Јане е топ !
Мислам дека во повеќе наврати тоа го докажа со несебичната помош која ја понуди, испланира, договори и реализира со пратките од Карпологија без 1 денар за достава. И јас имав прилика да го запознам Јане пред едно четири месеци можда, впечатокот беше еднаков како кај тебе! Чичко Столе е исто така прекрасен човек за кого исто имам само најубави зборови, од кого добив и еден драг подарок и му должам репортажа посветена лично на него. Лично сум ги запознал само двајцата иако се надевам дека ќе се запознаеме со уште многумина (деновиве треба да седниме со Келтан за да му го дадам амблемот од Рибар 2011, со Проф. Русевски и Мики ќе правиме сигурно дружба/и летово на Преспа, со Аки и Оки и Ице Мамба обавезно ќе се видиме на Козјак, со Спиро ќе договориме една Прилепско - Битолска средба и т.н. и т.н.). Форумов е прекрасна работа за запознавање на нови луѓе (brothers in arms по риболов), стекнување на нови пријателства, а тоа барем за мене е она што нема цена и како и да ви звучи, во вакви прилики риболовот е само изговор и пропратна ствар. И што би рекол Бојаровски „Нека е бистро до нови средби“.