За празникот Богородица решивме со Фиксна и уште двајца болни со нашата дијагноза да свртиме скоро 800 км во еден ден се со една цел,да ја гледаме тапата како пропаѓа и борбата со едрите риби.
Дестинација Кожани,поточно езерото Полифитос(Polyfytos).Големо езеро,поголемо од Тиквешко.Од рибен фонд преовладува многууу крупна црвеноперка и бодорка,крап,многу сом,штука,клен,крупни парчиња костреш и што уште не.
Убавината е во тоа што се риболови од платформи големи кои им служат како докови за чамците.Опрема 14 конче,10 јадиче,5-7 грама тапа за побргу да тоне бидејки се лови на 10 метри длабочина.
Крупна црвеноперка и бодорка претежно излегуваше на зрно пченка
Многу ракчиња удираа исто така на пченката.Фиксна позира со едно
Дел од моментите...
Убави импресии од езерото,амбиентот,чистината на водата,чистината на околината..
Бистро!!!
_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite.