www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Дек 05, 2024 5:31 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 31, 2018 11:05 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
-По долги најави и договарања со мојот пријател и домакин Митко Прошев се решивме да го посетиме преубавото езеро во Богданци, кое едноставно не остави без зборови. Петокот после работа спремна колата све во 15:00 часот бевме на езеро, немавме многу време за размислување што како каде со мали консултации со Митката одбравме место неловено со обрасната трева до колена. Набрзина го склопивме чамецот спремивме маркери и бојлите со нас во чамес го спремивме местото.
[ img ]
[ img ]
Мојот пријател Јане беше десно од мене на едно 100метри но дента немав можност да го посетам, не стемни ние репетирани ко пушки чекаме удар. Полна месечина тој ден некое преклопување на месечината имаше идеален ден за удари :yahoo: . Домакините одма не посетија се запознавме со нив со Трајче си извадивме карти и забавата може да започне . Околу 9 часот веке го имавме првиот удар крап од 3кг див небележан. Кобрење малце за 10 минути иде уште една 3ка дива. Викам оваа нок нема спиење , дојдоа домакините ги поканивме на ракија салата муабет седнаа муабети вака така одлична вечер , па седевме некаде до 3;30 часот . Откако тие не напуштија легнавме да се оптегнеме на креветите, и се стиши све мирно кога наеднаш десна трска го запали сигнализаторот , да закасневме малце отиде во вода цела. На трска се осека не е 4-5 ка овде е веке нешто посериозно закачено прав дивјак со јака борба . Јас вадам сите трски од вода плашејки се да не го допрам конецот, а машината зуе ли зуе не се сопира рибава зима конец. Борба едно 20 минути на чист терен јас влезен до пупак во вода конечно го кепнавме крапот беше преку едно метро. Прав палјурски убавев бисер без ниту една рана на него едноставно светеше.
[ img ]
Ома комшиите дојдоа откако го извадивме преубавиот крап ни честитаа за борбата, така возбудени адреналин до коска напукани не ни можевме да заспиеме таа ноќ. Предремавме по пола саат и повторно се фативме за работа . Префрлање крмење утринско и кафенце се разбира. Кога околу 9 часот кај комшиите даде страшен ран и побара помош за кепање одма дотрчав помогнав и тамо добра бобра еден крап од 4 кг. И тие вечерта имале јака борба со 7кг крап . Дојде време да ги вратиме убавците каде што припаѓаат, и Јане како добар фотограф ни направи екстра фотографии за успомен.
[ img ]
[ img ]
Сега видеото следи крапот здрав жив вратен во преубавото Палјурци

Потоа следеа доста удари од 3-4кг на алкирани крапови секако фатени и вратени веднаш во вода, а удираше и доста подмладок од езерото по пола кг. Околу 4 часот на истата трска повротно јак удар и повротно акција. Јака риба беше за жал не знаевме дали е крап или сом но доста голем примерок беше. Се заглави пред нас на едно 30м па колегата набрзина испаничен скокна во чамец без кеп без ништо следеше доста голема борба со рибата едно 15 мин едноставно го возеше по езерото без никаков проблем.

Испаничен и немокен во чамецот незнаејки што е со рака го гати конецот и го измкна чист немаше ништо на него. Но со совети со крапчии колеги , викаат ако било сом ке имало лига на предвезот, тоа го немаше на него. Значи може и бил некој дивјак 20+ кој беше страшно мокен.
[ img ]
[ img ]
Прекрасна вода што во иднина со вакво чување на рибата на риболовното друштво КОСТРЕЖ гарантира за 2-3 години езеро Пелагичево. Се надевам доста од нашите членови ке ја посетат оваа вода, а и јас повторно штом ми се укаже шанса. Се надевам ви се допадна репортажата па се гледаме до нареден богат риболов Бистро до сите членови.......


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONСре Aвг 01, 2018 8:26 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jун 10, 2011 5:18 pm
МислењаCOLON359
ЛокацијаCOLONSkopje -Ilinden -
По долго време конечно Крапска репортажа,, меракот е направен и секој на своето место кај што припаѓа БРАВО...

_________________
Риболовот не е хоби - тоа е животeн стил...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONСре Aвг 01, 2018 9:25 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 19, 2011 8:09 pm
МислењаCOLON324
Браво Киро добра репортажа,
ако издржат да го чуваат езерово како што викаш,ке имаме добра вода за риболов.

_________________
ТАПА СИ Е ТАПА!!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONСре Aвг 01, 2018 9:46 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Одличен улов Кирца, преубав див крап и одличен помин, нека се множат


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONСре Aвг 01, 2018 9:50 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Браво бе Кирца. МЕРАЦИ
И јас сум еден од тие кој поодамнам у се токми на езерото


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONЧет Aвг 02, 2018 12:35 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
:NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: :~~ :~~ :~~ :~~ :fishing: :fishing: :fishing: :fishing:

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONЧет Aвг 02, 2018 4:18 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
suoper reportazha kirche neka se mnozhat izleti avanturi i kapiralci,pozz i bistro :thumbs_up:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONЧет Aвг 02, 2018 9:26 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Ubavo Kirca.
Kazi sega sto bese so somot, zosto tolku brzo se otkazavte.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 03, 2018 8:14 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
saso НапишиCOLON
Ubavo Kirca.
Kazi sega sto bese so somot, zosto tolku brzo se otkazavte.

Udarot bese strasen , pravec na trska jaka borba imase, i na edno 40m do obala se zaglavi na nesto ribata dole. Pa jas dur go zemam kepot kolegata mn brzo bese vo camec, bez kep ne mi dade sansa i jas da bidam so nego vo camecot. Sepak borba imase 20 min, a nego go prolazea mornici ko demek sto ke mu pravam kolkav e ova ona, go vozese 10m levo 10m desno, i na kraj se betonira vo muljta legna ne se pomrdnuvase . Sakav da vlezam da doplivam do kaj nego toj veke so raka go fatil konecot i pocnal da go korne podvezot iskoci, izbrzana reakcija golema greska :(


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Палјурци и полната месечина
ТемаИспратеноCOLONНед Aвг 05, 2018 11:41 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Кирца сом не се вади со кеп туку му бутнеш рака во уста и фаќај за долна вилица


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 19 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum