Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON |
Луѓе идејава ми дојде по одличниот пример од риболовното друштво од Куманово кои ги пренамелниле членарините за порибување.
Има ли расположени сили на форумов да започнеме со формирање на некој таков фонд со кој еден ден ќе купиме подмладок и ќе порибиме некоја вода.
Која вода, со каква риба, како ќе ги собираме парите и слично, тоа се веќе понатамошни прашања.
Која вода - секако заеднички би одлучиле (сега една, друг пат друга, а секако одговорот на ова прашање би било адекватно и кога ќе ги знаеме концесионерите, т.е да знаме дека порибуваме во вода која ќе ја чуваат)
Која риба - тоа најпрво ќе зависи од оние кои се адекватни да дадат одговор (стручњаците да ни посочат која риба каде би можело да ја пуштиме, дали може да се најде и секако од нашата крајна желба
Како ќе ги собираме парите ....тоа е најлесно, битна е желбата
....е и ќе заборавев, знае ли некој како се движат цените за подмладок, чисто да видиме за која пара што би добиле
Мој пост од 26.11.2011 тема:БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
1. Да се воведе месечен ЗАДОЛЖИТЕЛЕН придонес за СИТЕ ЧЛЕНОВИ на форумов во висина од 20-30 денари ( нема ни за осмина бурек) кој ќе служи за покривање на
трошоците на учесниците во овие акции (барем гориво и патарини). Ова бриши... додај ... за порибување на определен ревир.
2. Придонесот да се плаќа еднократно: тримесечно (60-90 ден.) полугодишно (120-180 ден) или годишно 240-360 денари.
3. Да се отвори трансакциона сметка на име на еден член кој доброволно ќе се пријави (непожелен е “лопов“, “курвар“ или “пијандура“... отидоа парите на друга страна)
кој ќе води грижа за истата како и за евиденцијата на движењето на средствата.
4. На сајтот да се отвори посебна страна на која пристап за уредување ќе има само избраниот доброволец и каде СЕКОЈ член ВО СЕКОЕ време ќе може да види кој колку уплатил, и колку и за што се користат СОБРАНИТЕ средства (по транспарентно здравје).
Мое лично мислење (со оглед висината на предложениот износ... дозволена ДИСКУСИЈА) не треба да има гласање (да го прифатиме со акламација), а Борис со програмерот на сајтот да го СПРОВЕДАТ ова во дело.
Бујрум, а особено сопственикот
Твој одговор
столе добра ти е идејата, ама мислам дека тоа треба во иднина институционално да си го решиме,т.е кога ќе се основа здружението, каде ќе пристапуваме со членарина, ќе има можност за донации и сл. до тогаш мислам дека не е проблем, ниту трошок да се учествува во вакви акции, како што реков претходно, ние сме рибари кои истите пари за бензин ги трошиме и за по риба....едноставно треба некогаш да се рескира рибилов, за да се оди на акција.
Борис, знаеш колкумина експлицитно го прифатија предлогот????
ДВАЈЦА Борис, ДВАЈЦА и тоа по име: Кире и Ненад212
Тогаш останав со размисла: Дали трчам како “ждребе пред руда“
Сепак мојот став е :
Идејата е супер и од се срце ја подржувам