Гледајќи на Гугл Земја, забележав едно не многу големо езерце во близина на село Ротино, Битолско, на патот кон Ресен. Имаше на вашиот сајт за некое езеро новоотриено од вас исто така на патот битола-ресен но во близина на ресен. Така да, тоа ме натера да одам и да видам што е како е, бидејќи тоа не е никаде досега спомнато.
Еве и координати
41° 3'13.91"N - 21°12'18.15"E
Некои од селаните кои ги прашавме рекоа дека иделе по некои рибари и ваделе не баш ''ситни'' риби, но не можеа точно да ни кажат за какви риби поточно се работи.
Толку засега... се надевам дека ви се допадна