www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Jун 09, 2024 11:48 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Одбери ја вистинска мушичка
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 20, 2012 4:23 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 10:22 pm
МислењаCOLON144
[ img ]

Одбери ја вистинска мушичка

Да се одбере вистинска мушичка, денес кога изборот е огромен, е прав предизвик. Прашањето кое го поставува секој почетник е: што е тоа што ја прави оваа мушичка подобра од другата?
Пред да се почне со риболов со одреден вид на мушичка, потребно е да се размислува за следните фактори:

• Годишно време
• Состојба на водата (матна, бистра)
• Вид на риба која ќе се лови
• На која река или езеро ќе се лови (разни води, разни инсекти, разни услови)
• Твојата локација на водата (брегови со трева, длабоки брзи базени, плитки мирни површини)
• Период од денот (утро, пладне, приквечер)

Секогаш треба да се набљудува кои инсекти се ројат во текот на денот додека мушичариме. Пастрмката го приспособува своето хранење според дневното роењето на инсектите. Со набљудувањето може да се утврди дали рибата зема од површина или се храни со нимфи.

Во зимскиот период не треба да се лови со големи имитации, бидејќи тогаш нема роење на такви инсекти. Преку зима, водните инсекти се мали, па спрема тоа се користат мали имитации како што се: Blue Wing Olives, Midges, и мали Stoneflies.

[ img ][ img ]

Во пролет масјките мушички се ројат прогресивно, така да во овој период од годината се користат имитациите: Hendrickson, March Brown и Quill Gordon.
Како што доаѓа средината на пролетта инсектите се поголеми и со појаки бои. Имитациите кои одговараат на овој период се: Green Drakes, Light Cahills, Sulphurs, Olive Elk Hair Caddis и др.

[ img ][ img ]

За време на летниот период рибата е заинтересирана за земјените инсекти (Бумбари, Оси, Мравки и др.). Ваквата заинтересираност би требало да потрае преку цело лето. Исто така во овој период не треба да се заборави и употреба на поголеми имитации на Stonefly Nyмphs.

[ img ]

Како што се приближува Октомври, така треба да се вратиме на употреба на помалите имитации.

Изгледот и условите на водата исто така играат голема улога во избирањето на имитации. Доклоку водата е матна, пробајте со поголема и пошарена нимфа. Тука би одговарала- Prince nymph, Black Wooly Bugger. Треба да се внимава дека рибата има добар вид дури и во вакви услови на водата.

Кристално чистите води се сосема друг предизвик, каде рибите ги гледаат сите детали од имитацијата. Во овој случај пожелно е да се употребуваат пореалистични мушички. Мала имитација, деликатно презентирана, е клучот за успех во вакви услови.

[ img ]

Текстот е преведен од англиски од http://www.bluequillangler.com/Knowledge/Entomology_2
Видео изработка на имитациите што се наведени во текстот можат да се најдат на интернет

_________________
>>Ајде клене куде мене<<


Последна промена од 3 на nemagreska, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Одбери ја вистинска мушичка
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 20, 2012 8:45 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
dobarn tekst.vaka so kirilica mozat da go stavat na "naslovna"

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Одбери ја вистинска мушичка
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 20, 2012 8:47 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 10:22 pm
МислењаCOLON144
ilija НапишиCOLON
dobarn tekst.vaka so kirilica mozat da go stavat na "naslovna"
А како иде таа процедура, треба да му кажам на некој или?

_________________
>>Ајде клене куде мене<<


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Одбери ја вистинска мушичка
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 21, 2012 8:43 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Уживај, во процедура е ;)

Сите текстови од ваков тип обавезно одат на главна страна (www.ribar.com.mk)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Одбери ја вистинска мушичка
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 2:54 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Вчера бев до Треска, еве ја најактуелната мушичка во моментов што ја има на реката (маслинеста еднодневка). Инаку, немаше никаква активност, ниту на површина ниту под. Се извинувам за квалитетот, со мобилен сликав...

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Одбери ја вистинска мушичка
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 3:23 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 10:22 pm
МислењаCOLON144
Филип НапишиCOLON
Вчера бев до Треска, еве ја најактуелната мушичка во моментов што ја има на реката (маслинеста еднодневка). Инаку, немаше никаква активност, ниту на површина ниту под. Се извинувам за квалитетот, со мобилен сликав...

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
bravo za tebe, balze si ti :D :D :D :D

_________________
>>Ајде клене куде мене<<


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum