www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=151&t=6235
Страна 14

АвторCOLON  Bojan D.A.M [Пон Феб 22, 2016 10:30 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

Треска, во Кичевската Котлина позната како Голема Река, е трета по должина вардарова притока. Извира од карстен вруток кој се јавува на јужниот огранок на планината Бистра, под врвот Киска во с. Извор во Копачка на 740 м надморска височина, а се влива во Вардар во Скопската Котлина кај с. Сарај, на надморска височина од 260 м. Вкупната должина на текот изнесува 138 км, со пад од 480 метри и сливна површина од 2.068 км2 или 8,04% од територијата на Р. Македонија.
Риболовната основа се однесува на реката Треска и нејзините притоки: Студенчица, Зајаска Река, Рабетинска Река (леви притоки) и Беличка Река (десна притока) и за сите мали и микроакумулации на територијата на oвa сливно подрачје.
Риболовен ревир “Треска 1” – опфаќа дел од Треска од изворот до мостот на патот кој води од Кичево до с. Пласница (мостот е граница) со сите притоки на Треска во тој дел од текот. Овај ревир се простира на општините Кичево,Другово,Зајас,Осломеј и Вранештица.

Од новата РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА РИБОЛОВНАТА ВОДА“ СЛИВ НА РЕКА ТРЕСКА”ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016
Најмали дозволени риболовни мерки за видовите значајни од аспект на рекреативен риболов на риболовните ревири Треска 1 и Треска 2:
Вид на риба Големина под која не смеат да се ловат
Пастрмка 35 см по старата основа беше 25 см
Бела мрена 35 см
Црна мрена 15 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Попадика 20 см
Најмали дозволени риболовни мерки за видовите значајни од аспект на рекреативен риболов на атрактивните риболовни води: риболовен ревир Треска 3, рекреативна зона Матка и рекреативна зона “РЕ Треска”
Вид на риба Големина под која не смеат да се ловат
Пастрмка 45 см по старата основа беше 25 см
Крап 45 см
Бела мрена 35 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Попадика 20 см
Црна мрена 15 см

ЗР "ТРЕСКА" Кичево.... Pozdrav do cel forum "ribar.com.mk" BISTRO!!!

АвторCOLON  Филип [Пон Феб 22, 2016 10:40 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

Здраво Бојан, дали си ти дел од ЗС Треска - Кичево?

АвторCOLON  Bojan D.A.M [Пон Феб 22, 2016 10:42 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

Член сум неколку години!

АвторCOLON  Филип [Пон Феб 22, 2016 10:54 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

Браос :)

Него, се лови во делот од Извор до Кичево, над мостот према Пласница?

АвторCOLON  Bojan D.A.M [Пон Феб 22, 2016 10:59 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

Од село Извор до мостот за битола се природни мрестилишта!

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пон Феб 22, 2016 11:03 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

Добре дојде Бојан ... се надевам дека ке споделуваш повеке информации за вашито ревир :~~ :~~ :~~

АвторCOLON  Филип [Пон Феб 22, 2016 11:04 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

Знам, затоа и прашувам, често гледам риболовци натаму кога одам/се враќам од Охрид, па ме интересираше дали е дозволено.
И овој период, уназад месец дена се ловеше натаму кога имаше услови во однос на надојденост на водата.

АвторCOLON  Bojan D.A.M [Пон Феб 22, 2016 11:06 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

ТафТабиТ НапишиCOLON
Добре дојде Бојан ... се надевам дека ке споделуваш повеке информации за вашито ревир :~~ :~~ :~~
Фала ТафТабиТ :thumbs_up:

АвторCOLON  Bojan D.A.M [Пон Феб 22, 2016 11:07 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

Филип НапишиCOLON
Знам, затоа и прашувам, често гледам риболовци натаму кога одам/се враќам од Охрид, па ме интересираше дали е дозволено.
И овој период, уназад месец дена се ловеше натаму кога имаше услови во однос на надојденост на водата.
Ги ловат за време на мрест со мрежи и после слушам се жалат нема риба.
Ама ако ке дојде денот и за тие што ловат за време на мрестот да платат казна!

АвторCOLON  Филип [Пон Феб 22, 2016 12:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовен ревир "ТРЕСКА" -1

А со контроли како стоите во здружение, посебно во мрест?

Страна 14 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/