www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Порибување на Вевчанска Река
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=151&t=4203
Страна 13

АвторCOLON  emil.matoski [Чет Ное 21, 2013 3:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Порибување на Вевчанска Река

Доаѓа карајот на овогодишната риболовна сезона, а со тоа доаѓа време да привршуваме со нашите Законски обврски. Ова „Законски обврски“, кога е во прашање порибувањето, сметам дека е кажано на нај груб можен начин ако се знае дека тоа е една од основните Статутарни задачи, една од нај суштинските цели во постоењето на секое риболовно здружение, а посебно на концесионерите. Обврска која не треба да ја извршуваме само затоа што е со закон зададена, туку треба да ја извршуваме со срце, со љубов, треба да ја чувствуваме како обврска не кон законот туку кон нашите идни поколенија.
ЗРСК Пастрмка - Струга, како концесионер на „риболовен ревир река Црн Дрим 1“, оваа година својата обврска со порибувањето ја започна на Вевчанска Река, која е исто така дел од споменатиот риболовен ревир.
[ img ]

Предлогот за заедничко организирање на порибувањето беше дочекано со воодушевување и од страна на градоначалникот на Општина Вевчани, кој со задоволство прифати да биде дел од целиот настан. Веднаш после првата средба со Градоначалникот, од негова страна, беше одреден човек кој заедно со ЗРСК Пастрмка ќе ги договори и организира сите детали околу порибувањето, а во исто време беше побарано се да се одвива во најдобар ред и што е можно побрзо да се заврши работата.
Деталите лесно беа договорени и се одреди датумот 20.11.2013 за да се реализира порибувањето.
Според договореното, утрината на 20.11.2013 од мрестилиштето на УКИМ Институт за сточарство, кое се наоѓа во с. Шум, Струга, беа подигнати околу 1000 единки автохтона пастрмка со просечна тежина од 10-15гр., заедно со целосната пропратна документација, па екипата на ЗРСК Пастрмка заедно со инспекторот од ДИЗ Охрид - Јован Бојчовски се упати на договорената локација, добро познатите Вевчански извори
[ img ]

Кога ќе прочитате што пишува на таблата кај изворите веднаш ќе ви стане јасно зошто од луѓето во Општина Вевчани бевме пречекани со широко отворени раце. Да, НИЕ И ПРИПАЃАМЕ НА ПРИРОДАТА, А НЕ ТАА НАМ !!! Ова е реченица што ми ја исполнува душата секогаш кога ќе ја прочитам, ова е реченица која длабоко продира во мене и со доза на строгост ми го покажува местото каде треба да се наоѓам и што треба да правам.
Само што пристигнавме кај изворите веднаш дојде и Градоначалникот на Општина Вевчани - Цветомир Угриноски заедно со неколку негови соработници
[ img ]

По доаѓањето на Градоначалникот веднаш беше преминато кон порибувањето. Порибено беше на 2 различни локации.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Откако беа пуштени сите пастрмчиња имавме прилика малку да се прошетаме покрај самата река и да ги чуеме идеите на Градоначалникот. Градоначалникот ни кажа дека имал желба Вевчанска Река да ја вклопи во агендата за привлекување на туристи и да ја претвори во атракција по теркот на некои реки во Словенија. Кажа дека бил воодушевен од нашата иницијатива и дека вратата за нас во секое време ќе биде отворена во Општина Вевчани.
Морам да нагласам дека на ова порибување имаше претставници и на неколку медиуми. За медиумите, покрај другото, Градоначалникот изјави:
[ img ]

- Апелирам до граѓаните на Општина Вевчани, а исто така и до граѓаните на Октиси и Велешта да ја негуваат и чуваат рибата, да нема рибокрадци претежно во летниот период кога водата е мала, затоа што имаме чуварска служба и знаеме дека казните ќе бидат големи.
Оваа реченица исто така е многу важна за нас. Во ситуација кога еден градоначалник ќе се заложи во борбата против рибокрадците, борбата станува посилна.
Порибувањето во целост беше следено од страна на инспекторот при ДИЗ, Јован Бојчовски на кој му беше уредно доставена потребната документација за ова порибување.
Ќе нагласам, ова порибување е прв дел од планираното за оваа година. Следи порибување на река Црн Дрим и останатите притоки, а во меѓувреме мораме да ја заштитиме порибената пастрмка, како и останатата која се наоѓа во нејзиниот природен мрест. Само така можеме да добиеме двоен ефект.
За крај сакам да изразам и голема благодарност до Лепи за убавото видео што го направи со разиграните пастрмчиња, новите жители на прекрасната Вевчанска река

Можеби немам доволно фото и видео матерјал од ова порибување, но Радован беше тука па ќе склопи една емисија како дополнение.
Бистро до следното порибување.

АвторCOLON  SantaFe [Чет Ное 21, 2013 4:11 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

:bravo:
Браво Емил, браво !
Одлично сте ја започнале сезоната на порибувања (за да не звучи грубо како што велиш „законската обврска“), ја чекам репортажата од Радован :lepi:

Од Лепи видеово е за на National geographic... ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ, го изгледав неколку пати!!!
:ok_ok: :NotWorthy:

АвторCOLON  Филип [Чет Ное 21, 2013 8:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

:~~ :~~ :~~

Посебно за видеото на Лепи :lepi:

АвторCOLON  ricko [Чет Ное 21, 2013 10:07 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

:lepi: ke treba da ja posetam

АвторCOLON  saso [Чет Ное 21, 2013 10:36 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

Ubava gletka.
Bravo za Emil.

АвторCOLON  VladoMKD [Чет Ное 21, 2013 10:45 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

Убавини :NotWorthy:

АвторCOLON  dinbt [Чет Ное 21, 2013 10:55 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

Edno najgolemo :bravo: za celata akcija
Neka sluzi za primer na mnogu drustva

АвторCOLON  Илчо [Чет Ное 21, 2013 11:38 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

Treba poveke luge da ima sto ova go rabotat so zadovolstvo,a ne kako obrvrska.Bez razlika dali faka ili pusta riba sekogas Emil dobro gi skockuva reportazite :D :NotWorthy:

АвторCOLON  Krki [Чет Ное 21, 2013 12:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

:bravo: :bravo: :~~ :~~ Ubavini poribuvanje :NotWorthy: :NotWorthy: ...

АвторCOLON  kire [Чет Ное 21, 2013 2:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Порибување на Вевчанска Река

:bravo: :bravo: така треба да работи еден концесионер :NotWorthy:

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/