www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Kitka Kadina reka
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=151&t=243
Страна 44

АвторCOLON  ribarottt [ Сре Ное 16, 2011 6:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Kitka Kadina reka

ima i dosta krkuski kako ti sto sakas na olovce da lovis ama sega ne e sezona.A na 500 metri podole kade sto bil Filip pocnuva kanjon nadole,mnogu podivi mesta se nadole pod livadite ima i pokrupna pastrmka

АвторCOLON  Филип [ Сре Ное 16, 2011 6:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Kitka Kadina reka

Има и гладни волци, колку за информација :mrgreen:

АвторCOLON  Trioxin [ Сре Ное 16, 2011 8:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Kitka Kadina reka

Чекај, чекај, стварно има волци натаму?!

АвторCOLON  ilija [ Сре Ное 16, 2011 10:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Kitka Kadina reka

Nema volci.Site se izbegani zatoa sto se spustija meckite :lol:
A meckata jade krushi zar ne :mrgreen:
Sigurno deka ima volci,kade gi nema.Mislam deka sega e sezona na lov i ne veruvam deka ke sretnes nekoj.Kako i da e drzi se do naseleni mesta i bistro.Frlaj blinker.

АвторCOLON  Филип [ Чет Ное 17, 2011 8:45 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Kitka Kadina reka

Волкот е заштитен со закон за отстрел :)

Trioxin, јас кога имам спиено во домот (а лето беше), околу домот доаѓаа волци, а тек во зима кога има помалку храна на планините.

Ако рибариш, само блиску, и обавезно како одиш према реката, фрлај по некоја петарда обавезно, и да има волци во близина, ќе ги отера, единствено ако не се многу гладни :D

АвторCOLON  Kire.N [ Пет Aпр 27, 2012 12:08 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Kitka Kadina reka

Преку ден не би требало да имаш проблеми ама немој слуцајно да шеташ ноќе а ако кампуваш обавезно налози го добро огнот за да гори цела ноќ :) :) :) :)

АвторCOLON  Филип [ Сре Maј 23, 2012 9:26 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Kitka Kadina reka

Една добра вест, како дел од една не толку добра вест
ЦитатCOLON
Китка ќе оди курбан за хотел и фарми

На планината Китка, која со својата дивина му пркоси на градскиот метеж, ќе никнат луксузен хотел, фарми, оранжерии, органска храна, па дури и скијачки патеки. Инвеститор е бизнисменот Адем Абдулаи, сопственик на маркетите „Принц“, кој најавува дека, всушност, ќе развива летен и зимски туризам. Жителите на селата што гравитираат околу Китка, како и сопствениците на куќи и викендички во ова популарно градско место за одмор и рекреација, се поделени во размислувањата. Едни се задоволни што, пред се', некој конечно ќе го среди патот преполн со кратери, други, пак, негодуваат што и Китка ќе стане достапна за сите, а не само за вљубениците во природата.

До Китка се стигнува преку Драчево, по што патот долг триесетина километри води преку селата Долно и Горно Количани. До тука патот и не е толку лош, но потоа престанува асфалтот, се налетува на дупка до дупка и освен џип, тешко дека може да мине друго превозно средство, особено ако е врнежливо. Сега таму работи градежна механизација. Инвеститорот го тампонира патот, а за асфалтирање се очекува помош од Општина Студеничани, но таа засега изостанува.

Бизнисменот Абдулаи има големи планови на планината. Го купи рибникот, се одгледува органска храна, во фармите ќе има добиток и стока што ќе се храни без конзерванси. Здравата храна ќе им се служи на гостите во елитниот хотел што се гради до рибникот.

„Во првата фаза, хотелот ќе има 30 соби, а на крајот, околу 150 соби“, најавува Абдулаи. Тој вели дека важно е да се гради квалитетно без да се брза, иако, доколку се' биде во ред, хотелот би можел да проработи и до крајот на годината. Проблем претставува што во месноста околу рибникот, се' уште нема струја, но се очекува и тој проблем да биде решен. Во следните планови е изградба на скијачки патеки зад планинарскиот дом Караџица.

Дел од граѓаните, пак, се лути што планината ќе биде узурпирана.

„На Водно се изгради жичарница, се исекоа дрвјата, а сега истото ќе се случи и со Китка. Тука доаѓаа само луѓе што ја сакаат природата, оти поголем дел нема струја. Единствено патот што е за никаде, ама подобро тоа отколку Китка да стане место за елитен туризам“, негодуваат дел од викендашите на планината.

Абдулаи вели дека ги има добиени сите потребни дозволи за градење. Во Општина Студеничани не сакаа да коментираат околу градежниот бум на Китка.

АвторCOLON  cakule [ Пон Jун 10, 2013 6:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Kitka Kadina reka

Вчера бев на Кадина река во долниот тек кај од село Смесница па нагоре до 2км. Активност на рибата мала. Само мали рибчиња кои за жал од некои пливкароши се изловуваат. :cry: Можеби во горните текови има и повеќе риба ???

[ img ]
[ img ]
[ img ]

Страна 44 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/