастрмка – Salmo letnika
[ img ]
Полова зрелост достигнува во 3 до 5 години од животот, а се размножува во приобалниот дел на песокливото дно. Постојат литературни податоци кои зборуваат за мрестење на охридската пастрмка во различин период од годината, а тоа значи постои летен мрест август – септември, кај подвидот летница и зимскиот мрест кој е вообичаен за месеците јануар февруар. Просечната плодност изнесува околу 2.000 зрна икра на килограм телесна тежина со големина на икрата од приближно 5mm.

БЕЛВИЦА – Salmothymous ohridanus
[ img ]
Полова зрелост достигнува во 4 односно 5 година од животот. Времето на мрест и е во зимските месеци од декември до февруари. Растот на оваа риба е многу бавен. Се смета дека за 6 до 7 години нараснува едвај до 300g и околу 30cm во должина, доа значи дека белвицата е најспориот во раст од сите видови пастрмки.


Семејство CYPRINIDEA

КРАП – Cyprinus carpio

[ img ]
Полово созрева од 2 до 3 година на животот. Се мрести во пролетните месеци од април до јуни во нашето климатско подрачје, додека на Далечниот исток се мрести по неколку пати во текот на една година. Плодноста се движи од 260.000 до 1.000.000 зрна икра. Икрата е леплива и се залепува за меката подводна вегетација каде се инкубира при температура од 17 до 21⁰С. Инкубацијата трае од 7 до 10 дена односно 150 до 167 температурни дена.

Крапот не е пробирач на храна и спаѓа во сештојади. Според тоа и подмладокот во почетокот се храни со зоо и фито планктон. Ова важи за сите видови риби од семејството на Cyprinidea.

КЛЕН – Leuciscus cephalus
[ img ]
Кленот како и останатите негови сродници од семејството Cyprinidea се мрести во пролетните месеци април - мај. Икрата ја полага во поплитките места каде има подводна вегетација. Просечната плодност му изнесува од 50.000 до 100.000 со големина од околу 1,5mm. Инкубацијата се одвива на температура на водата од 12 до 15⁰С.

БОЈНИК – Chondostroma nasus
[ img ]
Полова зрелост достигнува во 4 до 5 година при должина на телото од 20cm. Се мрести во пролетните месеци април - мај. Просечноста на плодноста изнесува од 1.500 до 12.000 зрна икра која ја полага во гнезда на чакалести и песокливи подрачја. Инкубацијата се одвива на температура на вода од околу 15⁰С.

МРЕНА – Barbus barbus
[ img ]
Половата зрелост ја достигнува на 3 до 5 години. Се мрести во пролетните месеци мај - јуни. Во периодот на мрест се собира во поголеми јата и се упатува до терените погодни за мрест, терени со побистра вода со чакаливо и песокливо дно. Икрата е леплива и се инкубира при температура на водата од околу 16⁰С. Просечната плодност се движи од 30.000 до 80.000 зрна икра. Карактеристично за мрената е дека икрата и е токсична и не се препорачува да се конзумира.

ПОПАДИКА – Vimba Vimba
[ img ]
Половата зрелост ја достигнува на 4 до 5 години. Се мрести во пролетните месеци мај - јуни во големи јата на чакалива подлога. Плодноста и е од 80.000 до 200.000 зрна икра со големина од околу 1,4mm која е леплива и се лепи за подлогата или водените растенија. Инкубацијата трае од 2,5 до 10 дена во зависност од температура на водата. Во периодот на мрест телото и станува рапаво.

ЦРВЕНОПЕРКА – Rutilus rutilus dojranensis
[ img ]
Половата зрелост ја достигнува многу рано. Женките се полово зрели во втората година од животот, додека мажјаците многу често се полово зрели уште во првата година. Се мрести во пролетните месеци март - април. Икрата ја положува во подлабоките слоеви која се залепува за растенијата и за неколку дена се инкубира и излегуваат мали рипчиња. Во периодот на мрест телото и станува рапаво исто како кај попадиката.

ЛИЊАК – Tinca Tinca
[ img ]
Полово созрева во 4 година од животот. Се мрести во пролетните месеци од април до јуни. Просечната плодност му изнесува околу 300.000 зрна икра.

АМУР – Ctenopharyngodon idella
[ img ]
Полова зрелост постигнува во 4 година на животот. Природно се размножува при температура на вода од 26⁰С и брзина на движење од 0,7 до 1 m/sec. Икрата не му е леплива и слободно плива по површина на водата каде се врши нејзината инкубација. Плодноста на амурот е од 26.000 до 850.000 зрна икра. Во нашето климатско подрачје не се мрести по природен пат.

ТОЛСТОЛОБИК Бел – Hypophthalmichthys molitrix, Сив – Aristichthys nobilis
[ img ] [ img ]
Половата зрелост ја постигнува во 4 година од животот, а се мрести при температура на водата од 26 до 30⁰С. Просечната плодност изнесува 490.000 до 540.000 зрна икра. Во нашето климатско подрачје не се мрести по природен пат.

КАРАС Златен – Carassius carassius
[ img ]
Половата зрелост ја постигнува за 3 до 4 години. Се мрести во пролетните месеци мај и јуни. Просечната плодност изнесува околу 300.000 зрна икра. Икрата е леплива и ја полага на подводната вегетација.

КАРАС Сребрен – Carassius auratus gibelio
[ img ]
Половата зрелост ја постигнува во 3 до 4 година при должина на телото од околу 20cm. Просечната плодност изнесува околу 400.000 зрна икра која ја исфрла во повеќе мрестења во пролетните месеци паралелно со некој друг циприниден вид риби. Се размножува со процес на гиогенеза. Во овој процес не доаѓа до оплодување на икрата од страна на мажјакот, туку млечот од другите ципринидни видови на риба предизвикуваат самоделба на женската полова клетка без мешање на генетскиот материјал. На овој начин изведените рипчиња сите се сребрен караш и тоа женки, а не мелези како едно време и се мислеше. Одовде потекнува и нејзиното народно име БАБУШКА кое потекнува од русија.
Се смета дека инвазионата фазе кај нас веке е завршена. Рибата е прилагодена на нашето поднебие и дека популацијата на сребрени караши денес го сочинуваат приближно ист број на женски и машки примероци.


Семејство SILURIDEA

СОМ – Silurus glansis

[ img ]
Полово созрева за 4 до 5 години. Се мрести при температура на вода од 19 до 24⁰С, обично во пролетните месеци. Икрата ја положува во гнезда, примитивно направени од гранки на подводни корења и подводната вегетација со големина 1 x 1m и височина 75cm. Просечна плодност му изнесува од 16.000 до 17.000 зрна икра на килограм телесна тежина. Гнездата за време на инкубацијат а и некое време потоа ги чуваат мажјаците и агресивно напаѓаат се во својата околија. По инкубација малите сомчиња се хранат со зоопланктон и секогаш се наоѓаат на поголема длабочина. Подмладокот многу брзо расте и во првата година постигнува тежина од околу 400g и должина од 25cm. Примероци од 3kg се стари околу 4 години.


Семејство PERCIDEA

КОСТРЕШ – Perca fluviatillis

[ img ]
Половата зрелост кај кострешот настапува во втората до третата година на животот а може и порано. Мрестот е карактеристичен за период од февруари до март. Женката исфрла икра која е слепена во лепеза или синџир. Просечната плодност се движи од 300.000 зрна икра на килограм телесна маса. Основната храна на малите риби е зоопланктон, а покасно се храни на граблив начин ловејки ситни јатни риби.

