Има крсте денеска за евтини пари штекови - нови и половни .
јас лично продавам стек 13 мт - 825 гр тежина може да парира и на поскапи модели од денешницата кои чинат и преку 4000 фунти.
столец МИЛО со штекот ги продавам за 300 евра .
Кој е заинтересиран ,може слободно да ме контактира Л.П.
Столчето е од репортажата на Глобочица , а стекот е на оваа тема постиран
Доколку сакате на ново да ја купите оваа опрема е исто како и кај сите хоби стварчици во денешницава.
Односно колку пари толку музика има од најевтин фибер -карбон штек до ултра модуларен карбонски штек со дијамантска површинска заштита.
За почеток секако не би предлозил некој од најскапите ,ама не и некој од фибер - карбон штекови .
Едните се за искусни натпреварувачи кои имаат многу риболовни часови позади себе ,
а другите ( ефтините ) се премногу тешки за да започнеш со овој риболов и ке се откажеш.
Знаци најизбалансирано е да се земе штек кој нема да биде многу тежок , ама и не префинет.
тоа би бил штек со ознака ALL ROUND - повеќенаменски штек .
Цената на едно вакво парче од 13 мт е од 600 - 1000 евра ( без резервни додатоци TOP SET ) .
столот најобичен со малку додатоци на него се двизи од 350 - 500 евра .
Што значи за почеток со риболов во оваа дисциплина кае ке имате солидно орудие за борба ќе ве чини околу 2000 - 2.500 евра .
Секако за секој почетник препорачливо е да стартува со половен штек , зошто ?
Затоа што гарантирано ке го искрши неколку пати додека не ја совлада оваа техника .