www.ribar.com.mk
https://ribar.com.mk/forum/

Штука
https://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=54&t=184
Страна 115

АвторCOLON  Poliz [Сре Oкт 27, 2010 10:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Штука

Не е многу честа кај нас...но да споделиме и за неа ;)
angels НапишиCOLON
Омилена риба на голем дел од риболовците кои ловат со вештачки мамци. Се мрести од февруари до мај кога женката полага до 70.000 до 100.000 јајца од околу 3 мм. во плитките и обраснати и зафрлени места, а женката ја придружуваат еден до два мажјаци. Најголем дел од икрата не преживува бидејќи по 2-3 седмици изведените рипчиња ги јадат токму штуките. Се храни со риби, глувци, змии и се што е живо и мрда во водата. Таа може да проголта плен дури до две третини од нејзината големина.
Се лови со вештачки мамци (воблери, пеперутки, лажички) и др. При лов на штука задолжително е да се користат сајлички, затоа што штуката со своите остри заби може лесно да го оштети конецот и да го скине при што го губиме уловот, а најлошо е тоа што и самата риба може да умре бидејќи со воблер во устата не може да се храни. Во Скандинавија и во Сибир штуката може да порасне и до 2м. и до 30 кг.

АвторCOLON  Филип [Чет Oкт 28, 2010 8:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Колку што има јас информации, ја има само во р. Струмица (влегува од Струма - Полиз исправи ме ако грешам) и на времето ја имало многу во Моноспитовско блато каде што се мрестела (не верувам дека сега ја има бидејќи и блатото е отидено)
Како што прочитав некаде, Липковско езеро било порибено со доста штука, ама не ми се верува дека некој од нас ќе се з'гне до Липково :)
Инаку имам прочитано дека на времето ја имало и во Дојранско езеро, ама не успеав сега да ја најдам таа информација на интернет.

До сега немам ловено штука, не сум одел во Грчка по риба за да имам можност, а во Смоларе сум бил 2 пати, ама туристички на водопадот ;)

АвторCOLON  Poliz [Чет Oкт 28, 2010 9:31 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Точно,ја има во река Струмица,во остатокот од Моноспитовско Блато,атрактивна е за ловење многу.
Инаку за Дојран,никогаш не сум слушнал оти имало штука,а е идеално место за неа ;) со оглед на многуте белвици,карашчиња,црвеноперки,кои се секогаш на главното мени на штуката.

АвторCOLON  Poliz [Чет Oкт 28, 2010 4:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

За секоја пофалба Боки ;) Оваа година сите мали штуки,здравје што
ќе ги закачиме,ќе пробаме живи да ги донесеме,за некоја од нашите води ;)

АвторCOLON  Филип [Чет Oкт 28, 2010 4:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

И ова е за пофалба Полиз :) Порибете некое езеро, па поканете не следната година :)

АвторCOLON  Филип [Пет Ное 26, 2010 2:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

И ова не го знаев, имало штука во Црна река. Еве извадок од еден текст на ribari.mk:

"Поучени од овие статистики екипата на риболовно катче тргна на риболов на штука на Црна Река во Битола. Кога стасавме кај селото Могила едно од ударните места за риболов на штука наидовме на матна и голема вода. Штуката на Црна риболовците ја ловат од вливот на река Шемница до вливот на реката Драгор . Во краток разговор со риболовците мештани дознавме дека штуката е активна во овој период во дупките кај туланата на излезот од Битола на стариот пат за Прилеп и веднаш се упативме на тој риболовен терен. Овие дупки се направени со вадење на глина за потребите на туланата и се поврзани меѓу себе. Најголема длабочина е околу 3 метри а краевите се обраснати со густа подводна вегетација и со поголеми појаси на трска. Кога стасавме на местото забележавме неколку риболовци. Некои риболовци ја ловеа штуката на рипче и тоа на сребрен карас а двајца риболовци ги чешлаа рибарски кажана дупките со површински воблери. За лов на штука постојат четири основни риболовни техники и тоа лов на штука со мртви мамки како риба или жаба потоа со вештачки мамки како разни блинкери и воблери, потоа со мушичарење со разни мушици и стримери и на живи маки . Риболовците кои ловеа на сребрен карас имаа уловено неколку примероци со просечна тежина околу еден килограм . Во битолскиот ревир со риболовните основи не е одредена најмала дозволена големина за риболов на штуката затоа што не е автохтона, додека на струмичкиот ревир најмала дозволена големина е 40 сантиметри."

АвторCOLON  Poliz [Сре Дек 01, 2010 11:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Филип НапишиCOLON
Poliz НапишиCOLON
За секоја пофалба Боки ;) Оваа година сите мали штуки,здравје што
ќе ги закачиме,ќе пробаме живи да ги донесеме,за некоја од нашите води ;)
И ова е за пофалба Полиз :) Порибете некое езеро, па поканете не следната година :)
viewtopic.php?f=10&t=86

АвторCOLON  Danielbtmk [Нед Јан 16, 2011 11:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Штуката ја има и на езерото РЕК кај Битола, т.н. Ергела и кај Туланата.. :)

АвторCOLON  Lepi [Вто Јан 18, 2011 1:34 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

... немојте дечки да порибвите некое Езеро со Штука, пошто за најкасно 3 до 5 Години не ќе имате шо да ловите во таа вода !!! Нашиве езера се опустошени од мрежарите и уште штуката кога ќе се рашири, ќе му ебе мамата на цела бела Риба.

Река е нешто друго, т.е. таа не можеш да ја контролираш, пошто скоро сите реки одат во Вардар и ако реши Штуката од Грција да иде кај нас, Виза не и требиТ :mrgreen:

Поздрав од Охрид, и кој ви е крив шо не ме послушавте да дојте ваму, прекрасно време, Пролет, Плашка крупна на Каналот(за 5 саати просек 5 до 8кг) а на Глобочица се вадат Кленој, Скобали и Добри Караси ... Е сега времето ќе бидит „позимско“ од викендов, па и така кога е во Охрид убаво е ;)

АвторCOLON  vladimir [Сре Јан 19, 2011 5:57 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

go poddrzuvam covekot od Ohrid.....ako sakate da vi se unisti se poribete so stuka....od isecokot od ribari.mk. da stukata ja ima na "tulanata" vo Bitola, inaku od porano poznato mesto vo Bitola kade se fakale golemi kolicini na sekakva riba, no otkako e poribeno so stuka, druga riba nema ni za lek.....apel od mene do vas ne si gi rasipuvajte ezerata, licno ja mrazam kako riba i edinstveno so nea ne se stedam i sekoe mozno uloveno ribce odi vo tava......mozebi nema da imam mnogu istomislenici ama ova e samo moe mislenje......pozdrav ....razgele

Страна 115 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/