Вести - Економија
Digg Newsvine del.icio.us Reddit StumbleUpon Technorati Yahoo! Bookmarks 347 0 Нискиот водостој на Брегалница ги загрижи земјоделците и рибарите
Земјоделците од брегалничкито регион стравуваат поради проблемите со сушата. Драстично е намален водостојот на Брегалница.
Новоформираните островчиња среде водотекот на реката Брегалница ги испаничија риболовците од македонскиот исток. Тврдат, нивото на водата е под биолошкиот минимум. Во време на интензивен мрест на рибата, сериозно е прашањето за нејзиниот опстанок. Икрите се повеќе над отколку под вода и се лесен плен за птиците.
- Овој период на мрест на рибата е доста значаен за нас риболовците. Меѓутоа, опаѓањето на нивото на водата во речното корито длабоко не загрижува. Беспомошни сме кога гледаме како птиците ја јадат икрата, која е повеќе надвор отколку, како што треба да биде во вода, изјави Зоран Шурдовски - генерален секретар на спортско - риболовното друштво Брегалница, Штип.
Намалениот водостој ги распамети и земјоделците. Без сон деновиве се кочанските оризопроизводители. Во екот на сеидбата на оризот, поголем дел од планираните 4.000 хектари, не се како што треба, потполно под вод.
-Тешко ни се пишува. Иако, како велат водата е пуштена по нивите, но како што гледате ниту половината не е засеани бидејќи нивите наместо да се полни со вода, тие се полупразни, констатира Станко Димитровски оризопроизводител од-Уларци, село во кочанско.
-Сеидбата не е завршена, а не знаеме дали и ќе ја завршиме како што треба, вода е се помалку, дополни Драган Темов -село Чифлик кочанско.
-Маката ни е голема и очигледна, колку и да се трудиме нешто да се поправи, без вода не бива, смета Симеон Костадинов - село Бања, кочанско.
Риболовците и оризопроизводителите на време реагирале кај надлежните од водостопанство и инспекциските служби. Доколку за ден - два не добијат соодветен одговор, поради како што велат критичната состојба со неочекуваниот недостиг од вода, ќе бараат судски надомест за евентуалните штети.
Дејан Ефремов
06.05.2012, 15:37
Ова е прилогот на Канал 5 _________________
ВАРДАР Е ВАРДАР
|