Две недели порано се јавувам на Пламен концесионерот на Суки Лејк да резервирам два сектора. По краток разговор се разбравме да се резервират за Нас сектор еден и два, покасно ке се укаже дека ги зафативме и сектор три и четири, друштвото порасна со доаѓање на нови колеги.
Во Четврток сабајле Јас тргам од Софија а мојот пријател Ице од Сандански, таму сум околу 8, малку потоа пристигна и Ице, се поздравуваме, малку разговор и започнавме сео подготовките.
Како добар домаќин му го отстапив левио дел од втори сектор, сепак беше прв пат тука и сакав да има добар риболов. Се покажа дека не погрешив, дечкото се изналови риби, си го постави и личниот рекорд.
Во Петокот сабајле пристигаат Иван и Андреј, двајца мои пријатели и колеги од работа, се настануваат на трети сектор, зафрлаат трските, малку прихрана и седнавме малку на кафе и на по чашка гроздова.
Некаде попладне Андреј имаше удар на убав амур кој наскоро се појави на суво за кратка фото сесија.
Некаде околу 17 часот ми се јавува Станимир, прашува има ли слободни места. Јасно ми беше зошто прашува и за едно саат, два ете го и него, се мести на четврти сектор, малку прихранување, зафрлање трските и по едно петнаесет минути , оп личен рекорд, некде над 16кг.
Преку ноќта немаше поголема активност, спиев во новиот шатор, воодушевен сум од големината и удобноста која ја пружа.
Саботата повторно активност на рибата, заборавив да напоменам дека во Петокот после пладне како и во Саботата имавме јако невреме, рибата како да полуде, во најголемиот дожд Ние мокри до гола кожа вадевме риби, абе ненормална работа.
Во Неделата малку помирно, преку ноќта две риби кај мене кои Јас си ги преспав, нормално при толку помлафи колеги.
Неделата околу пладне полека се спакувавме, задоволни од четиридневниот риболов и тргнаве накај дома.
Тоа е се , малку фотографии од убавите денови поминати на моето омилено езеро Суки Лејк