Обликот на Б9, само поиздолжена (одприлика дупло) користев за лов на
ЦрвеноПерка. Оптеретена до максимум. Само антената да се гледа. Оваа
форма добро стои на разбранета површина на вода, а истовремено со своето
подскокнување го подвижува мамецот (пченица) горе доле и ја привлекува
рибата.
Ова од искуство. Имено, имам приметено дека кога ке се смиреше површината
на езерото (Тиквешко) рибата стануваше понеактивна. Морав да повлекувам
по педа одвреме навреме и ефектот беше стопостотен.
Поради тоа ја користев таа форма.