Поздрав форумчии
Како прво батерија имаше, снема меморија
Изминативе неколку години мака мачиме со локалните риболовци кои си пецкаа мали крапчиња и си ги земаат дома
сега тоа колку толку е сведено на минимум, но со текот на годините сите тие лобирања помогнаа да не само малите туку и поголеми риби да се враќаат назад... Е сега немаат ниту еден од нив душеци и други работи за грижа на рибите ама сигурен сум дека со време ќе набават
Уште нешто, големиот крап сеуште си плива
Еве еден крап изваден на 20ти јули оваа година
Изваден ноке, кога се научивме крапот веќе беше мртов, инаку ве уверувам дека ке се платеше тој крап сеуште да плива!!
Како и да е, во Паљурци има капитални риби а во последно време и многу сом испага а никој не го лови....
Ајде момци да направиме една дружба сега нема вода а и ке залади ке почнат да испаѓаат паљурски подморници, може и некој од тие буцнатите ќе извадиме па ќе се уверите дека се враќаат риби назад.
Поздрав и бистро !