Јане не навлагам дали е маломерна, сигурно има и такви, ама очигледно е преку дозволеното, не ми беше тоа поентата, прашањето ми беше пред се поради тоа што Филип спомна некаква “екипа“ најверојано мислејќи на државната контрола која најверојотно беше деновиве во тој дел од Македонија, бидејќи нас ни дојдоа вчера околу 9-10 сат преку преку ден на Калиманци.
Поентата ми е 1. Ако се од мрежа (а и без да видиме слики знаеме дека со мрежа се прават партали на разни езера) таа државната контрола треба да се пушти во вистински акции против рибокрадци, кои најчесто се прават со добра организација, со многу информации и ноќно време, а не во денски акции за проверка дали риболовци имаат дозволи. Концесионерите си го прчат, а државна контрола од МРФ, платена од МРФ оди да проверува дали риболовци имаат дозволи, алооооооо кои акции се тие бе...., тоа ли е целта на државната контрола ?
2. Ако се од трска, апсолутно концесионерот е ќутук и не функционира, а пак ќе ја спомнам и државната контрола ако таа била во контрола, можеби треба да им направат правилник што треба да контролираат, па веќе кога се во контрола на некоја екипа риболовци, покрај глупоста со дозволите што си е работа на концесионерот, треба да прашаат што фативте, да прегледаат чуварки, сакови, да прошетаат покрај обалата каде што се лови и да проверат врзани сакови дали има, врвки дали има, што има врзано....ако правеле таква контрола може и ќе ги фателе овие месари. Од она јас што го видов, нас ни дојдоа, ни побараа дозволи, два реда моабет, си се качија во чамец и си продолжија, да имавме на пример 30 крапа врзани по сакови, можевме слободно да си ги земеме.
|