www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 5:28 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 20, 2012 9:45 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ајде вака сега да порасправаме малце за ситемите кои ги гористиме при
риболовот со болонез значи (тапа ,олова ,предвези)

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 20, 2012 11:36 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Ај да објаснам јас како ловам на болоњез :)

Користам стап од 5 м, мала орша, конец 0,14 или 0,12, во зависност од тоа каде ловам и што ловам. Ако одам на бојник/попадика, ставам 0,12, ако одам на клен и сл, ставам 0,14, а понекогаш и 0,16 конец.

За олова не сум пребирлив, користам и сачми и долгнавести. Најчесто ги ставам групирано на едно 25-30 см над јадицата, а кога сакам да ми паѓа поспоро мамецот, ставам повеќе мали сачми кои ги распоредувам на 10-тина сантиметри почнувајќи едно 20-25 см над јадицата нагоре.

Јадици. Кога ловам бојник/попадика, не ги слушам советите на постарите и користам мали јадици, 14ки и 12ки. За клен, во зависност од тоа каде ловам, ставам 8ца или 6ка. Понекогаш на одредени локации каде што додека ловам бојник ми удира клен (Дрим на пример), ставам 10-ка папагалка.

Од тапи користам вретенасти, но преферирам тежината на тапата (подебелиот дел) да биде на долниот дел. За помали реки користам 1,5 - 2 грамски тапи, а за поголеми/побрзи реки (Вардар, Дрим) користам 3+ грама.

Предвези користам ретко, само на бистри води (во зима или на бистри реки), и тоа најчесто од флуорокарбон, со помал дијаметар од основниот конец (14ка основен конец - 12ка предвез). Осмици избегавам, освен кога ловам со големи подвижни тапи на голема длабина (големи кленови), тогаш знам да ставам и мала осмичка за да не ми се увртува конецот. Инаку, за поврзување на основниот конец со предвезот користам Surgeon's Knot

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 1:58 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
а еве јас како го правам изборот
трска дали 5м или 6 или 7 зависи каде ке ловам -на која река обично 5 и 6м ми е изборот
-тапа за на река избор топкалеста или солза е сега има и тапи кои се со метален
стабилизатор и мислам дека се едни од подобрите за речен риболов на возење
антените да се добро видливи и нај битно е да тапата ја има точната носивост
која ја пиши на неа
-олова користам од стример и тие ми се покажале некако нај точни во нивните
грамажи а и во мекоста на матерјалот(оловото) ,форма топчеста и ставам минимум 4
ако дното има повеќе камен и ни запнува почесто тогаш ставам повеќе во линија едно до друго
а за брзи токови тогаш ги разделвам на отприлика по 5-10см едно од друго
и уште една работа со оловата -е тоа да кога се групирани нивното растојание до тапата
мора да биде поголемо од дожината на предвезот или од растојанието од оловото до јадицата
-предвез најмала должина отприлика негде 20 см кога дното е рамно и нема многу нерамнини
а обратно(зголемувам) кога дното е многу нерамно
инаку за предвезот користам мали осмици кои при риболов со живи мамци или во многу
брзи токови го избегнуваат усуквањето
инаку користам монофил-жила од 0,08 до 0,12 а некогаш и ловам со основниот конец кога ми е мака да преврзвам или ми студи или кога рибата добро си работи и нема замрсувања

и ајде бе сите ловите по реките давајте да чита народот

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 2:01 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Тапа не ставам,едно-две олова и мушка од стиропорни топченца и се бесат кленови ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 1:18 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Еве и јас да напишам некој ред за системите за риболов на река :D
Не користам некој посебно сложени системи,бидејќи ловам со една јадица.Сум пробал неколку пати со две јадици,но не сум нешто посебно задоволен бидејќи системот многу се мрси :evil:
Во минатото ловев на 14ка конец,како главен или основен,а подвез користев 10ка-Трабуко
[ img ]
За жал повеќе не го произведуваат па користам уште од залихите :lol: :D
За поврзување на основниот конец со предвезот го користам Surgeon's Knot,од олова користам сачми и долгнавести,а најчесто долгнавести, ги ставам директно врз чворот.Подвез ставам кога ловам на бистра вода,на Пчиња обавезно.Добра работа е кога се користи подвез, е што при закачување,тапата секогаш ја спасуваме :D
Сега ловам со 12ка-Шкорпион :D,мана според мене е што се продава во котури од 100м а не од 150м
[ img ]
На Вардар без подвез,директива а на Пчиња користам подвез,должината на подвезот обично е 15-20см :)
Од јадици користам најчесто Гамакатсу и Мустад,за бојник ви ги препорачувам токму овие :D
[ img ]
Најчесто користам бр.14 и 12,за жал во Скопје 12ка нема ни за лек :(
Од тапи,во последно време најмногу користам Фасса,ги купуваме во Велес ;)
За Вардар обично овие модели носат 2гр.олово
[ img ]
За Пчиња а и за Вардар-зависи од местото,најчесто ги користам овие модели
[ img ]
Обично дома ги тестирам-оптеретувам во шише и на терен не губам време ;)
Последната од десно мие коњак за на Пчиња,колку риба имам извадено со неа :D ,се сеќавам еднаш во Бадар ја скинав,а ги правев попара,бев толку нервозен што престанав да ловам-некако не ми одеше :D
Отидов следната недела на истото место,и еден од мајсторите кој ловеа ме препозна ми пријде и ми го врати коњакот,бев најсреќен на свет :D :D
Се разбира добро ја натопивме :lol: :lol:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 1:25 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
za toj konec pisuvav vo temata na fluro carbon...m master..trabuko,,konecno slik od kire...probajte musicarite i blinkerasite za predvez,,posle ke ragovarame,,,,ako go najdete,,,ne treba da bide poskap od 200 den ako negde ima zalihi...

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 1:27 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
За жал го нема,порано го купував во Трофеј ама повеќе наводно не се произведувал.Одличен конец :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 9:21 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ајде зајко пиши да има да читаат лугјево стратегиии

-кире за тапите од ФАСА и јас последно време ммногу ги користам (втората од првата слика)
и многу добро се понашаат за риболов на скобал и попадика а ке сликам и еден
од моделите на ТУБЕРТИНИ -со метален стабилизатор иедни од подобрите за на река
само се малце посолени

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 9:27 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
И мајстор Ицо ги тепа со ФАССА,ама си молчи барем засега ;)
[ img ]

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СИСТЕМИ ЗА РИБОЛОВ НА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 27, 2012 12:35 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Ное 26, 2011 2:40 am
МислењаCOLON514
spiro_jas НапишиCOLON
ајде зајко пиши да има да читаат лугјево стратегиии

-кире за тапите од ФАСА и јас последно време ммногу ги користам (втората од првата слика)
и многу добро се понашаат за риболов на скобал и попадика а ке сликам и еден
од моделите на ТУБЕРТИНИ -со метален стабилизатор иедни од подобрите за на река
само се малце посолени
Gi ima[e vo SK tie so met.stabilizator...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum