www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Река ПЧИЊА
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=151&t=324
Страна 9393

АвторCOLON  Илчо [ Нед Феб 05, 2017 2:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река ПЧИЊА

Ne e losho :D

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  Dado [ Пет Jул 07, 2017 11:46 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река ПЧИЊА

Пчиња - Катланово деновиве бистра и мала , сепарации не ја матат, цело Катланово мафта со мрежички (попадика крупна црна у мрест се вади), се местат мрежи под Бадар со чамци, со раце се вадат покрупните примероци се прави огромна штета, а чувар нема никаде. Во риболовно друштво вардар јавено и стално истиот муабет...

АвторCOLON  Филип [ Пет Jул 07, 2017 12:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река ПЧИЊА

Пчиња секое лето е иста приказна.

АвторCOLON  Филип [ Пет Jул 14, 2017 8:22 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река ПЧИЊА

Вчера попладнето отидовме со Цакуле да ја видиме Пчиња во каква состојба е. Јас не сум бил последните 2 години воопшто. Реката е многу изменета (се менува секоја година на пролет кога надоаѓа). Водата на минимум, како и се останато во државава, потопло во вода отколку надвор. По моја проценка, најмалку 27-28 степени беше водата. Кленовите ги нема, сите се кријат преку ден поради мрежари, фаќачи со раце, фрлачи на сертмиња итн. Ситни кленчиња колку сакаш. Имаше и многу бојник, во сите брзаци светкаше, видовме и примероци до 30-35 см, ама не се замаравме со него. Многу умрени мренки и кркушки, ваљда од топлата вода и недостаток на кислород. Доста е од Пчиња за годинава.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  kire [ Пон Aвг 07, 2017 10:38 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река ПЧИЊА

Пчиња ја сотреа начисто.
Реката е толку мала коските е се гледаат,од Бадар надолу ја убија рибата,вештерки,мрежи,со раце...дење ноќе.Се носи со вреќи риба,слушнав и по 60 кг се носело.Цената во Катланово падна на 100 ден за килограм.Целосно е оставена сама на себе, од чувари ни трага ни глас.Треба да се собереме и во стилот на шаренине револуционери да раскурцаме се на тоа Југодрво и Вардар и МРФ и се во курац(се извинувам на некултурата и вулгарноста)

АвторCOLON  Dado [ Пон Aвг 07, 2017 10:55 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река ПЧИЊА

kire НапишиCOLON
Пчиња ја сотреа начисто.
Реката е толку мала коските е се гледаат,од Бадар надолу ја убија рибата,вештерки,мрежи,со раце...дење ноќе.Се носи со вреќи риба,слушнав и по 60 кг се носело.Цената во Катланово падна на 100 ден за килограм.Целосно е оставена сама на себе, од чувари ни трага ни глас.Треба да се собереме и во стилот на шаренине револуционери да раскурцаме се на тоа Југодрво и Вардар и МРФ и се во курац(се извинувам на некултурата и вулгарноста)
Ја уништија реката никој ништо не превзема, точно со мрежи и со раце се вади све, во здружение Вардар им укажувам ама џабе...

Страна 9393 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/