Еве, ај да ја започнам оваа тема која сигурен сум дека новодојдениот колега Келтан ке ја надополни со убави репортажи и секако сето она што ке го пропуштам да ме надополни !
Значи за тие што незнаат се работи за дел од Црна река пред влив во Тиквешко езеро (3-4 километри нагоре од езерото)
Изобилува со природа што мислам дека ни еден друг риболовен ревир неможи да ви ја пружи, доста добри места за рибарење, добри и длабоки вирови, од кои мислам дека најпознати се вировите: Бродот, Пенлив вир, Долгиот, Изворите, ..... е сега битолчани имаат едно име
а прилепчани друго...
Сепак се работи за терени каде природата знаела како мтреба да изгледа едно прекрасно риболовно место.
Од рибен фонд, сега незнам точно
ама порано беше баш она старото: фрли на црв и молисе да ти удри помала риба
Мнооооооооогу сомови, бели мрени 1-3 килограми нормална големина, и
клен што го имам видено и присуствувано кога го мереа-
5,350 кгр. Е за таков рибен фонд стануваше збор. Не дека и сега нема ама хемијата си го направи своето.
Еден од моите први излети на река во риболовниот спорт беше токму Врпско на 9-10 годишна возраст, и од тогаш до пред 2 години (23 години обавезно имавме излети 2-3 пати годишно до ова место. А зошто толку малце 2-3 пати одење?
Епа кој има камен во бубрези нека оди вервајте ке му излези дури да стигни.Патот (кој датира од турско време и бил главна сообракајница за жителите од Мариовските села кон Кавадарци) е екстремно лош, и доколку нема сеча на дрва истиот е оставен на милост и немилост на работ на времето, и по некој добронамерен рибар кој ќе скрши некое гранче. Мислам дека секретарот Ацо од Мамец Прилеп организираше порано чистење на патот но сега немам појма што се случува.
Да се прашувам јас би го дал Стрежево само да се врати
ЦРНА РЕКА ТОА ШТО НЕКОГАШ БЕШЕ !