www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=24
Страна 204204

АвторCOLON  akiribar [Сре Aпр 04, 2018 1:20 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО


АвторCOLON  sasemkd [Нед Ное 18, 2018 7:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

info za dojran da spodeli nekoj dali jade.
kako e so cuvari pravat li problem?
bil li nekoj sega brzo?

АвторCOLON  mesiah [Сре Дек 26, 2018 3:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Народе ...најдобронамерно...пошто постот од ФБ страната на Рибар2011 остана без ефект, еве и овде Ве замолувам доколку имате можност да ги алармирате џабелебојадците од МЗШВ и МРФ да го посетат езерото кое без концесионер се прави парче секојдневно за што има доста фалби на социјалните мрежи. Водите ќе ни останат само за бањање ако се продолжи со ова темпо. (Вардар среде Велес каде што е концесионер Бабуна се "џапа" рибата...еј среде град, рибата бега од кормораните да се спаси, а наидува на уште поголемо зло...закачуваат една а распаруваат десет, концесионерот к.р го боли...абе шо држава сме бе :evil: )

АвторCOLON  Boris [Чет Дек 27, 2018 10:18 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

За Дојран ОК крива е државата, но и да имаше концесија ќе се вадеше толку риба, ако не и повеќе, мислам дека има доволно риба. За Велес криви се рибарите, секогаш може дали преку социјални мрежи, дали лично, дали со одреден протест да се притисне концесионерот да си ја врши работата, ако рибарите ќутат тогаш значи ОК е

АвторCOLON  mesiah [Чет Дек 27, 2018 10:47 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Boris НапишиCOLON
За Дојран ОК крива е државата, но и да имаше концесија ќе се вадеше толку риба, ако не и повеќе, мислам дека има доволно риба.

Знаете добро дека на секоја вода каде нема концесија важи тотална забрана за риболов и секој риболов на таква вода е криволов, без разлика дали има или нема риби на таа вода - ако се прави контрола, рибата што се вади бесправно ќе остане во водата. Значи државата со начинот на работа стимулира криволовци.

Boris НапишиCOLON
За Велес криви се рибарите, секогаш може дали преку социјални мрежи, дали лично, дали со одреден протест да се притисне концесионерот да си ја врши работата
Рибарите да го тераат концесионерот да си ја врши работата ?!?!? - незнам што да кажам и дали ова воопшто заслужува нешто да се каже. Ти знаеш како е редот и законот, кој на што е оврзан со добивање на концесијата и кој на што е обврзан при плаќање на годишни дозволи за риболов. Концесионерот треба да го контролираат и да го тераат да си ја врши работата канцелариските глувци што му ја дале концесијата кој знае кој пат по ред.

АвторCOLON  Boris [Чет Дек 27, 2018 11:24 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Колега јас тотално те разбирам, главни виновници во ситуацијата се Министерство за земјоделие, на чело со министерот и секако Владата. Ако сакаат можат со време да ги почнат процедурите за концесија и со време да ги завршат и ниедна вода да не биде во таква ситуација како што е Дојранско, но очигледно тоа е на 1782 место во нивните приоритети, тоа ти е. Сепак ако има нешто добро во целото лошо е што Дојранско има риба, мене ми е повеќе жал за води кои генерално се сиромашни со риба и кои кога нема концесија ги напаѓаат и рибари и рибокрадци и мрежари и се.

Во однос на Велес, делумно се согласувам со тебе, ама во најголем дел не се согласувам. Да државата треба да контролира како работат концесионерите, ама тоа во нашиот случај се гледа дека е проформа и најчесто се темели на главните обврски на концесионерот 1. Дали порибил онолку колку треба да пориби за годината 2. Дали има вработено онолку чувари колку има обврска ...и толку. И главно концесионерите наоѓаат начин овие обврски да ги реализираат, но за добра работа на една вода треба МНОГУ повеќе од тоа.

Но затоа тука се рибарите кои доаѓаат на ревирот и вадат дозволи или рибарите кои се членови на здружението што е концесионер кои мораат да помагаат и да вршат притисок ако здружението-концесионер не работи како што треба. Ако има незадоволство од концесионерот ако не му текнува на него се бара оставка од Претседалот на здружението, промени во раководството и подобра работа. Ако неможе да се промени тоа здружение се прави друго кое на наредна концесија ќе аплицира и ќе покаже како треба да се работи. Што да кажам за Македонија, има куп здруженија концесионери чии раководства се од Дедо Ное и кои со години држат одредени води и ништо не прават таму, но тука јас вината ја наоѓам пред се кај членовите на тоа здружение и рибарите кои одат на тој ревир. Пр. Рибар 2011 сега е концесионер на скопски Вардар, Треска, Лепенец, работите одат добро, ама недај боже еден ден да тргнат лошо, не треба да чекаме Министер или Министерство да реагира, треба внатре да се решат работите и тоа е тоа. Така треба и за Бабуна, но .....

АвторCOLON  Veleso [Нед Јан 03, 2021 10:42 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Некој да даде инфо за Дојран. Како е со концесија, активност на рибата итн...

АвторCOLON  idam_cuco [Пон Maр 22, 2021 4:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Дечки смее ли да се лови на Дојранско? Каде се зема дозвола?

АвторCOLON  Филип [Вто Maр 23, 2021 8:54 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Смее да се лови, дозволи даваат и на лице место колку што читам по нетов.

Страна 204204 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/