www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

ПРАВИЛА ЗА ОГЛАСУВАЊЕ
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=27&t=4772
Страна 11

АвторCOLON  GRUPA NA MODERATORI [Пон Maр 03, 2014 9:14 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  ПРАВИЛА ЗА ОГЛАСУВАЊЕ

1. Огласи во Купувам/Продавам смеат да поставуваат само членови што имаат над 50 постови и се регистрирани најмалку 6 месеци на форумот.

2. Бројот на поставени огласи се лимитира:

- Член со 50 - 1000 коментари = 7 огласи во една тековна година

- Член со над 1000 коментари = 10 огласи во една тековна година

3. Услужните огласи се поставуваат исклучиво од свое име и за нив одговара членот кој ги постирал. Истите се сметаат во дозволената квота на тој што ги поставува.

4. Задолжително е објавување на цена на приборот кој се продава.

5. Забрането е коментирање на цената, критикување и фалење на производот со коментари. Секој кој сака да праша нешто во врска со поставен оглас може тоа да го направи по Приватна Порака со продавачот, или да праша во веке отворените теми по форумот кои ја третираат конкретната тематика (трски, машинки и сл)

6. Продавачот/купувачот е должен да ги извести модераторите преку пост во огласот дека купопродажбата е завршена и огласот може да се заклучи. Продавачот не смее во еден оглас да продолжи да си поставува нови огласи.

7. Дозволени се вкупно 3 “подигнувања“ на огласот од типот на постирање на “актуелно“, намалување на цена и слично

8. Дозволена е продажба на рачно изработен ситен прибор од домашни производители – физички лица, со обврска да учествуваат со свои производи на лицитациите за порибување, или пак остварат некој друга соработка која би била од полза за форумот, сајтот и риболовците. Не е дозволена продажба преку форумот за физички лица - странски производители на рачно изработен ситен прибор, освен ако истите немаат воспоставено конкретна соработка со форумот, или пак нивните производи се продаваат во некоја од македонските риболовни продавници кои веќе соработуваат со Форумот.

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/