www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Риболовен ревир ТРЕСКА 1
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=151&t=720
Страна 11

АвторCOLON  D-r KIKO [Пон Maр 19, 2012 7:41 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Риболовен ревир ТРЕСКА 1

Треска, во Кичевската Котлина позната како Голема Река, е трета по должина вардарова притока. Извира од карстен вруток кој се јавува на јужниот огранок на планината Бистра, под врвот Киска во с. Извор во Копачка на 740 м надморска височина, а се влива во Вардар во Скопската Котлина кај с. Сарај, на надморска височина од 260 м. Вкупната должина на текот изнесува 138 км, со пад од 480 метри и сливна површина од 2.068 км2 или 8,04% од територијата на Р. Македонија.
Риболовната основа се однесува на реката Треска и нејзините притоки: Студенчица, Зајаска Река, Рабетинска Река (леви притоки) и Беличка Река (десна притока) и за сите мали и микроакумулации на територијата на oвa сливно подрачје.
Риболовен ревир “Треска 1” – опфаќа дел од Треска од изворот до мостот на патот кој води од Кичево до с. Пласница (мостот е граница) со сите притоки на Треска во тој дел од текот. Овај ревир се простира на општините Кичево,Другово,Зајас,Осломеј и Вранештица.

Од новата РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА РИБОЛОВНАТА ВОДА“ СЛИВ НА РЕКА ТРЕСКА”ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016
Најмали дозволени риболовни мерки за видовите значајни од аспект на рекреативен риболов на риболовните ревири Треска 1 и Треска 2:
Вид на риба Големина под која не смеат да се ловат
Пастрмка 35 см по старата основа беше 25 см
Бела мрена 35 см
Црна мрена 15 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Попадика 20 см
Најмали дозволени риболовни мерки за видовите значајни од аспект на рекреативен риболов на атрактивните риболовни води: риболовен ревир Треска 3, рекреативна зона Матка и рекреативна зона “РЕ Треска”
Вид на риба Големина под која не смеат да се ловат
Пастрмка 45 см по старата основа беше 25 см
Крап 45 см
Бела мрена 35 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Попадика 20 см
Црна мрена 15 см
Колку за информација дека е зголемена дозволената мерка меѓутоа мора да се потенцира дека има големи примероци ама не се толку во голем број



ЗР “Треска“ - Кичево
Живко Туфекџиоски 22
Кичево
(045) 221 988
(045) 221 920

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/