www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

ОХРИДСКО ЕЗЕРО
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=118
Страна 132132

АвторCOLON  mesiah [Вто Oкт 30, 2018 9:36 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Сунчицата не е страшна...гледајте американецот да не се појави :x

АвторCOLON  koletheman [Пон Ное 05, 2018 5:14 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

пред 20 години доста беше застапена на преспанско, сега ја нема некако, можда реши и во охридско да си ја проба среќата :D

Инаку тие од радожда што не покажат севкупно што фатиле во мрежите, ја истребија пастрмката овие 50 години.

АвторCOLON  koletheman [Чет Jун 20, 2019 5:09 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

бев на охридско неделата, прво застанав кај 8 и пол кај Лагадин пофрлав на блинкер ништо не удри, продолжив градиште, и таму пофрлав на блинкер и мишуци со васер, пак ништо, појдов кај карпите гледам мренки врие, зедов на тапа да им фрлам, ама веќе фате жешкото 10 замина, пробав црв, ларва, леб, пченка од конзерва, ништо не пипаја, само овие ситните плашици се тепаја, стотици мренки а ниедна не јади, сменав на лесна дубинка пред уста да им пуштам ништо. Се изнамачив, па во два сатот правец струга на улив на дрим. Си реков таму сигурна добивка, според искуството од пред 10тина 15 години, кога почеток на јуни се собираше плашицата под мостот, и на бел црв со 5 јадичиња фрли фати, на 10 секунди по 5 крупни плашки од 20 цм. А пред уливот накај трската на ларва и црв на лесна дубинка крупни мренки и кленови се пецаја. Исто надолу по течение од мостот имав видено крупни кленови порано како фаќа едно бате на блинкер сребрен. Меѓутоа ништо од наведеното немаше ни плашица ни мренка ни клен. А езерото пред улив речиси без вода, само едно 40 цм. Нешто ич не е како што треба со охридско.

АвторCOLON  Филип [Чет Jун 20, 2019 7:39 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

На мрените друго им е во памет периодов :)

АвторCOLON  koletheman [Нед Aвг 04, 2019 11:53 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

некој совет за трпејца, за спин, ноќ, ден, имав читано на форумот дека на сабајле излагале добри парчиња. Дали навечер иди кленот до обала па да се проба воблер или со француско лепче на тапа со ампула

Страна 132132 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/