СМУЃ – Stizostedion lucioperca
[ img ]
Полова зрелост достигнува на 4 до 7 години од животот при големина на телото од околу 60cm. Се мрести во пролетните месеци при температура на вода од 12 до 15⁰С. Икрата женката ја полага во гнезда направени од меката подводна вегетација во облик на дупка, кои по оплодувањето се до излегувањето на малите рипчињата ги чува мажјакот. Просечната плодност се движи од 200.000 до 500.000 зрна икра со големина од 1 до 1,5mm. Првата година малите рипчиња се хранат со зоопланктон, а потоа преминуваат на грабежлив на чин на исхрана.


Семејство ESOCIDEA

ШТУКА – Esox Lucius

[ img ]
Полово созрева во 3 до 4 година на животот, при големина на телото од 30 до 40cm. Мажјакот скоро секогаш е прано полово стасан од женката. Просечна плодност изнесува од 100.000 до 1.000.000 зрна икра со дијаметар од 2,5 до 3mm. Икрата е доста леплива и се залепува на подводната вегетација до длабочина од 40cm. Инкубациониот период најчесто трае две недели при температура на водата од 14 до 20⁰С, а тоа е најчесто во пролетните месеци. Подмладокот се храни со планктон, а подоцна кога ке нарасне на 4 до 5cm преминува на грабежлив начин на хранење.



Како извор на податоци се користени:
СЛАТКОВОДНО РИБАРСТВО - Вангел Стевановски (Универзитет "Св. Климент Охридски" Битола Факултет за Биотехнички Науки Битола, 2003)
ТАЈНЕ РИБОЛОВА 1 - Александар Дакиќ (Вршац 2002)
ИНТЕРНЕТ ( http://mk.wikipedia.org/ и еx. YU сајтови од каде се преземени и сите слики)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 12:38 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
alal da ti e :P

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 12:41 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
супер тема боби браво за трудот што си го вложил и се надевам дека многу членови ке научат некоја информација повеке за рибите што ги ловат

браво

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 12:44 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Ова е за поздрав, со задоволство го исчитав.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 1:06 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Odlicno sklopeno Bobi .


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 1:53 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Majstorski sostaveno,sekoja cest kolega ;)

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 7:26 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Навистина интересно,вредел трудот.Многу едукативна тема :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 4:54 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Намерно ја имам изоставено ЈАГУЛАТА. Некои книги едноставно не можам да си ги најдам (од 70ти - 80ти години на минатиот век, меѓу нив првиот и единствениот риболовен прирачник, колку јас знам, на македонски јазик издаден во ех. YU), а имаа неверојатно прецизни податоци за мрест на оваа риба, но наскоро мислам дека и за нејзе ке напишам (преведам - препишам) нешто и ке го споделам со вас.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:33 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
содржајна тема, честитки за трудот


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 6:14 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Bobi,

Ova kako od enciklopedija pa me isprovocira da prasam nesto:

Ne mi e jasno kako amurot ne se mresti po priroden pat kaj nas, a veruvam deka e taka zasto sigurno ova ne e pisano od raka (ova go imam prethodno procitano i na drugo mesto).
Jas sakam da zboram konkretno za amurot na Tikvesko (niz toj primer moze i drugite vodi da se analiziraat), za koj imam pretstava deka go ima vo solidna kolicina. Ne postoi den a da ne se fati 1-2 ili poveke primeroka osobeno vo periodot april-avgust. Od kade doaga taa riba, ne veruvam deka nekoj ja pustil, a od druga strana sekoja godina e ovoj prosek na fateni amuri. Tezinata na ulovenite im se dvizi od 3 do 10 kg. no se fakaat i pogolemi.
Isto taka imam vpecatok deka najcesti se udarite od 8-9 kg. dali mozebi ova e pokazatel deka toa e nekoja generacija amurcinja koja nekogas e pustena vo ezeroto pred 4-5 godini?

Ako moze i nekoj drug okolu ova da dade mislenje, bi mi rascistil vo glavata nekoi dilemi :roll:

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum