www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Jун 15, 2024 7:44 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 12:50 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
….Со Тафта на Вардар пресековме и си отидовме баш кога почна да удира, да си каснеш од газот, ама тоа беше мораше да се иде... тоа беше Сабота...поминавме и на Мавровица да ги посетиме спортистине и да им завидуваме што имаат трски во вода и акција во тек. Бидејќи имав одмор следната недела уште од таму размислував за следна авантура и каде да фатам џенем. Ми требаше целосна кампања која ќе држи малку влага. Следниот ден колата уште не ми ни беше растоварена, размислував да се вратам на местото на Вардар, размислував да идам на Преспа, Козјак и кај ли уште не. Почнав да вртам на луѓе да видам кој е слободен во работни денови, кој е на одмор, кој ќе прави друштво и кај да се здувне. Све зафатено, се со обврски, а јас наоштрен ко Гербер :)... сега слободни денови па кујзне кога пак, идам па ако треба и сам. Во принцип мислам дека идењето сам на риба повеќе денови во некоја дивина колку што е храброст и предизвик, толку е и глупост и лудило и сум против тоа, но овој пат лудакот бев јас и не ме држеше место.

Понеделник попладне се товарив и ја фатив накај Козјак. Земјата гори од жештина, а јас со цел памет растоварање и мкнење цела опрема и камп сам. Ја оставив колата на патот и спуштањенадоле накај езеро едно двеста метри натоварен како магаре по неколку пати, душа ми испадна.

Успеав пред само стемнување да се стационирам, исфрлав прихрана, фрлив една трска, втора трска и на фрлање трета трска удар на првата :shock: ...радост, неверување, паника, нема никој, нема помош, ќепот не е отворен, ниту пак изваден од футрола....Ајде полека по полека со една рака држи трска и некако контролирај ја рибата, а со друга пробувај да извадиш кеп....не успеав, рибата идеше накај мене, мора уште една рака да мота на машинка да биде затегната рибата, видов не иде, баталив кепот и се фокусирав на вадењето. Добро што крапот не беше некој поголем и некако успеав да го извадам со раце. Подобро добредојде неможеше да биде, првиот крап беше совладан.
[ img ]

Вечерта беше прекрасна. Месечината правеше одлична атмосфера.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Од една страна беше језиво што си сам, но од друга страна имаше активност се редеа повремени удари, дел реализирани, дел промашени, дел влегоа во дрва, повеќе кинења на закачки, генерално активна ноќ и утрина која ме остави без сон, но и ми најави интересна кампања. Она што не беше најдобро е што краповите беа мали, кило, килоипол, две, а имаше и помали од кило.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Се надевав на поголеми, но без разлика уште на старт започнав со селекција и многу крапчиња во оваа кампања си го најдоа патот за назат во водата.


Деновите беа сурови и пеколни. Вистински предизвик и тест од природата. Сам, во околина немаше жив човек, друштво ми правеа само животинки и инсекти.
[ img ]

[ img ]

Без да имаш со кого да направиш моабет, сам да подигаш тенда и шатор, да се бориш со ветерот кој на отворено знае да биде поприлично незгоден, сам да носиш дрва, камења, да затегаш и секако најголемиот тест како да преживееш по цели денови на суровото сонце, без сенка, без дрва во околина и температура над 40. Во околина жив змијарник, под секој трет камен змија, во вода исто така.
[ img ]

Пеколот да биде поинтересен се грижеа козјачките муви кои касаат и од кој нема спас. Во шатор не се влага нема каде да се криеш, мора надвор, мора да си гол затоа што не се дише, мувите касаат, под тенда како под вршник. Првиот ден сеуште имав мраз во фрижидерчето и уживав во освежувањето кое во лето со овошје е најубаво. На моето мени беа кајсииите и дињата.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Ги броев минутите во исчекување да падне сонцето и да паднат температурите.
[ img ]

[ img ]

За разлика од пеколните денови, ноќите беа поприлично ладни, дури и за мене изненадувачки бидејќи немав земено потопла облека освен еден сет на долги и едно потенко ќебенце. Се најдов во ситуација и плинското да го уклучам за да се стоплам во шатор.
[ img ]

Тоа е Козјак, што да се каже....ама јас ги сакам тие тестови на природата и обожавам вакви предизвици.

