Здраво Јордан, ај да ти помогнам малку јас...
Блазер машинката е добра, ама многу брзо ќе ти се зезне федерчето на кочницата, слаба точка е.
Балзер диаболо што го рекламира Натурале е добро, ама во моментов има и подобро кај нас. Оди кај Пепи во Дам, земи го четвороделниот Дам Форестер и ич не му се мисли. околу 50-60 евриња е, ама одличен е. Таму има и Дам Девил-бла-бла, поефтин, ама не е тоа тоа. Со Линеаеффе не се заебавај ич. Исто и со Простар (двете се од Трофеј). Шекспир веќе немаат. Друго нема ни да најдеш во Ск.
Макара ако ти треба, за Балзерот ти кажав, убава е, лесна, интересна, само брзо ќе се зезне федерчето, ќе го извадиш сосе лагерчето и пак ќе си работи супер, само нема да ти клика кога ќе ја стегаш кочницата, ништо страшно
Во Дам кај Пепи имаш добар форестер, исто метална, или некој композит, ама здрава, има и помала и поголема, помалата е шеќер, ама и соленка е
2600-2700 негде беше, нема потреба толку да фрлаш за макара, сепак не вадиме тука лососи
Шнур што го имаш е одличен, мада доволен ти е 5-ка за кај нас, мислам дека немаш потреба од 6-ка, сигурно ти е WF пошо само такви носат во Дам, јас користам таков 2 сезони и е одличен, како нов е сеуште, земав во меѓувреме и Корморанов ДТ, ама не ми прави мерак како Дамот WF
Па да се видиме на вода