П Р О Г Р А М А
за Куп „ИЛИНДЕН 2013“ дисциплина „ПЛИВКА“
Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за спортско-риболовни натпревари во 2013 година, Купот на Република Македонија, КУП „ИЛИНДЕН 2013“ во дисциплината "пливка", во конкуренција на сениори, ќе се одржи на ден 28.07.2013 година во Маврово.
Организатор: Македонска риболовна федерација.
Право на учество имаат сите риболовни здруженија и клубови (РЗК) кои се членки на МРФ, со максимум две екипи, доколку навреме поднесат пријава за екипите и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар.
Купот „ИЛИНДЕН 2013“ нема да се одржи доколку се пријатат помалку од 5 (пет) екипи.
Патеката е на Мавровското езеро, на брана во с. Леуново. На патеката со успех се лови белвица, клен, моранец и други ситни видови на риби. Дозволен е улов на сите видови риби, без оглед на големината. Дозволена е употреба на прибор за ловење по слободен избор. Тренинг на патеката е дозволен до 14,оо часот на ден 27.07.2013 година.
Екипите се составена од 3 (тројца) натпреварувачи 1 капитен на екипа. Секоја екипа може да има и резервен натпреварувач. Сите членови на екипата задожително мора да бидат регистрирани спортски риболовци во 2013 год.
За учество на Купот „ИЛИНДЕН 2013“ котизацијата изнесува 1.500 денари по екипа. Уплатата на котизацијата се врши на посебна жиро сметка која е наменета искучиво за натпревари. Доколу поради недоволен број на пријавени екипи Купот не се одржи, уплатените средства ќе бидат вратени на здруженијата кои ги уплатиле.
Пријавувањето за учестово на Купот „ИЛИНДЕН 2013“ се врши писмено, најдоцна до вторник 23.07.2013. Пријавата може да е изврши преку пошта на адреса: Македонска риболовна федерација, Бул. Кочо Рацин бр. 75, 1000 Скопје, преку факс на телефон бр. 02-3164-539 и преку електронска пошта на адредсата:
[email protected] . Пријавата преку пошта задолжително да пристигне до горе наведениот датум.
Уплатата на котизацијата, регистрирањето на натпреварувачите и водачите и уплатата за спортската легитимација може да се изврши најдоцна до вторник 23.07.2013 година.
Жиро сметка за уплата на котизацијата и спортска легитимација:
МРФ - Скопје - спорт,
300-0000032550-65, Комерцијална банка
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:
За првопласираните три екипи, се доделува пехар со диплома и соодветни медали за членовите на трите првопласирани екипи и нивните водачи.
ПРОГРАМ - СААТНИЦА
28.07.2013 година (Недела)
до 07.оо часот: Пристигање на екипите и пријавување
07.оо часот: Отворање на Купот на патеката за лов риба - брана Леуново
07.15 часот: Извлекување на стартни броеви
08.оо часот: Пристап на патеката I сигнал
08.о5 часот: Најава за проверка на храната и мамките II сигнал
08.1о часот: Преглед на прихрана, мамки и прибор III сигнал
09.2о часот: Прихранување IV сигнал
09.3о часот: Почеток на натпреварот V сигнал
13.25 часот: Пет минути пред крај на натпреварот VI сигнал
13.3о часот: Крај на натпреварот VII сигнал
15.оо часот: Објавување на резултатите, доделување на наградите и затварање на Купот.
СУДИСКИ КОЛЕГИУМ:
- Главен судија:
- Секретар:
- Зонски судии:
• Зона А:
• Зона Б:
• Зона В:
За сите информации обратете се на тел. на МРФ, 02-3164-539
Натпреварувачка комисија
П р е т с е д а т е л
Кирил Нацевски