Уште една пикантерија на оваа кампања беше кепот кој се покажа како смртоносна замка за змии и други животинки. Уште немам пробано змии, а иначе кампањава имав одлична можност и за таква егзотика. Во една од вечерите кога го извадив имаше внатре две риби, една жаба и 6 змии заплеткано...ама така заплеткани што ни Bear Grylls не би знаел како да ги извади.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Толку змии во живот немам фаќано. Мораше да игра ножот и едно сат време ги вадев од кепот, права хорор-касапница.
[ img ]

[ img ]

Во делот на рибарлукот после првата вечер имав големи очекувања, но втората вечер веќе ми најави дека работите нема да одат во добра насока. За разлика од првата вечер кога имаше активност, имаше и скокови, втората и третата вечер немаше ни удари, ни скокови. По мене тоа се должеше на континуираното паѓање на водата и моја претпоставка е дека крапот, пред се поголемите први почнаа да мигрираат кон подлабоките делови на Козјак. Јас ловев на уливот и моја препорака е ако некој во скоро време иде на крап да оди кон внатрешноста на езерото затоа што водата и понатаму е во пад.
Преку ден имаше тук таму некој удар, пред се сабајле до кај 10.
[ img ]

Не искочи нешто поголемо, но кампањата понуди солидна активност, сигнализаторите работеа, имав сигурно околу 20 удари, имав многу риби кои ми отидоа во дрва бидејќи ловев на тежок терен.
[ img ]

Доста кинења, но и 10-тина извадени крапови. Земав 3, а останати ги вратив назат.

Едно од поубавите видеа кои ги имам направено е ова видео кое претставува одлична симболика дека кога селектираш и враќаш риба назат езерото знае веднаш да те награди.



На крајот би сакал да упатам порака да ги споделите вашите рибарски доживувања со останатите рибари тука на форумов. Јас на оваа кампања бев сам во поприлично сурови услови, но сепак не ги заборавив форумџиите и се потрудив да усликам, уснимам и споделам што повеќе рибарски моменти. Се надевам дека и другите кои беа или ќе идат по риба ќе ги споделат своите доживувања.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 2:39 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 21, 2011 11:33 pm
МислењаCOLON837
ЛокацијаCOLONTetovo
Samo strslen vi fali da ste slikale :lol:
Bravo momci... ubava reportaza

_________________
Just Fish it


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 5:59 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Браво Борисе, убава репортажа, за малите крапчиња воопшто да не се секираш, упорноста се исплаќа, ќе дојдат и големите!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 6:18 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Edna od redko poubavite reportazi za krap.ponekogas sam e pofobro nego so bilo kogo.rezultati ima
:NotWorthy: :NotWorthy:

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 6:50 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Ти си брат...на тоа пеколно време,сам во вукојебината...
Доказ дека кога се сака,се е возможно!!
Многу пати сум идел сам по риба,ама на еднодневна,неколку часовна..ама сам да одиш онде со преспивање е храброст!!

Аферим за авантурата :NotWorthy:

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 7:43 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Aпр 12, 2012 3:42 pm
МислењаCOLON605
Честитки зa хрaбрoстa сaм вo тaa дивинa и нa тoa тoплo...Штетa ништo пoкрупнo штo не ти удрилo,се рaди кoнстaнтнoтo пaѓaње нa вoдaтa...
Секoјa чест зa репoртaжaтa

_________________
Carp fishing...i love it !


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 9:04 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Boro ubavini...
Steta sto ne bev del od ovaa kampanja.. Zdrastvenite pricini se nekogas povazni..
Kakov robinso kruso bre ti si fredi kruger..

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 9:13 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
CARPE DIEM. Браво Борисе, но немој повеќе на неколку дена да одиш сам на вакви терени и услови.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 9:15 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Брао Боро, многу убаво, језиво тоа со змиите малце :D
Ме потсети како во емисиите на Дискавери Naked&Afraid survival :D


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 27, 2016 9:16 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jун 10, 2011 5:18 pm
МислењаCOLON359
ЛокацијаCOLONSkopje -Ilinden -
Одлика за храброст и предизвик - глупост и лудило :NotWorthy: :!:

пропуст што не успеав да бидам дел од козјак авантурата репортажава е за сите пари и примери кога се сака се нема препреки и двоумења за риболов само слободно време да се има

Б И С Т Р О

_________________
Риболовот не е хоби - тоа е животeн стил...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 15 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum